- Provide accelerator resistance to make speeding more difficult, but still possible (termed half-open). This system is like cruise control, except the speed limit (not the driver) determines when to engage speed resistance. Drivers may be able to turn off the system with a switch; and
- Automatically prevent speeding above the speed limit (mandatory speed compliance).
- Compared to speed governors, which can only limit the maximum speed of vehicles, ISA has the potential to help control speed of all motor vehicle types according to the prevailing limit at a location.
Овие не се со сите штици во глата, дефинитивно.
Доколку ти контролира лимит на брзина на некоја „локација“ (пошто не е наведено каде, но без разлика) и мора заради некоја животозагрозувачка причина да забрзаш, значи ти се еба мајката.
Постојат регулативи во ЕУ за новите возила да поседуваат уред за снимање (нешто ко црна кутија) и тоа е во ред за ако се деси сообраќајка да се знае кој е виновен, но тоа дополнително ќе ја крева цената и да старите возила исто ќе добијат на цена и вредност. Истото беше и со тоа задолжително да имаш камера назад или паркинг сензори (но се потенцираше за камера) заради побезбедно паркирање и тоа веќе се применува од септември годинава во Германија (повторно, за нови возила).
Изгледа одат кон комплетно автоматизирање на возењето, ги живееме последните години на да ти забрчи мотор под хауба, да „дивееш“ на автопат (скоро секаде ќе те искинат од казни за брзо возење и држење дистанца), но ќе го направат уживањето во возењето и не баш толку уживање.
Од друга страна за новите возачи, за релативно новите возачи или за оние кои се понашаат како стоки вакви одредби се ите поќе од добредојдени пошто ниту дистанца држат, ниту пак безбедно возат. Овде статистиката е дека на секои 7 минути има сообраќајка - прашањето е кога, а не дали воопшто, ќе доживееш сообраќајка и каде таа ќе биде: на автопат со 140 (па крсти се за преживување) или некаде на паркинг ќе те закачи некој.
За дел до Германците, пошто се добро познати по тоа нивно „шпарен“ (штедење) ќе дојди добро ако осигурителните компании им даваат попусти за „добро однесување“ - како примерот со Холандија кога тестирале, ама грото мислам дека нема да им ги сменат навиките бидејќи изгорени се да живеат во стрес (го креираат и таму кај што го нема и каде нема потреба од истиот) - особено во сообраќај каде на семафор се очекува да тргниш со втора и секогаш да возиш на лимит на ограничувањето, без воопшто да полага некој рачун за држење дистанца или возење цик-цак помеѓу лентите (и во град и на отворено).
Кај да е за дестина години прашање ќе биди и дали ќе поседува некој автомобил или сите ќе бидиме збутани во јавни превози, првенствено заради трошоците за автомобили и потоа ваквите одредби за безбедност и слично.