Сонови, толкување на сонови

Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33
Според соновниците што ги тражев по интернет. Овоа изгледа е дека он има нешто да ти каже, И дека почесто сака да те гледа[DOUBLEPOST=1444328362][/DOUBLEPOST]Ај ако може толкување на сонот..
Сонував дека на некој комшии ме пратиле на продавница.. И парите шо ке останат од тоа да ги земам за мене. Со тие пари шо останале јас сум купил цигари(инаку у живот никогаш не сум пробал цигара). И ја вадам цигара од паклата и пробувам да ја запалам ама упајачот не пали, После некое време запалил, Ама дувало ветер и гасило го. И на крај не дувало ветер и ја палам упаљачот да запалам цигара ама цигарата не се пале.[DOUBLEPOST=1444330954][/DOUBLEPOST]Ај ако може толкување на сонот..
Сонував дека на некој комшии ме пратиле на продавница.. И парите шо ке останат од тоа да ги земам за мене. Со тие пари шо останале јас сум купил цигари(инаку у живот никогаш не сум пробал цигара). И ја вадам цигара од паклата и пробувам да ја запалам ама упајачот не пали, После некое време запалил, Ама дувало ветер и гасило го. И на крај не дувало ветер и ја палам упаљачот да запалам цигара ама цигарата не се пале.
 
Последно уредено:
Член од
14 мај 2012
Мислења
542
Поени од реакции
782
Поздрав и однапред благодарам ако би можеле да ми протолкувате или кажете нешто :)
Два,три вечери по ред сонувам како сум бремена...и раѓам здраво девојче.Не ги паметам деталите концизно,но знам дека два три дена по ред ја сонувам глетката,болница,нови алишта,околу мене моите родители додека нејасно го гледам ликот на таткото и неговите...
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Поздрав и однапред благодарам ако би можеле да ми протолкувате или кажете нешто :)
Два,три вечери по ред сонувам како сум бремена...и раѓам здраво девојче.Не ги паметам деталите концизно,но знам дека два три дена по ред ја сонувам глетката,болница,нови алишта,околу мене моите родители додека нејасно го гледам ликот на таткото и неговите...
Според неколку странски веб сајтови да родиш дете значи нов почеток, менување на личноста, добар старт. Преродба, менување. Сепак оставам на останатите форумџии добро да го протолкуваат овој сон. Ваљда си има врска ако е женско бебето или машко и под кој околности се раѓа.
 
Член од
20 октомври 2015
Мислења
21
Поени од реакции
6
Според неколку странски веб сајтови да родиш дете значи нов почеток, менување на личноста, добар старт. Преродба, менување. Сепак оставам на останатите форумџии добро да го протолкуваат овој сон. Ваљда си има врска ако е женско бебето или машко и под кој околности се раѓа.
[DOUBLEPOST=1445299108][/DOUBLEPOST]znaci nesto ubavo ke ti se sluci a zensko bebe znaci sreka
 

shumecha.tableta

Модератор
Член од
26 декември 2013
Мислења
3.324
Поени од реакции
17.787
Пред неколку дена сонував како било Велики Четврток и знам сите ги вапсаа јајцата, шараа...
А денес, сонував како било Велигден (20ти јуни) и со моите сме отишле во црква. Јас знам се прексрстив трипати на иконата на Богородица мислам. А на масичето имаше многу други икони. И знам ми рекоа, на иконата на Богородица прекрсти се, така нешто. Оставивме јајца, а потоа запаливме 2 свеќи за сестра ми и за мене коишто наликуваа на роденденски. Не знам дали ги ставивме на колач или нешто друго... едната свеќа била за мене, а другата за сестра ми. И како демек сите заедно со моите и со попот пробувавме да ги изгасиме тие две свеќи, но никако не успеавме. Таман ќе се изгаси, повторно ќе се појави пламен... после тоа не се сеќавам дали се изгасија свеќите, мислам дека се изгасија, ама како повторно да имаше жарче во нив. И потоа се смени „сцената“ не знам како да кажам... и веќе не бевме во црква. Знам само таму се чувствував „грешно“. :toe:
Читав по соновнициве, ама сакав и тука да прашам. :X3:
 
Последно уредено:
S

SpaceTraveler

Гостин
Година време сонувам како убивам кучиња кој постојано ме напаѓаат. Многу ги сакам животните, до душа и вегетерјанец сум. Не сакам да бидам погрешно сфатен дека сум насилен кон најдобриот човечки пријател... но секогаш во сон тие ме напаѓаат, а јас храбро им се спротиставувам и ги убивам.

Зошто?
 
Член од
13 април 2012
Мислења
38
Поени од реакции
4
Дали сонов има значење:

Не се сеќавам на цел сон, се сеќавам само како сонувам како ја земам колата на брат ми без никој да знае и се возам низ Скопје, одеднаш како дознавам дека брат ми и еден негов другар имале страшна собраќајна несреќа (незнам како имале несреќа), го наоѓам брат ми, цел истепан, дури и личниот опис му е изменет од што имале страшна сообраќајка. Интересно е што не се сеќавам дека беше облеан со црвена крв, него како крвта да беше црна. Одеднаш се наоѓам како да возам друга кола - многу поголема, со две седишта и багажник како од пикап. Другарот на брат ми го ставам во багажник, а брат ми на седиште до мене со главата во мојот скут и плачам и го гушкам и се молам да преживее. Во вожната правам премногу прекршоци, дури и заборавам како се вози, при тргање од паника заборавам каде е кочницата и колата бидејки била паркирана на удолно се удира во кочијашка кола (но не видов коњ).
Откако стигаме пред болница застанувам баш пред полицаец кој го молам да ми помогне и му покажувам дека и одзади имам уште еден човек и дека знам за прекршокот кој го правам но сум немала избор, сум брзала да ги спасам....и одеднаш се сеќавам како започна да врне снег врз мене....
Тоа е се на што се сеќавам.....ако знаете нешто со значењето на сонов ве молам пишете ми....фала...:)
 
Член од
11 април 2015
Мислења
4
Поени од реакции
0
Здраво, сонував дека со бившиот со кој моментално не сум во добри односи се сретнавме во тесна просторија и почнавме да се расправаме, потоа заедо се упативме до неговиот автомобил, беше истиот што го има но на сонот беше само со две врати. Тргнавме и тој требаше да ме однесе дома, но по пат наидовме на провалија и баш на работ застана и почнавме повторно да се расправаме и во еден момент ми се обрати со името на негова претходна девојка, ми кажа дека со сила бил со мене и дека бил приморан. кога тргнавме од тука патот ни го препречи неговиот брат и неколку другари кои беа пијани. Конечно кога стигнавме пред мојата куќа сакаше да ме бакне а мене не ми беше јасно зошто кога претходно со сила бил со мене сега би сакал да ме бакне.
 
S

SpaceTraveler

Гостин
Сонував дека нуркам во чиста вода, дека вадам школки, дека сум со моите и брат ми на плажа на море. А никогаш заедно не сме биле на море во јаве, само на езеро. Сонував како татко ми купува делови за кола, потоа со колата сме биле некаде цело мое друштво во некоја друга земја, јас сум се смеел многу, башка сум истепал некој Турци таму, потоа сонував необичен пријател/познаник ме кани преку фејсбук на роденден, па чудно, одам во продавница да купам нешто и продавачката ми вика 1000 денари кошта, а јас тажен велам дека имам само 500 денари да ми даде нешто од 500ка. И на крај решавам да не идам на роденден. :eek:
 

Dimitar :)

SA-MP lover
Член од
29 јануари 2015
Мислења
160
Поени од реакции
33
Aj ako moze tolkuvanje na sonot ..
Jas i tatko mi se vozime vo naseto kombe, i odednas pocnuvame da se karame, a mama sede pozadi nas i obiduva se da ne smire..


Inaku nogu cesto se karame so tatko mi
 
Член од
5 октомври 2010
Мислења
976
Поени од реакции
308
Прв пат во животот да имам кошмар со толкав интезитет, бев целосно вкочанет и чуствував студ, а нема врска топло е во собата.. плус никогаш не ме разбудил во ваква рана фаза сон во животот, легнав во 00:40 a се разбудив точно во 01:40 мислејќи дека е 7 сабајле и се чудам зашто го нема алармот да ми заѕвони. Нема да го објаснувам многу многу кошмарот бидејки ми поминаа многу лоши слики, како црни магии и слични глупости.. но на крајот видов смрт на близок член од фамилија/ ???:shook: wtf e срањево??
 
Член од
6 април 2015
Мислења
423
Поени од реакции
150
Сакам да ве прашам вие што имате сонувано кај што ви паднале заби , точно ли е тоа дека ке почине некој ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom