Еве за другото убиство на 04.01.2007
"Сакал да наполни вода, завршил со куршум во градите. Околу 13 часот, 47 годишниот Гоце Заевски од Сингелиќ, бил убиен со огнено оружје на ридот над селото Брњарци. Мештаните слушнале истрели, но за убиството ги известила внуката на Гоце, која денеска со него шетала по ридот. Кога го нашле, Гоце бил во бесознание и набргу починал. Селаните се сомневаат дека го убиле овчарите од соседно Арачиново, кои постојано ги паселе овците во атарот на село Брњарци. „Еден овчар беше на тумбата, избега, друг беше со коњ. Со коњи беа, не ги видовме, после слушнавме пукање“, изјавија жителите на Брњарци. Жителите на Брњарци се жалат дека постојано биле напаѓани од селаните од соседно Арачиново. Велат, дека не се воопшто безбедни. Арачиновци пак со спротивен став. „Може, но јас немам слушнато дека ги напаѓаат, јас тука живеам, нема такво нешто“, велат жителите од Арачиново. Полиција и Истражен судија веднаш пристигнале на местото на убиството. Од МВР потврдуваат, дека еден човек во атарот на село Брњарци е застрелан со огнено оружје. Првично според нив се работи за убиство, но кој и зошто го убил Гоце Заевски, велат дека ќе покаже истрагата."
time.mk
ПС Јас овие работи ги зачувувам во компјутер, зошто со тек на време се случува да исчезнат од интернет архивите