Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Имам еден проблем со Опел Астра 1.7 дизел 1998 година

Проблемот е во тоа што, кога ќе дојде зима и вака да има ниски температури колата многу тешко пали, многу се мачи, цело време вергла и неќи да запали. Дури после 4-5 добри верглања колата ќе запали, да поработи малку моторот колку да загреј после нема гајле, пали на прво, значи проблемот е дури првиот пат да запали.
Колата на лето тој проблем го НЕМА ! На лето си пали на прво како чакмак, само на зима се мачи...

Имам сменато греачи, нафтен филтер, воздушен филтер, бошот е направен ремонт. Колата носи OHC мотор...

Незнам каде можи да е проблемот, па барам совети од вас
Може да е слаб акумулаторот,маслото во мотор има летно и зимско.
Колку има поминато исто има влијание и дали си измерил компресија.
 
аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
да си пишам и ја за мојот проблем... иам проблем со казанчето за парно ( малиот хладњак ) - се решив да растурам сам и да вадам ... СЕ што имаше напред ама буквално СЕ се вади.. шал табла цела фиоката вентилаторот цевки инсталација жици ама БУКВАЛНО СЕ - на господ бељата.... ја расклапав 2 дена а за склопување несакам да помислам и врв на се НЕ УСПЕАВ да го извадам хладњакот за парно затоа што дополнителен проблерм ми ствара климата... цевките за климата се врзани со една метална стега за цевките од парното и чаре е само испуштање на цел фреон па вадење на цевките за климата па тек тогаш вадење на казането... искрено ако некој има проблем сличен како мојов не му препорачувам сам да чепка - строго мајстор!! пошто има еден куп недостапни места кај што ништо живо неможе да стигне и 300 иљади заебанции....

сва среќа се јавив у еден сервис им објаснив што е работата и ми рекоа ново хладњаче 1500 денара и работна рака за склопување уште 2000 ки - ке му ја одшлепам колата на човекот нека го напраи пошто слиакта е СТРАШНА ! - еве во прилог една слика од гугл да видите како изгледа ( кој незнае )

ако има некој вакво слично искуство со казанче за парно нека сподели некоја информација.
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Наздравје 400-500к километри.
Црвената сијаличка ти светеше
Ел.дизна и пред да почне да повремено да светка за да трајно светне давала знаци така што колата димела црн дим.
Ти како што кажуваш отидена ти е ел.дизна и нормално е да не може да запали колата.
Ке ја почастиш на колата со 50-60 евра со нова дизна.
Без разлика дали е дизел има бензинска.
На турбото има електроника која е синхронизирана со електронската дизна и ел.пумпа.
Пред да купиш ел.дизна авто електричар обавезно да ги провери сите греачи и релето.

Во право беше,електронската дизна откажала.Имам 1-2 греачи прегорено сигурно,трепка сијаличето,ама пали без проблем.Мислам дека му рекле на тато околу 1500 денари ќе кошта со се монтажа,изгледа половна.Не ми се верува 1000-1300 денари нова електронска да е,или толку одат.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Во право беше,електронската дизна откажала.Имам 1-2 греачи прегорено сигурно,трепка сијаличето,ама пали без проблем.Мислам дека му рекле на тато околу 1500 денари ќе кошта со се монтажа,изгледа половна.Не ми се верува 1000-1300 денари нова електронска да е,или толку одат.
Може и на корсата дизел да е истиот проблем ?
дими црно, не влече убаво и на повисоки обртаи наеднаш забрзува

значи ова не се дизните туку некоја главна дизна за довод на нафта?
 
Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Може и на корсата дизел да е истиот проблем ?
дими црно, не влече убаво и на повисоки обртаи наеднаш забрзува

значи ова не се дизните туку некоја главна дизна за довод на нафта?

Кај мене изгаси,и неможев да ја запалам веќе.Ако ти гаси и тебе,можно да е.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
ако има некој вакво слично искуство со казанче за парно нека сподели некоја информација.
Добредојде во клубо. Ти изгледа познато?

3 пати го вадев казанчето на Мерцедесот ради една гумичка од која пушташе антифриз во кабината... Нема клима, така да проблемот шо го имаше ти со цевките го нема, меѓутоа требаше и седиштата да се извадат за да се извади централната конзола и делот шо го покрива менувачот за да се открие казанчето.

Заебана работа пред се, мада му го зедов редот... во 1 ден ја растурам и ја собирам цела кола сам без проблем :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344

На Рено 5 не мора да се вади ништо :) Ама има малце заебанција ради просторот. Успеав да го извадам казанчето и ставам назад, а попатно и да го средам цревото. Сега е суво наоколу.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
На Рено 5 не мора да се вади ништо :) Ама има малце заебанција ради просторот. Успеав да го извадам казанчето и ставам назад, а попатно и да го средам цревото. Сега е суво наоколу.
Да, така беше и на Нивата, идеа цревца до внатре, милина за работа.
Ама на Мерцов низ шасија излегуваат цевки едно 10 цм... ко да никогаш нема да се дупни. Така да дури не растуриш се по пропис, да откачиш цревата и да го повлечиш целото парно (сосе сајли, вентилатор, и еден куп матракуки, ништо од бизнисот... тек после можиш да го расклопуваш парното, да го откачиш вентилаторот и да дојдиш до казанчето.
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
Да, така беше и на Нивата, идеа цревца до внатре, милина за работа.
Ама на Мерцов низ шасија излегуваат цевки едно 10 цм... ко да никогаш нема да се дупни. Така да дури не растуриш се по пропис, да откачиш цревата и да го повлечиш целото парно (сосе сајли, вентилатор, и еден куп матракуки, ништо од бизнисот... тек после можиш да го расклопуваш парното, да го откачиш вентилаторот и да дојдиш до казанчето.
Кај Реното беше интересно тоа што по ПС ако работиш треба таблата да излезе... така и по форуми објаснуваа и се тоа...
Ама кој ќе вади бре се тоа, а го гледам казанчето???
Затоа, малце нагоре ја бутнав таблата, па маневрирав малце со педалата за гас и некако го извадив, средив, и пак назад... а можеби попаметно ќе ми беше ако ја извадев педалата за гас..
Абе 1300 е најзакон за тоа. Излегува оздола цело парно хехе... за 3 минути :)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Кај Реното беше интересно тоа што по ПС ако работиш треба таблата да излезе... така и по форуми објаснуваа и се тоа...
Ама кој ќе вади бре се тоа, а го гледам казанчето???
Затоа, малце нагоре ја бутнав таблата, па маневрирав малце со педалата за гас и некако го извадив, средив, и пак назад... а можеби попаметно ќе ми беше ако ја извадев педалата за гас..
Чим среди... не е ни битно.

Абе 1300 е најзакон за тоа. Излегува оздола цело парно хехе... за 3 минути :)
А кога сме кај тристаќот... до кај си бре? Јас уште еден мерцедес ќе напрам, ти неможиш да го склопиш... да го фарбаше со капаче од лак за нокти до сега ќе го офарбаше :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.344
А кога сме кај тристаќот... до кај си бре? Јас уште еден мерцедес ќе напрам, ти неможиш да го склопиш... да го фарбаше со капаче од лак за нокти до сега ќе го офарбаше :)
Сеуште си стои кај лимарот... И он е крив а и јас сум крив :) Реното ми изеде парите, па куќа, па ова она... а и на мајсторот некако не му се брза... па се надевам дека конечно ќе биде до летото.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Сеуште си стои кај лимарот... И он е крив а и јас сум крив :) Реното ми изеде парите, па куќа, па ова она... а и на мајсторот некако не му се брза... па се надевам дека конечно ќе биде до летото.
Не е битно кој е крив, ајде на лето да видиме напредок. Фиатите веќе и ги снема од улиците исто како и сите возилца произведени пред 80-та...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.005
Во право беше,електронската дизна откажала.Имам 1-2 греачи прегорено сигурно,трепка сијаличето,ама пали без проблем.Мислам дека му рекле на тато околу 1500 денари ќе кошта со се монтажа,изгледа половна.Не ми се верува 1000-1300 денари нова електронска да е,или толку одат.
На моето браво му сменив нова електронската дизна за 50 евра,а одговара и од мареа.
Половна имаш расипана ако земеш половнаа од кај знаеш колку колку има поминато и колку ќе трае.
Мој совет ти е да си ги смениш греачитеи не чини жива нафта да оди во цилиндрите и да си ставиш нова електронска дизна.
Зимото уште не поминало.(y)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom