Сообраќајна (не)култура

Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
... почитување на сообраќајните знаци и правила во сообраќајот не значи „култура“, тоа значи знаење кое се добива со учење и со почитување на тоа што е научено !

okta-donirashe-soobrakjajni-poligoni-za-edukacija-na-ucenicite-od-ushte-dve-ucilishta-01.jpg policija-324x160.jpg
...непознавање на сообраќајните правила и прописи, земање на возачка дозвола без теоретско учење како и неприменување настава по училиштата за рана едукација за сообраќајните прописи резултира ваков хаос низ сообраќајот како од самите возачи, така и од пешаците со еден збор од сите учесници во сообраќајот!

и кога ќе се додаде како шлаг нередовно присуство на тие што треба да го средат и да не го дозволат тој хаос т.е. сообраќајната полиција, која и да е присутна е селективна и неправедлива кон различни учесници во самиот сообраќај не е чудна денешнава стресна ситуација да се биде пешак или возач, наместо да се ужива и во пешачењето и во возењето!
така да би рекла тоа не е сообраќајна култура или некултура, туку САМО сообраќајно непознавање на самите учесниците кои се однесуваат несоодветно!
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Пола пешачки, не се ни вертикално обележени, хоризонтално едвај 2-3 црти од по 10 цм се гледаат, уште некој треба да се џари по улица дал е пешачки дал не е. Типичен пример, кај АМСМ кај Идадија. Едниот некако се познава, другиот треба да застанеш да видиш дека имало пешачки. Добар дел посебно навечер не се ни познаваат дека се зебри, ако не ги знаеш напамет. Поентата не е да ги знаеш напамет.
11142044713101565101793095664956510852220977152n.jpg

Ние молевме колевме општина Ѓорче 3 месеци да ни стави обични сијалици на бандера, да не се утепаме барем пешки.

Да збориме за неускладени тајминзи на семафори, отсуство на зелен бран, пешаци учесници во сообраќај кои говорат на мобајл додека минуваат пешачки, тротинети кои ќе те турнат само да не застанат...итн, итн?
Не дека не знаеме како треба, него не го почитуваме, тоа е отсуство на култура. Прееска гледам девојка влегува во кола, ја пали, става моблен на уво и тргнува. Знае дека е забрането ама.. Сељачизам и некултура, тоа е.
 

TrendS

Work Smart, Not Hard
Член од
14 декември 2018
Мислења
4.419
Поени од реакции
30.015
пешаци учесници во сообраќај кои говорат на мобајл додека минуваат пешачки
Еве еден пример, вчера возам по Јане Сандански према Веро Аеродром. Немаше гужва, да не речам празна беше улицата. Имам зелено светло за лево, давам жмигавец се престројувам во трака за лево и среќа возев со околу 30 кога на пешачкиот ми излетува дете со слушалици на уши и телефончето во раце (нити гледа дека му е црвено, нити слуша нешто околу него). Пуна кочница, искачам и му викам абе недај боже ќе те згазам, на душа цел живот ќе те носам. Лефтерно ми одговара "ама не ме згази", ми идеше да го зашлапам ама се исконтролирав и се вратив во кола. Страшно...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Гледаш никад не сум прашала..има ли воопшто случаеви на некого да е земена возачката и да треба повторно да полага? (ако имаш не знам колку казнени поени...)
Во Германија нема преполагање (колку што знам, нека ме поправи поинформиран)
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.607
Поени од реакции
37.557
...возач почетник е секој возач на моторно возило во период од 2 год по добивање возачка дозвола, независно дали дозволата ја добил во Р.Македонија или во странство!
...возач почетник не смее да управува возило од 23:00 - 05:00ч, освен ако на предното седиште, се наоѓа лице-возач од соодветната категорија и е постар од 25 години, а на кое не му е изрекувана прекршочна санкција-забрана за управување со моторно возило!
...не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат,100 km/h на автопат, а со мопед 40 km/h и да врши организиран превоз на деца!

сево ова наведено треба да се почитува само ако се научи, а да се санкционира ако има кој... ама не се сеќавам да некој е казнет токму поради овие правила или пак некои што положил (ретко некој) го знае иако можеби ја има културата!
 
Член од
15 февруари 2019
Мислења
1.016
Поени од реакции
4.031
Да збориме за неускладени тајминзи на семафори, отсуство на зелен бран.
Е ова, на Теодосиј Гологанов е убедливо најизразено дури си мислам дека некој намерно го напраил за да иде на живци кај луѓето, не само што нема зелен бран туку семафорите се скроз контра, црвен-зелен-црвен, па од Козле до рекорд се стига за малтене 25 минути пошто 15 ги проаѓаш на семафори.

А си мислам што да се очекува кога типови ко циганот муртињо и сега мицко мрсниот конкурираат за највисоката положба во државава...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.795
Поени од реакции
12.280
Е ова, на Теодосиј Гологанов е убедливо најизразено
да, како пример ми се врткаше Теодосиј по која често возам, само не ја именував :)
 
Последно уредено:

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Е ова, на Теодосиј Гологанов е убедливо најизразено дури си мислам дека некој намерно го напраил за да иде на живци кај луѓето, не само што нема зелен бран туку семафорите се скроз контра, црвен-зелен-црвен, па од Козле до рекорд се стига за малтене 25 минути пошто 15 ги проаѓаш на семафори.

А си мислам што да се очекува кога типови ко циганот муртињо и сега мицко мрсниот конкурираат за највисоката положба во државава...
Од кога е глупоштијана на Теодосиј Гологанов во правец накај Центар, делот пред Алумина кај што никна нова зграда, сега сите си вртат лево на две полни, одат по новата уличка и ствараат гужва. Па дали има еден нормален??? За вртење на две полни не возачка летање, според мене треба возило да се одзема.
Таа улица џабе се прошири кога се законтаминира со семафори и пешачки на кои жив пешак нема.
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.831
Поени од реакции
10.240
Во Германија нема преполагање (колку што знам, нека ме поправи поинформиран)
Преполагање може и со 500 евра да поминеш, кога веќе го знаеш материјалот и знаеш да возиш. Затоа имаат Германците нешто што на наше би му дошло Медицинско-психолошка проверка. https://en.wikipedia.org/wiki/Medical-psychological_assessment_(Germany)

За ова најчесто има курсеви со професионален психолог што ќе те припремат за оваа проценка и ќе те одерат до 1000 евриќи плус 450 за самата проценка. Доколку ти е одземена возачката поради возење под дејство на алкохол или дрога треба да докажеш дека цела година не си пиел или земал дрога пред да ти ја вратат возачката.

Passing the MPU is not easy: drivers arrested with a blood alcohol level of 0.16% or more may in some instances be required to establish that they have been completely abstinent for at least one year; test administrators corroborate drivers' formal statements as to their abstinence by measuring their liver function levels and conducting random urine screenings.

Имам еден другар така фатен како вози напушен и од тогаш не ни пробал да си ја врати возачката.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Кај нас немаат основна култура, а вие сакате да дискутираме за сообраќајна култура. Мене една будала ме пцуеше и излезе да се тепа со мене затоа што поминувам на пешачки. Излегува од кола и ми вика нели гледаш се брзам, сакаш да те згазам и не можеш ли да почекаш 10 секунди да поминам. Еден пак јас им застанувам на баба и едно детенце, за да поминат на пешачки и овој зад мене ќе ги згазеше за малку. Застанува и отвара прозор и ми вели : Кој ти даде возачка и на тебе слепец еден. И што сакате понатаму да зборуваме. Мислат дека се Шумахер, па ќе летаат низ градот. Поради таа причина јас не возам, оти ќе треба со некој за гуша да се фатам. Имам низок праг на толеранција.
80% од тие што викаат се пички и ако им тргнеш накај нив - се повлекуваат како пиченца, какви што и се. Или се преценуваат физички, па после мало смо се шалили.
Е сеа може да се погоди и некој од 20-те проценти, јбг.

Мене ми се деси вторава случка со застанување на пешачки да пропуштам пешаци и го гледам дека е залетан да ме помине од десно. Земав да свирам како будала само за да се освести или он или пешаците, кои се станати страшни зомбиња. За нив пешачки е Бог и батина, да можат ќе го преминуваат и со затворени очи, чисто за адреналин.

А тој што брзаше не закочи, ама закочи да се расправа со мене. Излегување од кола нападно, да видиш како си даде гас и избега, пичкетина.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Аман бе па ти, не е за еден прекршок тоа. Повеќе казни и собрал 100 казнени поени.
Треба да си ептен будала да дозволиш да дојдеш до 100 поени и одземање на возачката. Имаш опција да платиш казна, а и за две години се бришат казнените поени.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Некој знае при поаѓање на семафор уште на жолто да ти свири, па нели треба од лер во прва да ставиш, пола секунда е тоа таман да се вклучи зелено.
Bitch please, ја еднаш слушнав еден како му свиреше на семафорот зошто многу црвено стоел. Се скинав од смеење у кола коа видов дека некој на црвен семафор свири...

Ја се трудам секогаш да бидам океј. Не дека ми е толку до полицијата и казната колку шо фала богу уште имам морален суд во мене. Само инцидентно се случува да не застанам на пешак на пешачки, посебно секогаш застанувам кога врне или у лето коа е по 50 степени надвор. Ама застанувам само на пешаци што поминуваат на пешачки. Не може бе пешачки да имаш на 3 метра и ти да си решил дека нејќеш на пешачки да преминеш... Толку ќе ти смени таа 1 минута што ќе ја заштедиш за пешачењето до пешачкиот ?

Велосипедистите ми се смрт... Јес да не се секогаш они криви, стварно некогаш се блокирани тротоарите од паркирани коли и мора да возат по коловозот, ама не може бе да ми се понашаш ко моторно возило па раскрсница да поминуваш по патека на коли. Се знае како се поминува раскрсница, на пешачки. Има обележана велосипедска патека, празна е, ама он вози по пешачка патека, зошто така му текнало...

Моторчињата ја би ги забранил доживотно. Час мислат дека се моторни возила и возат по коловоз, час дека се пешаци па користат пешачки за да не чекаат црвено на семафор. Еднаш спроти Влада едно копито и се развика на девојка зошто она одела по велосипедска патека, а копитово го возеше моторот по велосипедска патека...

Ама најмногу ме нервираат шупаци шофери. Не користат жмигавец, се престројуваат како ќе им текне, у гужва сите што чекаме сме глупи, само он е паметен што менува 10 ленти у рок од 1 минута, посебно што има копуци што у гужва идат и во спротивен правец, па ќе застанат на семафор 10 метра пред колата пред нив и на секои 10 секунди се мрда по 2 метра нанапред (стварно не го сфаќам ова...), застануваат кај ќе им текне итн.

Едино за шо у последно време губам трпение се автошколите, посебно кога одам сабајле накај работа. Се е тоа убаво што се учите, ама стварно не можам у прва да возам со 10 на саат. Не им свирам за да не им праам притисок на кандидатите, ама ги претицувам во прва прилика.
 

Итар Пејо

Слободен Радикал
Член од
10 октомври 2011
Мислења
738
Поени од реакции
660
Се додека егоизмот и простотијата преовладуваат над секој ашов што ќе седне зад волан над колективната свест за заедничко добро ќе биде така како што е. А како ми се чини уште долго време ќе биде така. Затоа што први ашови се самите тие што ја водат државава (во ендек) + тие нивните шоферишта (идиоти) што ако треба за шефот ќе згазат и деца од градинка. Има примери за исклучоци ама засега ретки за жал. Мамините синчиња и татините ќерки и мафијашите со затемнети стакла се посебна категорија имбецили кои очајнички се обидуваат да им парираат на погоре наведените идиоти
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.494
Поени од реакции
9.494
Одвај чекам да се вратиме во нормала,и се да си функционира перфектно,утрово возам низ центар,слабо гужва,одма се стасува,никој не свири,искачаш од карпош 4 во 16Часот веќе во 16-09минути си во Пинтија,никој не претицува,никој не поминува на жолто,дефинитивно ова што ни се случува не води на добро,абе сакам да си бидам дома 17-38 да си се возикам од работа до дома 1час и 30 минути по можност,особено ги обожавам владините претставници,и нивното поминување низ скопските улици,за мене тоа е чест,задоволство луѓето кој неуморно работат за да ни овозможат храна,безбедност,ваков луксузен живот како што имаме,потоа ситните сообраќајки кој го прават градот уште позабавен и тн.
Ајде што побрзо да си ја дочекаме сликава подолу,па да живнеме малку.
Нели немаше кола за да идеш на видиковец да се сликаш за на иснтаграм?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom