може да е Volkswagen Fastback!?Може некој да ми каже ако знае што кола е ова?Мислам дека е некој Фолксваген најверојатно Пасат.
Многу се жалат од Ми-Да дека стварно нарачките им каснат со месециСе јавувам кај Ми-Да да ги прашам како стои ситуацијата со колата, која според нив најдоцна до 15ти септември ќе беше испорачана и добив одговор дека рокот го продолжуваат за 1 месец најмалку, т.е. најрано ќе стигне на 15ти октомври. Веќе чекам 2 месеци и сам веќе не знам што чекам... Боинг 747 по custom порачка? Што да правам сега? Ни на крај памет не очекував дека иако плаќам во кеш и не им се ценкав ниту денар помалку од тоа што ми побараа дека ќе треба минимум 3 месеци да чекам за да ја добијам колата. Да не ми прирасна Фокусот за срце, нека ми пропадне капарот у пм, ќе купев друга кола.
Се нервирам за ова затоа што јасно им нагласивме дека доколку не би можеле најкасно до 1 октомври да ја донесат тука, тогаш ќе идеме во друг салон, едноставно не ни одговара, ново возило ни треба од 1ви. Девојката беше како: пффф, 100% ќе стигне до октомври, воопшто не се секирајте, ќе имаме пратка во средина на септември. Овој разговор и порачката беше остварена на средина на Јули. Сега ми иде да им отидам во салонот и да ги испцујам сите, ама што фајде од тоа... кај и да се жалам за џабе ќе биде, ама барем нервозата да си ја исфрлам :/Многу се жалат од Ми-Да дека стварно нарачките им каснат со месеци
Јас би идел со дизел варијантата... едноставно дизел моторите ми лежат, така да воопшто не би се двоумел. Само би барал возилото да има клима кога веќе даваш толку пари.Ај вака да почнам, сакам да си купам кола половна не нова, до 5000 евра (5 и нешто ако е ептен запната ситуацијата) сакам да земам Сеат Ибица 2001 со фул опрема најдов една 1.4 16в мотор (од VW Поло) со 75 коња, со поминати 120 000 км (барем така вика) или друга една Сеат Кордоба 2002 со 1.9 SDI 70 коња 110 000 км, клима нема, е сега која е подобар избор, во однос сервис, делови, потрошувачка знам дека дизелот помалку троши... Друго незнам И ме интересира онака возна состојба тие што пробале сигурно знаат, тромави, вакви онакви...
Се надевам ќе ми помогнете... Поздрав
Де бе се оправа турбината, 200 евра е да ја промениш. За тие пари клима уред неможеш да најдешАха и јас така мислев за дизелот, е сега денес најдов и Сеат Ибица 2000 год со TDI мотор 90 коња, со 125 000 км, со клима, и ме интересира што мислите за овој мотор, и слушнав чаршиски муабети, дека моториве на Сеатите не биле оние вистинските на VW туку незнам какви, клиповите им „тропале“, на овие ТДИ турбината и се расипувала и такви слични работи... Дали некој имал некое лично искуство ... Инаку би ја земал јас оваа задутре идам да ја гледам со механичар да видам тој што ќе каже...
Поздрав, :helou: