Сонови, толкување на сонови

рок-кејт

незгодна ко кратко ќебе!
Член од
22 мај 2007
Мислења
1.024
Поени од реакции
70
сонувам неколку дена по ред, еден настап кај шо пееме со другарките.. ама финтата е шо секоаш на истото место јас паѓам во една дупка .. енибади? плис?
 
С

Сатори

Гостин
Луси мила, овој сон не е сонуван од мене, туку од татко ми, но битно ми е ако може да се протолкува.
Сонувал како се шетаме покрај некоја голема река, матна, и како додека сме разговарале сум се фрлила во реката и сум потонала.
Пробал да тргне по мене за да ме спаси, ама нешто од држело, а не видел што.:toe:
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.727
Поени од реакции
19.890

Убаво е матна вода да сонуваш среќа некоја те очекува сатори, не е лошо, напротив убаво е:back:
 
_iva*

Шмизла у хороскоп
Член од
6 декември 2008
Мислења
163
Поени од реакции
8
Многу чуден сон, вака слегнувам по скали од кај мене дома, излегувам надвор се е светло, си одам полека и наеднаш се станува темно ни прст пред очи не се гледа. Ме фати паника и полека викав „ехо.има некој?“ И слушнав гласови, „ја гледаш каде е?, мораме да ја фатиме, ни треба жива“ :nesum: И јас се истрчав демек накај дома, таман ја фатив вратата се разбудив.
 
Член од
31 декември 2007
Мислења
145
Поени од реакции
1
Лусиии,знам дека те мачам..но што да правам..
сонував дека сме го чекале татко ми да почине,ама не го видов...баш онака сите бевме подготвени...а сестра ми ми кажа дека сонвела дека умрел тој пред неколку дена...а и јас пред некој ден...знам дека умирање значи продолжување на животот,но што значи мојот сон?
Фала за помошта

:helou:
 
Ќе избегне некоја незгода..
 
Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Да гледаш како саканата/саканиот само стои? Не можам и да и се доближам, колку поблиско одам, толку подалеку оди таа... Цел сон вака.
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.727
Поени од реакции
19.890
Да гледаш како саканата/саканиот само стои? Не можам и да и се доближам, колку поблиско одам, толку подалеку оди таа... Цел сон вака.

Имате некои разидувања во врската, или на партнерот/ката му пречи нешто ама избегнува разговор околу тоа.
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Луси ќе те молам толкување на три сона :smir:
Првиот: Сонував како сонувам дека татко ми го мава гром и во тој момент се будам и го гледам татко ми на тараса и му кажувам што сум сонувала и тој ми се смее и одеднаш го мава гром и човекот умира, а јас целата во солзи трчам кај мајка ми и почнувам да плачам на глас и неа неможам да ја разбудам....
Вториот: Требало да славам роденден и мајка ми требало да закаже во некој ресторан и јас сум им кажала на сите другари и другарки дека таму ќе го славам роденденот, ама идеме таму и таа девојката ми вика дека никој не закажал ништо и дека сега нема место, а почнале луѓево да доаѓаат и ја нема кај да ги однесам. Пробувам да најдам друго место ама секаде е полно. И одам дома и и викам на мајка ми: КАКВА МАЈКА СИ ТИ, МИ ГО УНИШТИ РОДЕНДЕНОТ и почнувам да плачам.
Третиот: Врнело многу дожд, истурало, а јас со друштво сум се враќала од школо. По улиците имало многу вода и сме пробувале да одиме на некои места што ни изгледале по суви ама една другарка паднала и сме продолжиле да одиме по водата. Сме дошле до една зграда и пред зградата имало клупа што била сува и сме седнале таму да се одмориме и да се исушиме и одеднаш огреало сонце. После почнале од една грмушка да излегуваат мачиња и јас сум станала зашто почнале да се качуваат на клупата. Сум тргнала накај дома и едно од мачињата (црно, личеше на сијамско) почнало да оди по мене. Одеднаш имам топка во раце и го мавам мачево со топката зошто сум мислела ќе ме изгребе, ама мачево ми се насмеало и се разбудив

Ај ако не те мрзи да ми кажеш што значат соновиве. Фала однапред :back:
 
Си се изнасонувала за сите пари...
Првиот сон, си му го продолжила животот на татко ти..

Вториот сон ми нема никакво значење

Третиот сон, ќе навлезеш во групна невоља од која долго време ќе пробуваш да излезеш, ама има надеж:smir:
 
Зајче

Бело, и тоа!
Член од
13 септември 2008
Мислења
3.439
Поени од реакции
3.945
Фала ти многу Луси :smir::smir::smir::smir:
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Луси,сонував како ми паѓа предниот заб на долната вилица,така малце крв,незнам шо друго имаше....на точка пишува смрт или болест на близок,верно ли е воа?
-позз
 
B

black angel

Гостин
sonuvav deka sum nasla 1000 den na ulica i se mislev dali da gi zemam i se vrativ gi zemav
 
Kajgana Shop

На врв Bottom