Совршенство постои, се вика Бог!
Бог го создал човекот според својот лик и образ, според тоа секој човек е совршен токму онаков каков што е, проблемот т.е судирот настанува во внатрешноста на битието на човекот и неговите алчни потреба за повеќе (но само во очите на општеството), општеството отсекогаш наметнувало некакви норми за убавина и совршенство доколку зборуваме во естетска смисла, секогаш критериумите за убавина се менувале низ вековите, доколку на Пр.порано биле сметани за убави жени со блед тен и мали гради,
денес поимот за убавина наметнува поинакви критериуми (темен тен, големи гради, полни усни итн).-со силикон разбира се хехе
Секој човек е совршен онаков каков што е секоја потреба за постигнување на совршенство односно задирање во Божјата креација е однапред осудено на неуспех, бидејќи Бог не создал онакви какви што сметал дека треба да бидеме и нам ни преостанува само да се прифатиме себеси.
Но сепак волјата за моќ отсекогаш владеела со човековата психа, кога некој човек смета дека има т,е исполнува некакви си наметнати општествени услови за убавина автоматски е убав, но каде е тука внатрешната совршеност? Зошто никој не се стреми кон таква совршеност туку светов полуде сите под нож се ставаат само да исполнат некој норми што потоа? Дали сите жени треба да изгледаат како под калап исто? И јас немам одговор на некои прашања па не сум сезнајко:smir: