Вака сега денес сонував како ми починале родителите и најдобријот пријател (пријателот и јас сме 16години, мајка ми 38 и татко ми 41) сонував како сме оделе негде јас и една пријателка таму имало прослава и таму бил мојот најдобар пријател со своите пријатели кој се забавувале потоа јас требало да одам на некое место со воз. Кога сум се вратила повторно после 2 дена со воз и кога сум излегла од возот пријателката ме чекаше на железничката, но некако не беше расположена, ја прашав што и е таа не ми одговори. Потоа сме отишле да седнеме на едно место, но на тоа место биле закачени 5микролози од кој на 3 биле мојот пријател и моите родители, кога го видов тоа почнав да викам и да плачам на микролозите пишуваше дека мојот пријател и мајка ми починале на 25ти а татко ми на 26ти (не се сеќавам на месецот и годината) потоа сум отишла дома и таму беа баба ми и дедо ми, баба ми пробуваше да ме смири а јас во тој момент во себе се прашував “дали јас и мојот помал брат одтанавме сираци”, незнам како но само знам дека сум дознала дека мајка ми починала бидејќи воз ја прегазил. Потоа отидов кај пријателот дома таму беа неговите родители и неговата сестра силно ја гушнав мајка му и почнав да плачам а таа одговори “веќе знаеш”. Ми беше многу тешко и осеќав голема болка во мене и во тој момент се разбудив.
Дали некој знае што треба ова да значи ?