Јас сношти сонував како сум си праела кафе, или нешто така и сум седнала на компјутер да слушам музика ама тајтловите на песните биле некои реченици, па сум пуштила рандом. Песната што ми се уклучила имала наслов нешто ко у смисол "не ги терај и другите да веруваат у тоа што веруваш ти, не пропагирај твои мислења", и као тоа била порака од Господ(има смисла пошто сум атеист и у последно време многу се наоѓав на таа тема).
Јас страшно сум се преплашила и сум почнала да се тресам, па сум отишла надвор, сум седнала на тревата што ми е под прозор, а пред мене имало едно цвеќенце бела рада, сум ги затворила очите и сум си рекла "Ако има Господ, нека ми даде некој знак и ќе станам најголем верник", а чудно беше што сум поврзала нешто со ушите, у смисол така да ми го даде знакот...
Знак немаше и се разбудив.
Ако ми каже некој во целост што значи сонов, а да има совршена смисла, ќе го частам сладолед.