Со каков факултет би имале најдобар просперитет во Македонија?

Член од
23 септември 2010
Мислења
645
Поени од реакции
385
Ко што разбав сите учат факултет само за да најдат добра работа да имаат пари, никој не учи за свое знаење!
 
Член од
19 октомври 2011
Мислења
296
Поени од реакции
252

Па ја не би рекол дека е така, бар за мене! Учам пред све за знаење затоа што со знаењето ќе правам пари, дипломата ќе е само поткрепа и потврда дека го имам тоа знаење. Факултетот те тера да учиш некои работи кои никогаш вака во слободно време нема да седнеш да ги учиш. Ајде кажи ми кој ќе седне да решава математика за џабе освен ако не полага испит? :) Или кој ќе си го тупи мозокот со тотално непотребни работи (реално), освен ако не му ги треба за испит и диплома? Има многу глупи и непотребни предмети, ама мораш да ги положиш за диплома. Како и да е, не потценувај знаење по никој предмет, баш тоа што си мислел дека никогаш нема да ти затреба во живот, може да ти се најде кога најмалку се надеваш. :) А и на крај краева кој дипломирал без знаење или ја купил дипломата или е глуп трето нема хаха. Ја никогаш не би купил диплома, затоа што со знаење се прават пари, а не со диплома, ама знаење + диплома е перфектна и добитна комбинација. Нормално, зборам за нормални земји, а не како кај нас секакви неписмени да сретнеш на високи позиции.
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Нечие мислење колку е просперитетен БАС - бизнис академија на Смилевски? Под просперитетен факултет не мислам на факултет со чие завршување веднаш ќе ме чека работно место со супер плата.
Конкретно и ова ти е некој вид на економски факултет, а економистите ги има многу, па не би да бидам дел од нив. Исто се соочив со мислење на еден професор "Сите што планирате да се запишувате на економски или бизнис ќе погрешите, таквите студенти ги има многу, а тие што планирате да си продолжите по струката (на факултет во градот во кој живееме) ја правите вистинската работа".Не знам дали филмот му беше да успее да не задржи овде или сепак сеедно му е што ќе одлучиме.
Од друга страна професорка по бизнис ни вели "Запишете се на бизнис, тоа е најдобриот избор за вас, дури и да неможете да се вработите секогаш ќе можете сопствен бизнис да создатете"

Се збунив :eek:
 
H

HoT IcE

Гостин
Електро, Биохемиски, Медицина.
Но не само да ги завршиш, туку да имаш знаење.
 
БАС

Професионален менаџмент
Член од
19 мај 2011
Мислења
34
Поени од реакции
15
Нечие мислење колку е просперитетен БАС - бизнис академија на Смилевски? Под просперитетен факултет не мислам на факултет со чие завршување веднаш ќе ме чека работно место со супер плата.
Конкретно и ова ти е некој вид на економски факултет, а економистите ги има многу, па не би да бидам дел од нив. Исто се соочив со мислење на еден професор "Сите што планирате да се запишувате на економски или бизнис ќе погрешите, таквите студенти ги има многу, а тие што планирате да си продолжите по струката (на факултет во градот во кој живееме) ја правите вистинската работа".Не знам дали филмот му беше да успее да не задржи овде или сепак сеедно му е што ќе одлучиме.
Од друга страна професорка по бизнис ни вели "Запишете се на бизнис, тоа е најдобриот избор за вас, дури и да неможете да се вработите секогаш ќе можете сопствен бизнис да создатете"

Се збунив :eek:
За тоа колку е просперитетен БАС, распрашај се наоколу, пошто муабетот од тука ќе дојде како реклама.

Она што секако треба да го направиш за себе е да ги разгледаш сите варијанти кои лично тебе ти одговараат - на темперамент, на тип на личност и на лични предиспозиции. Без оглед колку е некој факултет добар или просперитетен, џабе ако не ти е по кејф или ако немаш капацитет да го студираш.

Во земјава веќе има доволно психолози и кариерни советници. Закажи разговор, пополни тестови и прашалници, зборувај со кариерниот советник во школо или најди некој надвор од.

Никако немој да слушаш некого кој не те познава или кој „пука“ на купче, како првоспоменатиот професор, на пример. Едноставно е НЕВОЗМОЖНО тоа да е добар совет за сите во твојот клас, нели.

Ако немаш каде да направиш професионална ориентација, прашај го наставникот по Бизнис или психологот за кога се планирани бесплатните тестирања МОКУ кај тебе во школо. Ова ти е солидна појдовна точка за размислување околу изборот на идната професија - не околу изборот на факултет.
 
С

сашенко

Гостин
Нечие мислење колку е просперитетен БАС - бизнис академија на Смилевски? Под просперитетен факултет не мислам на факултет со чие завршување веднаш ќе ме чека работно место со супер плата.
Конкретно и ова ти е некој вид на економски факултет, а економистите ги има многу, па не би да бидам дел од нив. Исто се соочив со мислење на еден професор "Сите што планирате да се запишувате на економски или бизнис ќе погрешите, таквите студенти ги има многу, а тие што планирате да си продолжите по струката (на факултет во градот во кој живееме) ја правите вистинската работа".Не знам дали филмот му беше да успее да не задржи овде или сепак сеедно му е што ќе одлучиме.
Од друга страна професорка по бизнис ни вели "Запишете се на бизнис, тоа е најдобриот избор за вас, дури и да неможете да се вработите секогаш ќе можете сопствен бизнис да создатете"

Се збунив :eek:
И тука си пишала, епа вака.Јас студирам на Бас и можам да ти кажам дека е добар избор ако веќе се мислиш да студираш менаџмент, економија, бизнис и такви ствари.Тоа професорот што ти тропал батали, убаво ти пиша мојот факултет погоре :pos: неможе за цел клас да важи тоа.Вие сте различни луѓе и секој има различни интереси и е добар во различни нешта.Ако сакаш да успееш тогаш работи нешто што го сакаш и го можеш.Без разлика кои професии се простеритетни денес, твојот успех ке зависи од тоа колку добро ти си ја работиш твојата работа, а штом има факултети има и работа.Да кажеш дека денес за менаџери нема работа треба да си или идиот или да си пробал па не си успеал па ти е криво и сега лажеш други деца.Го разбирам јас до некаде тој твој професор и те молам пренеси му дел од маубетов, просветли го.За Бас ке ти кажам дека се професионалци и дека си ја работат својата работа одлично.Како студент сум презадоволен од она што го добивам.Ако веќе сакаш да студираш менаџмент, овде ке добиеш се што ти треба за да станеш добар менаџер.По мојата логика, и по некоја логика на нештата неможеш да научиш да бидеш доктор од некој што не е доктор или пак е доктор ама ужасно лош доктор.Исто така ти неможеш да станеш добар менаџер ако тој што те учи врска нема од менаџмент или самиот тој е лош менаџер.Сите знаат да ти дадат книга и да ти речат ајде научи го ова ти, јас ке ти дадам тестче да полагаш и честито диплома на крај.Имам другар што учи економски, (вика менаџер бил и тој :pos:) и на нив така им е на факултет.Ке дојде некој професор, ке се направи паметен и ке каже се што он мисли дека треба да се спомне од книгата и ке закаже колоквиум.Ако така се учело економија и менаџмент и ако се такви сите тие економисти и менаџери во земјава кои ги имаме превише, тогаш срце, немој да се плашиш од таква конкуренција за работа.Пола од нив најверојатно мкнат кофи цемент или келнерисуваат по кафичиве низ Скопје.До скоро а верувам и уште некаде го има ова, сите одлични ученици и паметни дечиња на мама и тато се запишуваа на медицина или на економски.Зошто? Fuck me if i know.А мислам дека тоа дава соодветен одговор на прашањето зошто ние имаме одвишок економисти и менаџери а сме крш со економија во земјава а од "добри менаџери" нема место више на hall of shame листата (шо би рекол еден колега мој)...АКО веќе сакаш да студираш менаџмент и си сигурна дека тоа го сакаш, оди на место каде што има добри менаџери, каде што можеш да научиш нешто од нив.Јас стварно несваќам како некој професор на УКИМ што врска нема од менаџмент и ништо од тоа што го предава не применува во животот може мене да ме научи јас да го правам тоа.На БАС самите луѓе кои го предаваат тоа се пример, а и самата академија со својата работа и организација е пример за тоа како една модерна фирма треба да изгледа.Внатрешна организација, имиџ и маркетинг, претприемачки дух, работна атмосфера и ...(останатото дојди сама види го)...А и многу е битно што на БАС нема премногу студенти и нема класични предавања туку работилници и е многу полесно да научиш така.Работиш, пробуваш, имаш колеги кои се навистина заинтересирани за знаење и се ствара натреварувачка и самомотивирачка атмосфера.

Бонус за крај:
Еден другар еднаш кажа една многу голема глупост во врска со приватните факулети и мислам дека вреди да се спомна тука пошто излезе дека доста се збунети околу ова прашање.Идиотштината се состои во тоа што дечково смета дека кога веќе давал толку пари за факултет (повеќе од државните) требало факултетот да му најде работа на него:tapp:...
Мојот искрен одговор гласеше вака.Погледни десно и види колку невработени економисти има во земјава.После сврти се лево и види колку ни е крш економијава во земајва и кажи ми дали и тие што успеале да се вработат во земјава со таа струка се добри во тоа што го прават и дали вредел нивниот факултет за нив? Дали добиле знаење соодветно? После погледни накај себе (огледло би помогнало тука) и кажи ми мислиш ли ти стварно искрено мислиш дека ако станеш менаџер тебе некој треба да ти наоѓа работа т.е да ти поклонат работа пошто си учел кај нив или ти со тоа свое знаење треба да наоѓаш работа за други? Како што јас знам (а незнам дали точно знам) иам преку 17 000 универзитети по светов, (незнам колку се со се академии и други приватни образовни институции) ако ти ми најдеш мене само 1000 од нив кои гарантираат работа за секој свој студенти, тогаш бате ти дојди на БАС а ако они не ти најдат работа тогаш јас лично ке ти ја најдам.Ама со листата да ми се појавиш прво.AND GUESS WHAT...никогаш не ја донесе таа листа, нема ни да ја донесе.А уште студира на економски и ми се плаче секој ден колку глупави работи морал да учи.И за крај ова не е реклама, и јас плаќам и јас студирам како и секој студент у земјава и овае моето искрено мислење.Ке кажам пак, дојди на собиранка или на БАС и разјасни си се што не ти е јасно.Со среќа во изборот:)
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Леле фала за исцрпниот одговор. Ме убеди. Се мислев помеѓу два факултета и бев 50-50, а сега сум 80% решена дека ќе одам на Бас :giggle:
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Ја никогаш не би купил диплома, затоа што со знаење се прават пари, а не со диплома, ама знаење + диплома е перфектна и добитна комбинација.
Знаење + диплома е победничка комбинација. Штета што не идат заедно на нашиве факултети.
 
Член од
14 јануари 2012
Мислења
11
Поени од реакции
4
Еден меѓу перспективните е и КРИТИКУВАНИОТ Правен Факултет. Велат, со 3год. си диломирано правниче и не си ништо, а па со 4год. на пр на- филолошки, филозофски, педагошки, ЕКОНОМСКИ, исто си со високо образование, не си ништо повеѓе од дипломиран правник. Тие што зборат против ПРАВЕН дефинитивно се тие кои се запишале таму па немаат капацитет да го завршат правен. Дури м-р за побрзо време ќе биднеш на правен отколку на економски.. Земам пример, економксти не лутете се, било кој факс со 4 год да го земеме за пр. АМА еден мал бизнис неможе без правен застапник/правен советник. Ниту една КОРПОРАЦЈА (голем бизнис) НЕМОЖЕ БЕЗ ПРАВНА СЛУЖБА, И ЕКОНОМСКА СЛУЖБА СЕКАКО.. А ФИРМИ се отвараат СЕКОЈ ДЕН!
 
Ја немам ништо против правниот факултет, ама сметам дека правен и економски се too mainstream. :D Ама и тоа што викаш, ретко кој фирма денеска може без правен и економски субјект, така што барани се овие кадри. Од друга страна застанувам во одбрана на мојот факултет. Сметам дека и за информатичарите (+електроинжинерите) не е лоша иднината, затоа што секоја компанија што сака да напредува мора да ја следи технологијата, пожелно е да има своја веб страна, електронско наплатување на своите услуги и све тоа. Значи, тука стапувам јас на цена и си наоѓам работно место. :LOL: Нека има работа за сите што учиме и даваме све од себе, да си го проживееме животот убаво затоа што и онака не трае вечно, па бар времето поминато тука да ни биде убаво. :pos:
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
И тука си пишала, епа вака.Јас студирам на Бас и можам да ти кажам дека е добар избор ако веќе се мислиш да студираш менаџмент, економија, бизнис и такви ствари.Тоа професорот што ти тропал батали, убаво ти пиша мојот факултет погоре :pos: неможе за цел клас да важи тоа.Вие сте различни луѓе и секој има различни интереси и е добар во различни нешта.Ако сакаш да успееш тогаш работи нешто што го сакаш и го можеш.Без разлика кои професии се простеритетни денес, твојот успех ке зависи од тоа колку добро ти си ја работиш твојата работа, а штом има факултети има и работа.Да кажеш дека денес за менаџери нема работа треба да си или идиот или да си пробал па не си успеал па ти е криво и сега лажеш други деца.Го разбирам јас до некаде тој твој професор и те молам пренеси му дел од маубетов, просветли го.За Бас ке ти кажам дека се професионалци и дека си ја работат својата работа одлично.Како студент сум презадоволен од она што го добивам.Ако веќе сакаш да студираш менаџмент, овде ке добиеш се што ти треба за да станеш добар менаџер.По мојата логика, и по некоја логика на нештата неможеш да научиш да бидеш доктор од некој што не е доктор или пак е доктор ама ужасно лош доктор.Исто така ти неможеш да станеш добар менаџер ако тој што те учи врска нема од менаџмент или самиот тој е лош менаџер.Сите знаат да ти дадат книга и да ти речат ајде научи го ова ти, јас ке ти дадам тестче да полагаш и честито диплома на крај.Имам другар што учи економски, (вика менаџер бил и тој :pos:) и на нив така им е на факултет.Ке дојде некој професор, ке се направи паметен и ке каже се што он мисли дека треба да се спомне од книгата и ке закаже колоквиум.Ако така се учело економија и менаџмент и ако се такви сите тие економисти и менаџери во земјава кои ги имаме превише, тогаш срце, немој да се плашиш од таква конкуренција за работа.Пола од нив најверојатно мкнат кофи цемент или келнерисуваат по кафичиве низ Скопје.До скоро а верувам и уште некаде го има ова, сите одлични ученици и паметни дечиња на мама и тато се запишуваа на медицина или на економски.Зошто? Fuck me if i know.А мислам дека тоа дава соодветен одговор на прашањето зошто ние имаме одвишок економисти и менаџери а сме крш со економија во земјава а од "добри менаџери" нема место више на hall of shame листата (шо би рекол еден колега мој)...АКО веќе сакаш да студираш менаџмент и си сигурна дека тоа го сакаш, оди на место каде што има добри менаџери, каде што можеш да научиш нешто од нив.Јас стварно несваќам како некој професор на УКИМ што врска нема од менаџмент и ништо од тоа што го предава не применува во животот може мене да ме научи јас да го правам тоа.На БАС самите луѓе кои го предаваат тоа се пример, а и самата академија со својата работа и организација е пример за тоа како една модерна фирма треба да изгледа.Внатрешна организација, имиџ и маркетинг, претприемачки дух, работна атмосфера и ...(останатото дојди сама види го)...А и многу е битно што на БАС нема премногу студенти и нема класични предавања туку работилници и е многу полесно да научиш така.Работиш, пробуваш, имаш колеги кои се навистина заинтересирани за знаење и се ствара натреварувачка и самомотивирачка атмосфера.

Бонус за крај:
Еден другар еднаш кажа една многу голема глупост во врска со приватните факулети и мислам дека вреди да се спомна тука пошто излезе дека доста се збунети околу ова прашање.Идиотштината се состои во тоа што дечково смета дека кога веќе давал толку пари за факултет (повеќе од државните) требало факултетот да му најде работа на него:tapp:...
Мојот искрен одговор гласеше вака.Погледни десно и види колку невработени економисти има во земјава.После сврти се лево и види колку ни е крш економијава во земајва и кажи ми дали и тие што успеале да се вработат во земјава со таа струка се добри во тоа што го прават и дали вредел нивниот факултет за нив? Дали добиле знаење соодветно? После погледни накај себе (огледло би помогнало тука) и кажи ми мислиш ли ти стварно искрено мислиш дека ако станеш менаџер тебе некој треба да ти наоѓа работа т.е да ти поклонат работа пошто си учел кај нив или ти со тоа свое знаење треба да наоѓаш работа за други? Како што јас знам (а незнам дали точно знам) иам преку 17 000 универзитети по светов, (незнам колку се со се академии и други приватни образовни институции) ако ти ми најдеш мене само 1000 од нив кои гарантираат работа за секој свој студенти, тогаш бате ти дојди на БАС а ако они не ти најдат работа тогаш јас лично ке ти ја најдам.Ама со листата да ми се појавиш прво.AND GUESS WHAT...никогаш не ја донесе таа листа, нема ни да ја донесе.А уште студира на економски и ми се плаче секој ден колку глупави работи морал да учи.И за крај ова не е реклама, и јас плаќам и јас студирам како и секој студент у земјава и овае моето искрено мислење.Ке кажам пак, дојди на собиранка или на БАС и разјасни си се што не ти е јасно.Со среќа во изборот:)
Извини вака што ти се убацувам ко џокер у покер, ама стварно ме интересира што можеш да менаџираш кога ке завршиш ?
Менаџер моше звучи јако, али дај објасни што е тоа уствари ?? Нешто како football manager 2012 ?
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
62
Поени од реакции
40
Prasuvam za mislenje, iskustvo...koi pobrzo naogjaat rabota ekonomistite ili jazicarite?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom