Темава одамна не е активна ама многу сакам да си го искажам револтот
Не знам од каде да почнам искрено, дали од ненормални возачи, пешаци што претрчуваат на булевар или велосипедисти што возат на сред улица. Страшно и трагично е колку не се почитува ниту едно сообраќајно правило, почнувам да мислам дека на никој не му е мил животот чим така се изложуваат во сообраќај.
Прво, ужасно ме нервира што нашиов народ воопшто нема трепение особено за автошколите. Сите вие што свирите, сечете пат, се лепите, пцуете, урлате врз автошколи, да ви објаснам дека тој/таа што е зад воланот во автошколата
Е ПОЧЕТНИК И ПРВПАТ СЕДНУВА ЗАД ВОЛАН! Не можете да очекувате дека ќе вози перфектно, особено не ако му/и е 1, 2, 3 час градска.
Навистина како народ треба да имаме повеќе трпение и емпатија кон новите возачи. Не бива на некого да му ја скршиме желбта или самодовербата за возење само затоа што нас ни се брза некаде!
Понатаму, ако ти се брза за некаде (а не е итен случај), твој проблем, излези порано од дома. Сигурна сум дека сите сме добро запознаени со гужвите во сообрјаќајот (особено во Скопје), па затоа излегувајте си со време од дома. Подобро да задоцниш некаде отколку да се убиеш себеси или некој друг. Друга работа, без разлика дали се работи за автошкола или возач почетник или пак искусен возач, на секого може да му се случи да напрви грешка. Затоа драги сограѓани, треба да се држи растојание од кола до кола. Држи растојание за во случај тој пред тебе да закочи нагло, или ако стоиш на угорнина не се лепи на тој пред тебе во случај да му се врати колата и да се направи штета. Никој не гарантира 100% безбедност во сообраќајот, ама ако се почитуваат правилата дури и да се случи сообраќајка таа нема да биде фатална.
Следно,
ако некој поставил правило дека на тој пат максимална дозволена брзина е 60, тогаш вози 60! Тоа правило не е за џабе ставено и ти нема да бидеш мангуп ако возиш 90 и усмртиш некој. Во изминативе години често бевме сведоци на прегазени пешаци на пешачки бидејќи возачот возел со брзина над дозволената и немал време да закочи (+ што возат без возачки и во алкохолизирана состојба).
Исто така, смешни сте кога за лева лента на булевар викате дека е брза. Сериозно? Не е булеварот автопат, булеварот е во населено место, со обележани пешачки премини и тек тук велосипедски патеки. За каква брза лента зборувате стварно не знам. Си измислувате правила како ќе ви текне. И аман досадни сте кога свирите на коли што на булеварите возат колку што е дозволено!
Одиме понатаму, троторарите се за пешаци, а не за вашите коли. Нели ви е глупаво да видите мајка со количка или дечиња што се враќаат од училиште како се спуштаат на улица и се изложуваат на ризик бидејќи вашата кола стои на тротоар? Што се должни луѓе со помагала (штаки, бастун или инвалидска количка) да се спушаат на улица поради вас? Во иднина тоа може да бидете вие или ваш близок, размилсете малце. Исто така, улиците не се место за паркинг. Не може да си застанеш на сред улица и да одиш на пиеш кафе или да пазариш. Во мојата населба двосмерни улици се претворија во едносмерни, а едносмерните се едвај проодни бидејќи има паркирано коли од сите страни. Излезот од паркинг на едносмерна улица е речиси невозможен бидејќи не може човек да заврти на раат. Ако веќе паркирате на улица барем залепете ја до троторарот, а не колата да зафаќа 80% од лентата.
Драги пешаци, бидете културни и одете до најблискиот пешачки за да преминете улица. Ако на пешачкиот има семафор, не претрчувајте на црвено дури и да нема коли. Досадни сте веќе со претрчување на сред булевар бидејќи ве мрзи да одите 50 метри до семафор. Исто така, ако има кола на тротоар, пред да се спуштите на улица за да ја заобиколите погледнете преку рамо дали ви доаѓа друга кола или не. Улицата не е за вас резервирана, бидете внимателни.
Кај средношколциве не знам дали е некој тренд или не, ама кај ПТТ и хемиско често претрчуваат на црвено. Воспитајте си ги децата ве молам.
И за крај велосипедистите, особено постарата генерација што си свирка и си вози на сред улица. Јасно ми е дека и вие треба некаде да возите и дека велосипедски патеки има само низ центар, а во населбите не. АМА тоа не ви дава за право да возите буквлано на средина и да пречите на сите останати учесници во сообраќајот + гестикулирајте со рацете ако вртите или застанувате!
Навистина не е толку тешко да се почитуваат правилата, улиците не се ваши па да дивеете по нив. Каде ви се осетот за одговорност, емпатијата, разумноста? Каде ви е совеста кога се ставате себеси и другите во ризик? Опрајте се.