Скопјанец месечно заработувал по 9000 евра, а примал социјална помош

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Скопјанец месечно заработувал по 9000 евра, а примал социјална помош

Скопјанец со години користел социјална помош, а издавал негови објекти под наем. Заработувал за луксузен живот, а се пријавувал како социјален случај, објавува Здравство24.


Овој скопјанец бил откриен при последната обнова на документите.
-Станува збор за граѓанин кој издавал објекти под наем и по однос на други основи успевал месечно да се стекнува со приход од над 9000 евра. Тоа веројатно била состојба која најверојатно дека не очекувал дека ќе ја констатираме преку УЈП и преку агенцијата за Катастар со која електронски добиваме податоци за располагање на имот на целата цериторија на Македонија, вели Спиро Ристовски, министер за труд и социјална политика за Здравство24.
Скопјанецот од Чаир не е единствениот кој ја злоупотребувал социјалната помош, но според месечните приходи од издавање на имот драстично се разликува од останатите кои од кирија заработувале од 1200 до 1800-тини евра месечно, а од државата чекале помош од 2500 денари, пари што на некои семејства многу им значат. Злоупотреби се откриени и кај земјоделците. Месечно заработувале и по 3.000 евра, а се пријавувале како социјално загрозени. Само оваа година со новиот софтвер биле откриени стотици вакви случаи. Сите лажни социјалци ќе мора да ги вратат парите.
-Ние во тој дел ќе продолжиме со нашите контроли, прилично се големи заштедите во буџетот кои се реализирани од овие контроли, тоа од друга страна ни овозможува и зголемена исплата на социјалната помош, посебно на оние на кои навистина и е потребна социјалната помош, додаде министерот Ристовски.
Во Македонија околу 40.000 семејства користат социјална помош која се движи од 2.350 до 5.700 денари во зависност од бројот на членовитево семејството.


Види го сорта...
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
така, така (y)
сеа коа ке почнат и оние субвенции што зимаат да ги враќаат парите зашто све со превари е таму :cool:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
За жал многу се чести вкавите како овој... (n)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Скопјанец од Чаир абе кажи Рамковен. Уште пред 10 години сум гледал Рамковки со була како искача од Мерцедес Е класа што го паркира пред социјално и влегува таму. Не е од вчера оваа работа ама не можам да сфатам заработуваш по неколку илјади евра месечно а се цигначиш за 50 евра месечно социјална помош , што инцеси се во прашање. Инаку добра вест е што државата во соработка со УЈП почнува да ги фаќа злоупотребувачите на социјална помош. Уште пред 10 години се имам запрашано дали некој ќе стави ред на ова лудило, очигледно почнува да се става ред. Инаку јас да сум ќе донесам казна секој што злоупотребува социјална помош да плати за казна 20 пати поскапо од тоа што земал. Ако пример некој 2000 евра земал а не му следувале да врати 40 000 евра дали ќе му одземат куќа дали ќе ги извади под перница не е битно.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Колку треба да си нечовек да имаш примања од 9.000 евра, а да го земаш социјалното од 2.500 денари т.е 40 евра. Јас разбирам дека на таквите профили никогаш не им е доста од пари, едноставно се губат во таа машинерија ама се уште не можам до толку да им го разберам менталниот склоп, како не се чувствуваат мизерно да ги земат тие пари за кој некој дури и сонува да ги добие.
 

Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.069
Поени од реакции
11.434
Ако пример некој 2000 евра земал а не му следувале да врати 40 000 евра дали ќе му одземат куќа дали ќе ги извади под перница не е битно.
Џабе збориме, типов за некоја година ќе стане министер за социјални работи.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.121
Поени од реакции
28.870
Треба да се финансираат некои организации...
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ова е идиотско нешто навистина, прееска кога ја отворив темата ми искрсна нешто и не остана време да допишам.

Во последнава година дена ми се случува на мојата трансакциона сметка да пристигнува социјална помош на човек кој има исто име и презиме како моето.
Банката тврди дека таа не го дала бројот на мојата трансакциона сметка, ниту пак матичниот број во центарот на социјални грижи.
Ниту пак лично сум имал некаква потреба да оставам мои информации таму.
Секој месец ми се јавуваат од банка да појдам на шалтер за да му ги префрлам тие 3000 и кусуро денари на сметката од човекот.
Разговарав со директорот од банката кој патем и го познавам лично и истиот ми кажа дека најмалку пет пати разговарале со центарот за социјални работи да ја исправат грешката, но секој месец се случува истата работа и идат парите на мојата сметка.
Му објаснав дека можеби за брзо ќе заминам во странство на подолго време и не планирам никој да ополномоштам да располага со мојата трансакциона и ќе му биде проблем на човекот.

Верувам дека ова не е ваков случај, штом министерот излезе на телевизија со официјално соопштение, но сепак оставам резерва.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
На тие 9000 евра месечно не знам како не го мрзи да оди до социјалното секој месец за 2000 денари. :eek:
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
И он е крив, а криви се и тие што наместо да спроведуваат контроли си играат карти. И после имало, па ќе има.. А оние што се вработени на црно и што земаат социјално, се бројат?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom