Луси мила, овој сон не е сонуван од мене, туку од татко ми, но битно ми е ако може да се протолкува.
Сонувал како се шетаме покрај некоја голема река, матна, и како додека сме разговарале сум се фрлила во реката и сум потонала.
Пробал да тргне по мене за да ме спаси, ама нешто од држело, а не видел што.
Лусиии,знам дека те мачам..но што да правам..
сонував дека сме го чекале татко ми да почине,ама не го видов...баш онака сите бевме подготвени...а сестра ми ми кажа дека сонвела дека умрел тој пред неколку дена...а и јас пред некој ден...знам дека умирање значи продолжување на животот,но што значи мојот сон?
Фала за помошта
:helou:
Да гледаш како саканата/саканиот само стои? Не можам и да и се доближам, колку поблиско одам, толку подалеку оди таа... Цел сон вака.
Wow.. Имам чувство дека баш така е... Фала.:smir:Имате некои разидувања во врската, или на партнерот/ката му пречи нешто ама избегнува разговор околу тоа.
Луси ќе те молам толкување на три сона :smir:
Првиот: Сонував како сонувам дека татко ми го мава гром и во тој момент се будам и го гледам татко ми на тараса и му кажувам што сум сонувала и тој ми се смее и одеднаш го мава гром и човекот умира, а јас целата во солзи трчам кај мајка ми и почнувам да плачам на глас и неа неможам да ја разбудам....
Вториот: Требало да славам роденден и мајка ми требало да закаже во некој ресторан и јас сум им кажала на сите другари и другарки дека таму ќе го славам роденденот, ама идеме таму и таа девојката ми вика дека никој не закажал ништо и дека сега нема место, а почнале луѓево да доаѓаат и ја нема кај да ги однесам. Пробувам да најдам друго место ама секаде е полно. И одам дома и и викам на мајка ми: КАКВА МАЈКА СИ ТИ, МИ ГО УНИШТИ РОДЕНДЕНОТ и почнувам да плачам.
Третиот: Врнело многу дожд, истурало, а јас со друштво сум се враќала од школо. По улиците имало многу вода и сме пробувале да одиме на некои места што ни изгледале по суви ама една другарка паднала и сме продолжиле да одиме по водата. Сме дошле до една зграда и пред зградата имало клупа што била сува и сме седнале таму да се одмориме и да се исушиме и одеднаш огреало сонце. После почнале од една грмушка да излегуваат мачиња и јас сум станала зашто почнале да се качуваат на клупата. Сум тргнала накај дома и едно од мачињата (црно, личеше на сијамско) почнало да оди по мене. Одеднаш имам топка во раце и го мавам мачево со топката зошто сум мислела ќе ме изгребе, ама мачево ми се насмеало и се разбудив
Ај ако не те мрзи да ми кажеш што значат соновиве. Фала однапред :back:
Ќе избегне некоја незгода..