И тука си пишала, епа вака.Јас студирам на Бас и можам да ти кажам дека е добар избор ако веќе се мислиш да студираш менаџмент, економија, бизнис и такви ствари.Тоа професорот што ти тропал батали, убаво ти пиша мојот факултет погоре
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
неможе за цел клас да важи тоа.Вие сте различни луѓе и секој има различни интереси и е добар во различни нешта.Ако сакаш да успееш тогаш работи нешто што го сакаш и го можеш.Без разлика кои професии се простеритетни денес, твојот успех ке зависи од тоа колку добро ти си ја работиш твојата работа, а штом има факултети има и работа.Да кажеш дека денес за менаџери нема работа треба да си или идиот или да си пробал па не си успеал па ти е криво и сега лажеш други деца.Го разбирам јас до некаде тој твој професор и те молам пренеси му дел од маубетов, просветли го.За Бас ке ти кажам дека се професионалци и дека си ја работат својата работа одлично.Како студент сум презадоволен од она што го добивам.Ако веќе сакаш да студираш менаџмент, овде ке добиеш се што ти треба за да станеш добар менаџер.По мојата логика, и по некоја логика на нештата неможеш да научиш да бидеш доктор од некој што не е доктор или пак е доктор ама ужасно лош доктор.Исто така ти неможеш да станеш добар менаџер ако тој што те учи врска нема од менаџмент или самиот тој е лош менаџер.Сите знаат да ти дадат книга и да ти речат ајде научи го ова ти, јас ке ти дадам тестче да полагаш и честито диплома на крај.Имам другар што учи економски, (вика менаџер бил и тој
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
) и на нив така им е на факултет.Ке дојде некој професор, ке се направи паметен и ке каже се што он мисли дека треба да се спомне од книгата и ке закаже колоквиум.Ако така се учело економија и менаџмент и ако се такви сите тие економисти и менаџери во земјава кои ги имаме превише, тогаш срце, немој да се плашиш од таква конкуренција за работа.Пола од нив најверојатно мкнат кофи цемент или келнерисуваат по кафичиве низ Скопје.До скоро а верувам и уште некаде го има ова, сите одлични ученици и паметни дечиња на мама и тато се запишуваа на медицина или на економски.Зошто? Fuck me if i know.А мислам дека тоа дава соодветен одговор на прашањето зошто ние имаме одвишок економисти и менаџери а сме крш со економија во земјава а од "добри менаџери" нема место више на hall of shame листата (шо би рекол еден колега мој)...АКО веќе сакаш да студираш менаџмент и си сигурна дека тоа го сакаш, оди на место каде што има добри менаџери, каде што можеш да научиш нешто од нив.Јас стварно несваќам како некој професор на УКИМ што врска нема од менаџмент и ништо од тоа што го предава не применува во животот може мене да ме научи јас да го правам тоа.На БАС самите луѓе кои го предаваат тоа се пример, а и самата академија со својата работа и организација е пример за тоа како една модерна фирма треба да изгледа.Внатрешна организација, имиџ и маркетинг, претприемачки дух, работна атмосфера и ...(останатото дојди сама види го)...А и многу е битно што на БАС нема премногу студенти и нема класични предавања туку работилници и е многу полесно да научиш така.Работиш, пробуваш, имаш колеги кои се навистина заинтересирани за знаење и се ствара натреварувачка и самомотивирачка атмосфера.
Бонус за крај:
Еден другар еднаш кажа една многу голема глупост во врска со приватните факулети и мислам дека вреди да се спомна тука пошто излезе дека доста се збунети околу ова прашање.Идиотштината се состои во тоа што дечково смета дека кога веќе давал толку пари за факултет (повеќе од државните) требало факултетот да му најде работа на него
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
...
Мојот искрен одговор гласеше вака.Погледни десно и види колку невработени економисти има во земјава.После сврти се лево и види колку ни е крш економијава во земајва и кажи ми дали и тие што успеале да се вработат во земјава со таа струка се добри во тоа што го прават и дали вредел нивниот факултет за нив? Дали добиле знаење соодветно? После погледни накај себе (огледло би помогнало тука) и кажи ми мислиш ли ти стварно искрено мислиш дека ако станеш менаџер тебе некој треба да ти наоѓа работа т.е да ти
поклонат работа пошто си учел кај нив или ти со тоа свое знаење треба да наоѓаш работа за други? Како што јас знам (а незнам дали точно знам) иам преку 17 000 универзитети по светов, (незнам колку се со се академии и други приватни образовни институции) ако ти ми најдеш мене само 1000 од нив кои гарантираат работа за секој свој студенти, тогаш бате ти дојди на БАС а ако они не ти најдат работа тогаш јас лично ке ти ја најдам.Ама со листата да ми се појавиш прво.AND GUESS WHAT...никогаш не ја донесе таа листа, нема ни да ја донесе.А уште студира на економски и ми се плаче секој ден колку глупави работи морал да учи.И за крај ова не е реклама, и јас плаќам и јас студирам како и секој студент у земјава и овае моето искрено мислење.Ке кажам пак, дојди на собиранка или на БАС и разјасни си се што не ти е јасно.Со среќа во изборот