Човекот со Мерцедесот дојде вчера околу 22:30 и ја видов на кратко колата. Од тоа што можев да видам, од надвор беше солидно сочувана, немаше некои видливи знаци на рѓа или слично.
Е сега, внатрешниот дел малку друга приказна.
Почнуваме од десно на лево.
Генерално обележаните елементи беа "раздрдани". Департманот за упаљач/чување пари работи различно на Elegance (како на сликата), односно не е еден цел црн елемент туку е кафеаво дрво и се превиткува како што го отвараш. Кај него не идеше како што треба, сите мали правоаголници не беа споени убаво.
Бидејќи го менувал радиото, ја отворил цела централна конзола и сега не е убаво ставена, односно малку е нанадвор кај климата во долниот дел. Поради тоа, компартментот после менувачот не се отвара кога ќе го стиснеш, треба конзолата исто да ја притиснеш навнатре.
Компартментот кај совозачот кога е затворен виси од страна, баш таму вратата каде што се затвара. И финално бидејќи нешто со електрониката на прозори не функционирало, додека поправал ставал друг дрвен елемент (светол) кај командите за прозори кај возачот. Овде обележав кај совозач, иначе е кај возач - четирите прозори каде што се контролираат. Рече дека го има и оригиналниот дрвен елемент.
Е сега, пред се сакам да знам некој дали имал вакви проблеми и дали се средуваат, мали се и домаќинска кола е - не е авто-плац па се да изгледа гланц ново.
Колата има предност што е со алуминиумски бандаши (најубавиот вид), автоматски менувач и кожа. Плус бара пристојна цена од 6500. Утре ќе ја видам пак, но ме интересира ваше мислење за овие елементи и дали се поправаат на еден или друг начин.
Dzish и било кој друг
