Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

KevinM

PC YODA MASTER
Член од
5 септември 2007
Мислења
82
Поени од реакции
0
Може некој да ми каже ако знае што кола е ова?Мислам дека е некој Фолксваген најверојатно Пасат.

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
892
VW TYP 3 (врз база на Бубата е правена, значи цела механика и електрика е од Буба)

Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Се јавувам кај Ми-Да да ги прашам како стои ситуацијата со колата, која според нив најдоцна до 15ти септември ќе беше испорачана и добив одговор дека рокот го продолжуваат за 1 месец најмалку, т.е. најрано ќе стигне на 15ти октомври. Веќе чекам 2 месеци и сам веќе не знам што чекам... Боинг 747 по custom порачка? Што да правам сега? Ни на крај памет не очекував дека иако плаќам во кеш и не им се ценкав ниту денар помалку од тоа што ми побараа дека ќе треба минимум 3 месеци да чекам за да ја добијам колата. Да не ми прирасна Фокусот за срце, нека ми пропадне капарот у пм, ќе купев друга кола.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183

Многу се жалат од Ми-Да дека стварно нарачките им каснат со месеци:toe:
 
KevinM

PC YODA MASTER
Член од
5 септември 2007
Мислења
82
Поени од реакции
0
Фала, знаев Фолксваген е така ми изгледаше
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Многу се жалат од Ми-Да дека стварно нарачките им каснат со месеци:toe:
Се нервирам за ова затоа што јасно им нагласивме дека доколку не би можеле најкасно до 1 октомври да ја донесат тука, тогаш ќе идеме во друг салон, едноставно не ни одговара, ново возило ни треба од 1ви. Девојката беше како: пффф, 100% ќе стигне до октомври, воопшто не се секирајте, ќе имаме пратка во средина на септември. Овој разговор и порачката беше остварена на средина на Јули. Сега ми иде да им отидам во салонот и да ги испцујам сите, ама што фајде од тоа... кај и да се жалам за џабе ќе биде, ама барем нервозата да си ја исфрлам :/
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243
Ај вака да почнам, сакам да си купам кола половна не нова, до 5000 евра (5 и нешто ако е ептен запната ситуацијата) сакам да земам Сеат Ибица 2001 со фул опрема најдов една 1.4 16в мотор (од VW Поло) со 75 коња, со поминати 120 000 км (барем така вика) или друга една Сеат Кордоба 2002 со 1.9 SDI 70 коња 110 000 км, клима нема, е сега која е подобар избор, во однос сервис, делови, потрошувачка знам дека дизелот помалку троши... Друго незнам :toe: И ме интересира онака возна состојба тие што пробале сигурно знаат, тромави, вакви онакви...
Се надевам ќе ми помогнете... Поздрав
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
1.9 SDI ти е еден од најиздржливите мотори, таксистите ги навозија по 500 000 км со нив. Другар ми купи поло со таков мотор, малку троши, квалитетен е меѓутоа нема турбина и е прилично тром.

1.4 16v не сум упатен баш јас го имам 1,4 8v и сум екстра задоволен бидејќи е таман стокмен за таа каросерија (1,0 1,3 1,4 и 1,6 беа во понуда).
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Ај вака да почнам, сакам да си купам кола половна не нова, до 5000 евра (5 и нешто ако е ептен запната ситуацијата) сакам да земам Сеат Ибица 2001 со фул опрема најдов една 1.4 16в мотор (од VW Поло) со 75 коња, со поминати 120 000 км (барем така вика) или друга една Сеат Кордоба 2002 со 1.9 SDI 70 коња 110 000 км, клима нема, е сега која е подобар избор, во однос сервис, делови, потрошувачка знам дека дизелот помалку троши... Друго незнам :toe: И ме интересира онака возна состојба тие што пробале сигурно знаат, тромави, вакви онакви...
Се надевам ќе ми помогнете... Поздрав
Јас би идел со дизел варијантата... едноставно дизел моторите ми лежат, така да воопшто не би се двоумел. Само би барал возилото да има клима кога веќе даваш толку пари.
 
Член од
7 септември 2009
Мислења
155
Поени од реакции
243
Аха и јас така мислев за дизелот, е сега денес најдов и Сеат Ибица 2000 год со TDI мотор 90 коња, со 125 000 км, со клима, и ме интересира што мислите за овој мотор, и слушнав чаршиски муабети, дека моториве на Сеатите не биле оние вистинските на VW туку незнам какви, клиповите им „тропале“, на овие ТДИ турбината и се расипувала и такви слични работи... Дали некој имал некое лично искуство ... Инаку би ја земал јас оваа задутре идам да ја гледам со механичар да видам тој што ќе каже...
Поздрав, :helou:
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
vw мотори имаат ама како што кажа страдаат турбините ако не се вози како што треба ако го бркаш и застанеш го угаснеш моторот ако ја бркаш не загреана за сите коли со турбини важи ова при нагла промена на температурите има мала деформација на перките која за подолг период преминиува во голема.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Аха и јас така мислев за дизелот, е сега денес најдов и Сеат Ибица 2000 год со TDI мотор 90 коња, со 125 000 км, со клима, и ме интересира што мислите за овој мотор, и слушнав чаршиски муабети, дека моториве на Сеатите не биле оние вистинските на VW туку незнам какви, клиповите им „тропале“, на овие ТДИ турбината и се расипувала и такви слични работи... Дали некој имал некое лично искуство ... Инаку би ја земал јас оваа задутре идам да ја гледам со механичар да видам тој што ќе каже...
Поздрав, :helou:
Де бе се оправа турбината, 200 евра е да ја промениш. За тие пари клима уред неможеш да најдеш :)

Инаку 125.000 км за тој мотор (Ако е TDI а не SDI) е шега...
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Што е ова гледам Форд Фокус за 11,100 евра со бајаги опрема +500 евра за алуминиумски бандажи и зонска клима и уште нешто имаше?

Ако некој скоро бил во МИДА салонот да ми ја потврди оваа информација, ако е точна одма одам старо за ново.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom