Zavisi od koj aspekt gledas...
Така зборува Исидор Солунски
Непријателите на Македонското Национално Револуционерно дело, испратиле човек да ме убие. Го поткупиле со десет лири и го испратиле да ме убие. Јас честопати наминувам по Џумaјскине, по Петричкине, по Кукушкине, по Велешкине, по Битолскине пазари и гледам како се движат цените. Еден вол чини 100 лири, а ваму овега го поткупиле со 10 лири за да ме убие. Ги гледам цените и неможам да се изначудам - "Како е возможно, еден Македонец да биде 10 пати поефтин од еден вол?"
Тешко ми е Татковино. Историјата продолжува, самоуништувањето трае, синдромот се повторува, а обединувањето твое бега далеку од нас. Долу по полено по врбацине, во срцево, уште е така. И ден и ноќ и нож в плеќи забиен.
Не ме уплашија векови со нож во туѓа рака, ме плаши час со нож од рака својa в плеќи. Тешко ми е Татковино...кога не сум во тебе, кога те напуштам како да го напуштам Бога. Како да ми бега од над глава десната рака на Ангелот, како уште да траат сите твои востанија...како никогаш да не може да секне крвта на Апостолите на измачените, крвта на царевите, на Великите, крвта на просветителите, на нај умните, крвта на војводите на најмилите, крвта на комитите на нај храбрите, крвта на паднатите на неправедно жигосаните, крвта на неродените, на утре ликвидираните... Тешко ми е Татковино, тешко многу ми е. Ми се скамени летот во 'рбетот, оти ти ми беше и крило и небо. Секоја ноќ те сонувам, на Белата Кула во Солун, загледана во Белото море, како ги чекаш своите големи синови Филип и Александар, да те избават од овој голем срам, во кој те втурнаа предавниците. Секоја ноќ те сонувам и си велам, еееј гиди Македонијо, некогашна мори славна Империјо, распослана на половина Планета, ОД ПЕЛА ПА СЕ ДО ПЕРСИЈА, ДО ИНДИЈА...Денеска падната на колена, да ги молиш оние КОИ ГИ ОПИСМЕНИ, им ја отвори устата и ги научи да речат најпрвин Alfa и Omega... па Аз, Буки, Веди, па А и Б...Нив да ги молиш што ги научи дека рибата се јаде, дека дрвото се калеми и дека човекот се раѓа за да се љуби...
............................................................