Прашање за оние што се разбираат малце повеќе во автомеханика.
Имам Мондео МК3 1.8i мотор (бензинец) 125 коњи. Во последниве 2 недели го приметив дека кога пример застанувам на семафор од движење во некоја нормална брзина 40-50 на час, иако ми е притиснено квачилото доаѓа до момент како да сака да изгаси (затрокирува 2-3 пати) и после се оправа. Што може да е проблемот?
Исто уште едно нешто со кое што се мачам подолг период, кога ќе стиснам на гас за претекнување му треба малце време да убрза, после кога ќе фати брзина нема гајле до 200+ терај прима како ненормален ама во старт пример движење у 4та на 60-70 и сеа притискаш да убрзаш му треба време, знам дека не е турбо дизел па да има одговор одма ама мислам дека е премногу летаргичност и за бензинец дури.