Сонови, раскажете што сонувавте

  • Креатор на темата Креатор на темата Alien_sr
  • Време на започнување Време на започнување
Јас сонував како сум си ја скратила косата.

Седев пред огледало во соба, земав ножици и си ја скратив над раменици. После демек отидов на фризер да ми ја дотераат. хахаха
 
Нешто многу чудно што ми се случува е тоа што секогаш кога имам температура го сонувам истиот сон, уште од малечка. И иде вака:

Јас одам на оние терените за хокеј, ама на двете страни од теренот има по еден кош. На сред терен е некое си монстер и ми вика: „Ај една партија слободни, ако изгубиш ќе умреш, ако победиш ќе те пуштам“: И ја секако губам, и ледот на теренот се крши, јас пропаѓам во темница и врескам, и секако тука веќе се будам.

Ама баш секој пат кога сум имала температура сум го сонувала ова, од почеток до крај (секогаш губам, џабе ли играв кошарка 4 години?! :pos2:)

А онака сум имала и други бесни сништа, ко божем сум станала агент на ФБИ.:pos2::pos2::pos2:

Многу гледам филмови.


Незнам дали имам пишуваноз а ова во некој пост, но сепак сакам пак да кажам дека првпат да слиушнам некој да сонува ист сон како мојот... чудно..:S и мене ми се случуваше до скоро кога имам температура да го сонувам овој сон.... содржината на сонот е секогаш иста, имам некое страшно , чудно чувство....Најпрвин одам низ темница и гледам две топки кои се вртат и еден човек ми вели да ја изберам вистинската, ако не ќе умрам. и јас серкогаш грешам....И потоа се најдувам на тениско игралиште(во неколку сонови) а потоа се се распаѓа се се руши и на крајот се најдувам во некаков бесконечен простор, темица...:s тогаш почнував да плачам, и да гледам едно клопче од конец кое полека почнува да се одмотува, кога ќе се одмота ќе умрам...... и се разбудувам некое време....:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:Чувството е немаш појма какво.... многу неубаво чувство. Се случило некогаш по одмотувањето на топчето од конец, да сонувам друг "нормален" сон. Спијам со затворени оччи, а сонувам тоа што се случува околу мене, уствари како да сонувам со отворени очи...:vozbud::vozbud::vozbud::uvo::uvo::pos2::pos2:малку се занесов во пишувањево....:smir:
 
Да не почуствува застрашувачко присуство ?
 
Јас сонував дека некое девојче ми го земало телефонот (на допир е телефонот) и ме прашало дали со телефонот имало и пенкалце како и кај сите други телефони, и јас и реков од левата страна има, а таа земала едно пенкало што беше на масата и намерно ми го изгрeба екранот xD Баш чудно!
 
Синоќа сонував дека сум имал далечински управувач, со кој можев се да контролирам..
 
Се што сонувам се исполнува. Зошто? Затоа што она што го сонувам е уствари дел од мојата потсвест, работи кои ги очекувам.
 
Ја филмои сњаам..све некој ме брка па после мистично завршуем у школо кј шо најлошата професорка ме советуе да не фаќам дечко па у супермаркет се карам со газдата па паѓам у море и ми се појавуе некој што ме спасуе со некој WOW финте :)
 
Пред некој ден сум сонувал дека сум имал секс со една колешка од работа а која што вака свесен никогаш не сум ја гледал како сексуален објект, сум и ги бакнувал и шмукал тоа градите и едно чувство што сум имал абе како реално да се случува... отогаш наваму не памтам што сонувам
 
Here's one for you.

Играм пикадо со некои луѓе што ги знам (не се сеќавам кои беа), пикадото беше закачено на влезната врата од зградата кај што живеам.
Имаше некои случки, се кршеа иглите на стрелките и некои детали што ги заборавив.

После играта влегувам во зградата, па во лифтот. Забележувам дека лифтот е поинаков, имав чувство дека бил поправан, па нешто смениле. Забележувам дека сум по бела маица и гаќи, а мислам дека имав и еден пешкир на рамо, изгледаше како да идам од базен, или барем имав такво чувство.

Некако предолго ми траеше патувањето со лифтот и погледнав низ прозор (кој за чудо или не, го имаше), па видов разни згради и сфатив дека лифтот ја напуштил мојата зграда. Одеднаш како да се појавија седишта, па лифтот наеднаш се претвори во нешто слично на купе од воз.
Пристигнав на железничката станица Скопје, од лифтот останаа само седиштата, а во едно од нив седев јас. "Платформата" со седиштата како да беше на некаква шина и пополека се движеше во внатрешноста на железничка станица Скопје и на крај си го пронајде местото во некаква чекална со многу луѓе, па седиштата сега како да беа дел од чекалната.
Тука видов неколку луѓе со кои учев заедно во основно.(интересно, веќе неколку сонови каде што сонувам луѓе од основно, а буден не сум ни помислил на нив)
Забележав некаква рецепција каде што имаше собрано многу луѓе, а рецепционерот вршеше некаква услуга, продаваше билети или којзнае што.

Случката сам си ја обајснував како некоја нова технологија, само што нешто лошо конфигурирале на лифтот во мојата зграда. Му се пожалив на рецепционерот, не се сеќавам на точните зборови, ама беше нешто како: - Не чини вагонов.

Тој веднаш сфати за што се работи и рече нешто како: Почекај, тоа е офтопик, сега ќе му се јавам на *некој што му го заборавив името.
Телефонот што го зеде изгледаше како бежична слушалка од фиксен, на која беа залепени две ливчиња, на кои беа испишани бројки со молив. И нешто збореше со тој типот, и веројатно тука некаде заврши сонот.

Ептен твистед ми се соновиве, а интересно за овој е што го памтам, а го сонив сабајлето.
 
Прати.

Си спијам ја онака, и почнуем да сонувам. После неколку години прв пут.
Темна улица со магла, одстрана шуми. Идам ја така, некако брзо се движам, и се појавуе чудно бучење, ги здогледувам пругите, и одендаш возот. Не сум јас на шината. Од нигде, се појавува девојка ми, застанува пред возот, самубиствено, во титаник поза. Моментот пред да ја удри, се разбудив.

Логично објаснување?

Да појаснам, Тина, не е емо, нема самоубиствени нагони, не живее блиску до пруга, не го сака титаник. :)
 
Ја филмои сњаам..све некој ме брка па после мистично завршуем у школо кј шо најлошата професорка ме советуе да не фаќам дечко па у супермаркет се карам со газдата па паѓам у море и ми се појавуе некој што ме спасуе со некој WOW финте :)



Ти филмови сонуваш јас игри сонувам..Ја играм Скарфејс па цел сон возам и убивам...:vozbud:
 
Прати.

Си спијам ја онака, и почнуем да сонувам. После неколку години прв пут.
Темна улица со магла, одстрана шуми. Идам ја така, некако брзо се движам, и се појавуе чудно бучење, ги здогледувам пругите, и одендаш возот. Не сум јас на шината. Од нигде, се појавува девојка ми, застанува пред возот, самубиствено, во титаник поза. Моментот пред да ја удри, се разбудив.

Логично објаснување?

Да појаснам, Тина, не е емо, нема самоубиствени нагони, не живее блиску до пруга, не го сака титаник. :)

Ова ми наликува на SILENT HILL :smir:
 
Незнам дали имам пишуваноз а ова во некој пост, но сепак сакам пак да кажам дека првпат да слиушнам некој да сонува ист сон како мојот... чудно..:S и мене ми се случуваше до скоро кога имам температура да го сонувам овој сон.... содржината на сонот е секогаш иста, имам некое страшно , чудно чувство....Најпрвин одам низ темница и гледам две топки кои се вртат и еден човек ми вели да ја изберам вистинската, ако не ќе умрам. и јас серкогаш грешам....И потоа се најдувам на тениско игралиште(во неколку сонови) а потоа се се распаѓа се се руши и на крајот се најдувам во некаков бесконечен простор, темица...:s тогаш почнував да плачам, и да гледам едно клопче од конец кое полека почнува да се одмотува, кога ќе се одмота ќе умрам...... и се разбудувам некое време....:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:Чувството е немаш појма какво.... многу неубаво чувство. Се случило некогаш по одмотувањето на топчето од конец, да сонувам друг "нормален" сон. Спијам со затворени оччи, а сонувам тоа што се случува околу мене, уствари како да сонувам со отворени очи...:vozbud::vozbud::vozbud::uvo::uvo::pos2::pos2:малку се занесов во пишувањево....:smir:


И јас секогаш кога имам тепература сонувам ист сон како демек треба да дигам нешто гоооолемо и тешшшко и едното успевав секогаш да го дигнам до незнам кој кат и коа ми кажа некој дека уште едно има се исласив почуствував нешто страшно и викнав уштееее имаааа и после ми текнува дека сум го поминал тоа и се будам:pos2::pos2:
 
sonuvam mnoguuuuuuuuu............glupi sonovi........nekoi mi se ispolnuvaat, mrazam da sonuvam losi sonovi
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom