Од што може да ми гуши на отворен пат понекогаш не оди над 3000 обртаи.
Светнува ламбичето за грејачите, а некогаш и не светнува едноставно не крева обртаи и не влечи, вчера на делници одеше и до 3700 обртаи во 5та и креваше до 140 без проблем, на делници едвај 110 и 2700 обртаи (на Плетвар дури и на 3та спуштив и на 50км/h, а празна беше колата, друг пат сум возел без проблем со 4та и 80-100ка со 4ца).
Дали може да е затнат усис и ЕГР или маката во турбина или бош (регулатор)?
Исто и при палење и со добар акумулатор вергла по 6-7 пати, порано 2пати и чакмак палеше.
Филтер за нафта сменето пред 14 000 километри година и пол, пред 2 години го чистев ЕГР и усисна грана, турбина не е чепната до сега.
scenic 1.9dci, 75KW, 160 000км.
А и препорачајте мајстор да му ја однесам да ми ги смени гумиците на летвата (за ублажување на ударите мислам им се ставени), мислам дека е овој
делот почна на секоја ситна нерамнина да ми тропка ама ситно тропкање дури по нерви да ти оди како да возиш по калдрма, не се јабучиците, споните, буферите и амортизерите (се ова е сменето пред помалку од 12000км), а и на регистрација ми спомна дечкото дека се супер само долу на летвата се готови гумиците.