Солидарен оброк / Сподели кафе!

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Доста интересна идеја која треба да се сподели:
"Солидарен оброк" - бидете солидарни, помогнете им на оние кои немаат




Оваа иницијатива беше започната за време на Втората светска војна кога сиромашните немале пари за леб. Но, луѓето кои имале доволно за да се прехранат, ја започналле солидарната кампања со слоганот: "Одложениот леб". "Одложен", занчи дека купувачот се согласува да плати двојно од цената на лебот, а остатокот од парите се користат за "одложување" на страна и со тие пари на сиромашните да им се понуди бесплатно парче леб.

Пред само 3 дена, Kioskpages ја започна оваа акција во Србија која за неполни 24 часа направи вистински бум во Белград, Ниш, Суботица. Aкцијата се нарекува "Solidarna Klopica."

Во Македонија почнуваме исто така со оваа акција,"Солидарен оброк" заедно со Kioskpages, факултети.мк ќе овозможи сите оние кои имаат а сакаат да споделат со оние кои немаат да може да го сторат тоа. Пристоен оброк за сите луѓе.




Ги повикуваме сите сопственици на локали да се приклучат во оваа акција, а ние ќе поставиме прекрасен постер за "Солидарен оброк" (постерот го обезбедуваме ние) на видно место на влезот на продавницата.Немате никакви други обврски . Секј локал ќе биде фотографиран а сопственикот може да даде изјава и на тој начин да го промовира својот локал и услугите кои ги нуди. Сопствениците на локалите кои ќе учествуваат во оваа акција добиваат: зголемување на прометот, публицитет и угледот на добронамерност.

Чекори на соработка:

1 Собирање на информации за локалот и креирање на бесплатен веб-сајт на порталот www.kioskpages.com
2 Објавување на локалот на мапата "Солидарен оброк" на порталот www.kioskpages.com
3 Испраќање на плакат, постер "Солидарен оброк" на вашата е-маил адреса
4 Истакнување на плакатот на видно место на излогот на локалот
5 Промоција во медиумите и на социјалните мрежи

Доколку сте сопственик на пекарница, сендвичара, ресторан или познавате некој кој е сопственик на вакви или слични локали, можете да ни испратите е-маил на nina.milos@smaartmobile.com или на info@fakulteti.mk
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.179
Поени од реакции
34.377
Фина е идејата. Ама идејата потекнува од малку поинакво општество, во кое културата е дијаметрално различна од нашата, во кое оваа идеја е полесно да се реализира.
Со среќа, ама ова нема да функционира кај нас. Ниту од страна на купувачите, ниту од страна на сопствениците и вработените, ниту пак од страна на „корисниците“.

Кај нас луѓе ќе се испотепаат со вработените во бурекџилниците зошто го качиле геврекот од 10 на 12 денари, на па да остават + 10 денари за некој друг. Нормално е дека има исклучоци, ама немаштијата и менталитетот си го прават своето. Повеќето од купувачите ќе појдат со мисла „Ееее дааааа бе, од кај знам дека нема да си ги земат пари за себе и да ги одјебат луѓето кои имаат потреба од бесплатен оброк“?. Повеќето од сопствениците и вработените ќе си речат: „Ееее дааа бе, од кај да знам дека ОСОБА-ИКС стварно нема пари и сака само да си земе гага јадење и пиење?“'

Јас сум искрено скептичен околу идејава... Скептичен, во смисла реален.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.704
Поени од реакции
22.117
^И јас го мислам истото, за жал. Злоупотреби сигурно ќе има многу. Плус, нека проба некој во партали да припари во ''елитните'' ресторани, на клоци ќе го истераат. Премногу е пристапов ''на чесен збор и добра волја'' за македончето да го примени и незлоупотреби. Искрено тоа е еден од оние карактеристики на нашиот народ кој лично би сакал да ги немаше, ама тоа е што е.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ова нема шанси кај нас.
 
A

AnFem

Гостин
Овакви слични акции постојат низ целиот свет, наречени се „Храна, не оружје“. Истите овие континуирано и често се организираат и во Скопје, а пред неколку години имаше и во Велес. Хуманите луѓе одамна постојат, само што позади нив не стои некој „голем батка“ кој ќе финансира за постери и реклами.

Немало шанси, my ass!
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да тргнеме од себе си, дали вие би учествувале во ова? И ќе видиме исход.
Македонија е тоа неможе да нема превари. Но исто така има и доста сиромашни кои немаат за леб и доста хумани луѓе.
 

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Идејава е одлична, ама дали ќе успее е тоа тешко дека ќе се случи, ќе има лева рака десен џеб...Ама вреди да се проба. Шо ќе им оставате некој денар на улица поарно оставајте во продавница, барем ќе знаете дека за леб им се, а не за лепаци и други глупости.
 
Член од
8 октомври 2007
Мислења
4.680
Поени од реакции
8.511
Да тргнеме од себе си, дали вие би учествувале во ова? И ќе видиме исход.
Македонија е тоа неможе да нема превари. Но исто така има и доста сиромашни кои немаат за леб и доста хумани луѓе.
Да
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако ништо друго можат да размислат во насока да ја донираат храната која и онака останува во големи количини во рестораните. Храна која воопшто не е ни чепната, а се фрла на депонија. Имаше акција со Александар Палас и преговори, но конечниот одговор беше: Нема кој да ја селектира храната. И така акцијата свечено заврши. Леб само колку се фрла од овие места тоа е страшно.
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
Одличен предлог само да видиме колку ке функционира кај нас.

Ова го начекав на imgur пред некое време
pending coffee

 
A

AnFem

Гостин
Млади скопјани бесплатно делат вегетаријанска храна




Kолку чини ручек со кој сакате одеднаш да почестите петмина, десетмина, дваесетмина или повеќемина гладни, а непознати луѓе? Ниту денар. Потребни се само добра волја, позитивна намера и готовност да се издвои малку слободно време за да се подготви храната. Ова е рецептот на група млади луѓе во Скопје кои се определиле нивната мисија да обезбедат оброк за гладните во својот град.

И тој рецепт засега функционира секоја втора сабота, кога овие момци и девојки на плоштадот Македонија делат по околу 20 килограми храна - зготвено јадење со салата, цеден сок или слатко.

И гладот е насилство

- Во петок попладне одиме на пазар и од пазарџиите бараме да ни отстапат малку храна. На почетокот им се претставуваме и им објаснуваме што ни е идејата, а сега веќе сме прифатени и без проблем ни даваат. Тоа се малку оштетени зеленчук и овошки. Ниеден продукт не е расипан. Ги миеме, чистиме и готвиме ~ го носиме ручекот на плоштад. Луѓето го чекаат својот оброк, кој им го пакуваме во кутии и кантички за да јадат дома или на друго место. Секој може да дојде и да покани секого кому му е потребен топол оброк - ни раскажува студентот Данко.

И тој и неговите истомисленици се без свои приходи, но се емпатични кон другите и кон туѓата мака. Во оваа група речиси сите волонтерски на разни начини веќе им помагале на сиромашните и на маргинализираните. Со своето дејствување и размислување тие никако не се вклопуваат во клишето дека нашите млади, но и не толку младите, живеат на товар на родителите, се будат во 4 попладне и времето го трошат пиејќи безброј кафиња.

Напротив, го следат движењето „Храна, не оружје“, кое веќе 30 години постои речиси секаде во светот. Го следат и принципот да не делат храна со месо, што не им паѓа тешко бидејќи и самите се вегетаријанци.

- Храната не е и не смее да биде привилегија. На неа секој има право. Насилство е некому да му се одзеде тоа право. Светот функционира погрешно. Секој ден се фрлаат огромни количества храна, се трошат билиони за оружје, а луѓето се гладни - вели Горан.

За лонец не треба проект

За своето вклучување ни раскажува најстариот меѓу нив, 35-годишниот Сашо:

- Пред Нова година пребарував на „Јутјуб“ и нешто се скрши во мене, сакав да направам нешто, а не како некаков паразит само да гледам видеа. Одамна размислувам поинаку. Ако човекот се смета за најинтелигентно суштествто на планетата, редно е да покаже нешто од тоа.

На интернет може да се види како функционираат ваквите и слични акции, прво го повикав другар ми, а познанствата со другите дојдоа сами по себе - вели тој.

Во групата се опишуваат како колектив кој функционира хоризонтално без авторитети, а сите работат с`.

- Перцепцијата за невладините е дека постојат додека имаат поддршка. Ние не сме тоа, зад нас не стои никој. Еве, сега ни треба поголем лонец за готвење и сигурно нема да правиме проект и да аплицираме некаде, туку само ќе го побараме на наш начин - истакнува Горан.

Анонимноста е клучна и за нив и за сите што им помагаат.

- Секој е добредојден да помогне онака како што може. Еден од нас од домашната фурна носи по 30 лепчиња. Други може да дојдат со зготвено и да ја поделат храната. Но тоа треба да биде анонимно, без да се очекува повратен бенефит. Затоа подобро е големите супемаркети својата храна да ја донираат на други места, бидејќи ние логоа на фирми и реклами не истакнуваме - се надоврзува Сашо.

Сепак, сите имаат еден поинаков бенефит.

- Овде нема профит. Многу поважно е чувството дека можеш да смениш нешто. Немам како некои и не можам да дадам милиони за гладните, но можам да обезбедам храна за некој што ја нема и тој ден да му е подобро. Не е најважно колку луѓе ќе добијат оброк. Доволно е да се стори тоа и за еден човек - вели Данко.

Превземено од „Дневник“
 
А

Атомската мравка

Гостин
Добра идеја, но познавајки ја не/културата на народов кај нас вакви ќе го зимаат бесплатниот леб а не на оние што навистина им треба.
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Паметно....но за оваа солидарност да влезе во рутината на обичниот Македонец,ќе треба време.

Значи некои си 10години континуирано работење на проектов....за исходот да изгледа баш како што е замислено.


Први на удар се дечки што работат по пекари,сендвичари и сл....тие се платени мизерно,плати не им даваат редовно....и тешко дека они нема да паднат во искушението,да си ги лапнат парите од солидарноста :)


Од друга страна,никој сопственик на ресторан или сл. ,не помислува да си го сјебе стекнатото име.....т.е во никој случај нема да му одговара во неговиот ресторан да се собираат пари за солидарност,и утре дента да му идат сиромаси да му ручаат.


Само нека има хумани луѓе,па за другото лесно е.:)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
Нека се избаци 7ца како еден од учесниците кои ке делат оброци, да видите како ке се потепуваат за бесплатно јадење оние кои можат и да си го купат тој оброк, ама кога е гага и киселината е блага, шупчињата им се широко отворени на сите, а кога треба да дадат симболичен дел од своите пари за вакви бесплатни оброци наменети за оние кои навистина немаат за леб, тогаш бегаат како изгорени. Па наместо Ирско Кафе во Тренд од 150 денари испиј едно Макијато и ете ти си заштедил 20-30 денари кои ке ги донираш за вакви цели, толку ли е тешко, ем си се напил кафе на добро место со друштвото ем си му помогнал на оној кој навистина му е потребна помош.
И мене стајте ме во листата скептици (реалисти) за проектов, би сакал моето мислење да е грешно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom