Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Провери го предниот браник нешто килаво стои во однос на хауба и фарови :) а убаво делува.
Колку европејци бара?

Тоа сакав да го прашам и Dzish, јас приметив дека кај СИТЕ, ама буквално сите досега има проблем каде што се спојува каросеријата со браникот кај фарот, кај она шпицовите. На едната страна е добро, на другата забегува малце.

За цена ќе зборам, јас со текот на гледањето (бидејќи и со татко ми купувам) решивме дека ќе зимаме со кожа, па малце и очекувањата пораснаа. Ние баравме сребрен со бела кожа, ама мислам такви не ни постојат. :)
 
Некој да ми каже делот што е за брисачи, жмигавци како се вика? Нешто е зезнато со тој дел, прскалката сама си прска од време на време, при вртење на волан, при пуштање на жмигаци, при давање контакт. Се работи за поло. Пожелно е на англиски ако знае некој делот како се вика да ми каже :)
 
Шо е до мене, јас можам да ти сликнам мојот и да ти пратам слики, чисто за споредба. Од слика браникот изгледа оригинален... можно е да е заменет.

Инаку, колку шо имам видено, во Ц класата тураат само црна кожа и никаква поинаква. Во Е класата има избор на бои.

На нашки се вика ракета. На англиски wiper switch.
 
Па симни ја долната пластика од воланот и одма ке стигнеш до џековите од ракетите и види дали се е ОК
 
Шо е до мене, јас можам да ти сликнам мојот и да ти пратам слики, чисто за споредба. Од слика браникот изгледа оригинален... можно е да е заменет.

Инаку, колку шо имам видено, во Ц класата тураат само црна кожа и никаква поинаква. Во Е класата има избор на бои.

На нашки се вика ракета. На англиски wiper switch.

Има и бела кожа, но не на сребрена боја. Обично плавите одат со плава внатрешност, црните со црна итн, но по порачка можело се.
Еве еден со бела кожа, Класик и тоа.

Сепак, човекот бара 7700 што е премногу за Classic со стандардна опрема, бар според пазарот...

http://reklama5.mk/Details.aspx?ad=715991
 
Како опција за доплаќање.... не прашувај, има еден куп опции. Инаку, има и такви и вакви, мојот внатре е сивкаст надвор сребрен, на G0cK@t@ e исто сребрен, па е светло плав внатре. И двата се класик.

п.с. тој на сликата види го каков оштетен волан има... 200.000, малкупотешко.
 
За вториот не правам муабет, гледав доста комбинации на нет и не сум нашол бела внатрешност со црн волан. Воланот е иста боја како горниот дел од ентериерот, обично сив или крем. Значи менуван е воланот и правени се некакви модификации.

Иначе знаеш сам како да ресетираш сервисен интервал? Зашто јас додека истражував најдов, дури и во упатството има. :)
 
Не чепкам по електрониките. Масло ко се смена се напрај и ресетираат сервисен интервал преку компјутер, ни до тогаш, ни од тогаш сум буричкал.

Знам дека има клучот едниот да го програмираш, така што колата со него нема да оди појќе од зачуваната брзина (пример на син ти му ја даваш и му ја заклучваш од 90 да не оди појќе), ресетирање на сервисите, ресетирање на ECU, поддесување на Sport мод на работа и уште миљарда чуда тракатанци... кои не ми требаат.
 
Само да те поправам набрзина, ама ќе гледам подетално да видам - немам време во моментов. Не постои Sport Mode, тоа е Standard и Winter на автоматикот. Така што гледам и други кои продаваа коли викаа Sport, ама 99% сум сигурен дека во упатството се Standard и Winter. :)

Ќе ѕирнам поручек подетално и ќе пишам што е разликата.
 
Кога е пуштено парното, под хауба има некој мирис на изгорена гума (нешто најблизок мирис е на битомен, за под паркет :) ) Кога не работи моторот (следниот ден) мирисот го нема. Се работи за Пежо 307 HDI 2.0

Ако има некој вакво искуство што може да биде извор на ваков мирис. Благодарам,
 
Тоа сакав да го прашам и Dzish, јас приметив дека кај СИТЕ, ама буквално сите досега има проблем каде што се спојува каросеријата со браникот кај фарот, кај она шпицовите. На едната страна е добро, на другата забегува малце.

За цена ќе зборам, јас со текот на гледањето (бидејќи и со татко ми купувам) решивме дека ќе зимаме со кожа, па малце и очекувањата пораснаа. Ние баравме сребрен со бела кожа, ама мислам такви не ни постојат. :)

Кога сме кај кожата, да не се претапацирани седиштата види спореди, некако ми изгледаат како "скај" :confused:

и тоа со радиото што е сменето и црната пластика изгледа грдо :(
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom