Солидарен оброк / Сподели кафе!

Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Да, кафето и оброкот ќе решат многу проблеми. Кога ќе му удри кофеинот в глава на сиромавиот тој одма ќе започне со мал или среден бизнис, на Ромчињата ќе им пораснат опашки, а немоќните, поттикнати од благотворното дејство на еспресото ќе се запишат на факултет, оти не е тајна дека знаењето е сила, а богами и моќ.
Има и такви на кои воопшто не им е дојдено до гага кафе. Не секој сака да биде „почестен“ - некои и се срамат (тие ќе останат гладни и скратени за кафе). Си имаат и поголеми проблеми во животот кои едно честење нема ни да ги реши, ни да ги ублажи, независно колку шеќер ќе им ставите во кафето. Ова можеби е покорисно за нашиве „хуманитарци“, кои ете направиле добро дело, испаднале луѓе (уште да има кој да ги види, на сила ќе довлечкаат некого да сркне од филџанот).
Дали функционира некаде настрана, во побогатите општества, не знам. Можеби таму и имаат некаква смисла овие акции, барем симболична. Кај нас премногу работи не се во ред за ова да го сфатам сериозно.
Лекови, храна, работа (ако се работоспособни), некакво сместување што треба државата во најголема мера да го овозможи, а поединците, ако сакаат да придонесат, имаат многу почовечни начини да го направат тоа.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
- Овде нема профит. Многу поважно е чувството дека можеш да смениш нешто. Немам како некои и не можам да дадам милиони за гладните, но можам да обезбедам храна за некој што ја нема и тој ден да му е подобро. Не е најважно колку луѓе ќе добијат оброк. Доволно е да се стори тоа и за еден човек - вели Данко.
Сосема се слагам. Ја кога играм тетрис онлајн, мануелно го менувам скорот за да се осеќам подобро.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.574
.....моронизам...или лесен начин на заработка од "сакам да бидам хуман и сите да знаат за тоа" фаци

....со едно кафе, кифла или маица не им го менувате животот на сиромашните или бездомниците...само им ја продолжувате агонијата....

има една стара поговорка која вели....АКО САКАШ ДА НАХРАНИШ ЧОВЕК ЗА ЕДЕН ОБРОК ДАЈ МУ РИБА, АКО САКАШ ДА ГО НАХРАНИШ ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ - НАУЧИ ГО ДА ЛОВИ РИБА

...на оваа категорија луѓе не им треба милостина...им треба знаење и алат за сами да го вадат лебот и да не зависат од вашата хуманост и вашето его.....ако сакате да бидете хумани подарете им гребло, мотика, коса, чекан, ножици.....викнете ги да ви ја искосат тревата, да ви го измијат автомобилот...научете ги да пишуваат и читаат, да поправаат велосипеди....научете ги било која вештина со која самите можат да си го вадат лебот....
Мислам дека постов заслужува повеќе лајкови, прочитајте го цел, 1 минута изгубена на подолг но поучен пост е порационално изгубена него 1 минута разгледувајки ја галеријата со дебелиот гс на Кардашијан, на фб.
 
Член од
20 март 2012
Мислења
1.465
Поени од реакции
2.366
Сендвичарата "Pepper" се приклучи кон акцијата за "Солидарен оброк"



Сендвичарата Pepper се приклучи кон акцијата за "Солидарен оброк" во организација на kioskpage.com и Факултети.мк .

Pepper се наоѓа на аголот на Ленинова и Орце Николов во Дебар Маало. Постои веќе 5 години, секоја година во април во организација на Bookbox и Pepper се одржува фестивалот на јадење на книги.

Асортиманот е навистина богат, со повеќе од 20 врсти на сендвичи, паста, ризото, колачи, свежи и овошни салати, цедени сокови, хот дог, тостови, бурито и кус-кус...
Телефон: 02/5203059


--- надополнето: 27 април 2013 во 14:14 ---




Кафе во резерва
Неколку кафе-барови во Љубљана даваат бесплатно кафе за сиромашните
Од иницијативата нагласуваат дека плаќањето кафе за некој непознат што нема пари не претставува давање милостина.

Посетителите во неколку кафе-барови во Љубљана освен своето кафе можат однапред да го платат и кафето на оние што немаат пари.
Според Татјана Марун од словенечката иницијатива „Кафе во резерва“, чија цел е да создаде резерви кафе за оние што не можат да си го дозволат, интересот е одличен, но потешко е да се привлече вниманието на посетителите на кои кафето им е наменето.
Плаќањето кафе за резерва доаѓа од традицијата на таквите плаќања во баровите во Неапол, соопштиле од словенечката иницијатива.
Од иницијативата нагласуваат дека плаќањето кафе за некого што е во неволја не претставува давање милостина, туку љубезност, поврзаност и солидарност.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Чим почнаа да фрчат реклами тури му курот на целово говно.
Ме замисли да ти кажам. Почнувам и јас да мислам дека рекламата има голема врска со ова. Народните кујни колку што знам и сега функционираат и ги има во прилично голем број, така што храната на човек кој нема му е обезбедена овде. Со кафе луѓе не се помага. Не негирам дека некој со добра мисла организира. Ама човече ако никогаш во животот не си бил шворц, може само да мислиш дека со кафе ќе смениш нешто.
 
L

Luki Junior

Гостин
Не негирам дека некој со добра мисла организира. Ама човече ако никогаш во животот не си бил шворц, може само да мислиш дека со кафе ќе смениш нешто.
Шворц човек не мисле на кафе.... Шворц човек срцето ќе си го даде за децата да имат шо да апнат.... Не го пожелувам на никој тава искуство. :(:(
Повеќето од нештата са медииска кампања за пумпајне его. :(
 
M

Muranyi

Гостин
Сподели кафе?:eek:
Отсекогаш сум се сомневал во намерите на "добриот човек",иако сакав да се придружам и да ја подржам акцијава сепак се разочарав.

Затоа,сметам дека ако се сака да се помогне на гладниот,има начин да се направи тоа и без вакви акции,самоиницијативно.Последен пат кога учествував во вакви слични акции беше кога се случи измамата за бебето кога требаше да се оперира во Бугарија.

Кој сака да помогне нека излезе на улица,има многу дечиња кои се злоупотребуваат и просат по цел ден,верувам дека би се израдувале на еден сендвич,тост или што и да е.На лице место,бидејќи лопови и измамници магично се намножија на секој чекор.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Боље да има него да нема. што и да е у позадина.

И не знам што сте се фатиле за кафето, коа првичната идеја на темава беше за оброците кои ги делат на плоштад.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Чим почнаа да фрчат реклами тури му курот на целово говно.
И јас тоа го приметив, може и ќе побараат да им се истетовира на левата рака на секој бездомник името од сендвичарата со телефонски број и целиот сортимен дека ќе им даде еднаш у 5 години едно кафе. КАФЕ БЕ! Пффф не е мала работа, тогаш газдите ќе шетаат со надуени гради како мисири.
 
Член од
15 мај 2010
Мислења
286
Поени од реакции
332
^И јас го мислам истото, за жал. Злоупотреби сигурно ќе има многу. Плус, нека проба некој во партали да припари во ''елитните'' ресторани, на клоци ќе го истераат. Премногу е пристапов ''на чесен збор и добра волја'' за македончето да го примени и незлоупотреби. Искрено тоа е еден од оние карактеристики на нашиот народ кој лично би сакал да ги немаше, ама тоа е што е.
Абе јес да македончето во се наога простор за злоупотреба,ама од толку скептицизам врз самите себе си,нормално е дека нема да се успее.
Оти еднаш не одиме на варијантата,,верувај но проверувај,,без да бидеме толку скептични?
За секоја злоупотреба има лек,ама ако така гледаме на се,нема да постоел зборот успех.

За да биде се сервирано,некој треба да приготви па да сервира,успат да пази пресилниот оган да не му го загори јадењето.
 

Hiryu

H+
Член од
5 мај 2013
Мислења
674
Поени од реакции
848
Зарем не е проблемов системски, добар оброк за гладниот добро чувство кај хуманиот.

Но зарем хуманиот не гледа дека така буквално поддржува паразитизам воедно и мотивира, затоа велам нека хуманите се погрижат да гладот и сиромаштијата бидат на некој начин редуцирани или во хибернација-токму со помош од тие кои имаат, но не да им дадат леб в уста туку да ги научат да ловат како што напиша еден форумџија.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.703
Поени од реакции
22.085
Абе јес да македончето во се наога простор за злоупотреба,ама од толку скептицизам врз самите себе си,нормално е дека нема да се успее.
Оти еднаш не одиме на варијантата,,верувај но проверувај,,без да бидеме толку скептични?
За секоја злоупотреба има лек,ама ако така гледаме на се,нема да постоел зборот успех.

За да биде се сервирано,некој треба да приготви па да сервира,успат да пази пресилниот оган да не му го загори јадењето.
Оти така еднаш го признавме Тајван за миљрда јурци ама изгледа било грешка во куцање на тастатура па уместо тоа добивме миљарда комшијата десно од ј на тастатурата па урци. Чекај да ми текне уште неколку примери. Субрата Рој, Свед Милк, вработувањето по еден од семејство на Бранко, Кратово како пандемски пољопривреден центар на Ѕинго, кубењето на бесплатните полначи за мобилни на плоштад, статијава на Вест

http://star.vest.com.mk/default.asp?id=64904&idg=4&idb=925&rubrika=Makedonija

да редам уште?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Кога го спомена Тајван барем парите да ги земавме пих.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom