Не прави идол, ниту некаква слика, од она што е горе на небото, и што е долу на земјата и што е во водата и под земјата. Да не им се поклонуваш, ниту да им служиш!
Ова е Божја заповед која е прилично недвосмислена. Сепак традицијата во источното ортодоксно христијанство е таква што имаме физички симболи на верата изразени преку фрески, икони, статуи, мозаици, крстови, накит и други видови верска иконографија.
Сето тоа не е сторено со лоша мисла но сепак сме 2024 АД и малку по малку треба да се ослободиме од паганските влијанија кои доминираат во обичајното православие.
That being said, вандализмот кој некои исламисти го направиле со иконата Исусова е за секоја осуда, како и оставањето на Куран на местото на инцидентот.
Ако го отвореле тој нивни Куран ќе увиделе дека Исус (Иса) е еден од најголемите муслимански пророци, позначаен од него е само Мухамед а мајката Христова е најзначајната жена во историјата на човештвото према муслиманската традиција. Какви идиоти ццц...
Уште еднаш би апелирал да не се потенцира Мухамедовата педофилија со цел навреда на некои членови. Еднаш ИРЛ и јас постапив така но на брзина бев побиен со фактот дека Пресвета Дева Марија имала околу 11-12 години кога останала трудна од Светиот Дух а 12-13 кога затруднела со Јосиф кој бил 25-30 годишен во тоа време, што значи дека по денешни сфаќања и тој би бил како да кажам...сомнителен за педобеар. Не е добро тоа, ние како Христијани треба да сме НАД НАВРЕДИТЕ без разлика за која конфесија или етнос се работи. Зарем Исус и Апостолите би вреѓале некого? Па не е финта да се носи Исус на распетие на златен ланец, туку да се живее следејќи го неговиот пример колку што е возможно во овие модерни времиња.
Треба да се има предвид цајтгајстот на одредена доба. Кралеви, цареви, кнежеви во средни век се венчавале со осумгодишни девојчиња практично во сите конфесии, вклучувајќи ги и христијанските.
Традицијата на "таксање" уште од бебиња траела се до крај на 19.век!
Затоа треба да се има на ум контекстот. Не е дека ги бранам исламистите, далеку од тоа, но не гледам потреба за навреди, ние Христијаните сме над сето тоа!