Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Само да те поправам набрзина, ама ќе гледам подетално да видам - немам време во моментов. Не постои Sport Mode, тоа е Standard и Winter на автоматикот. Така што гледам и други кои продаваа коли викаа Sport, ама 99% сум сигурен дека во упатството се Standard и Winter. :)

Ќе ѕирнам поручек подетално и ќе пишам што е разликата.
Само во BMW постои
 
Кога е пуштено парното, под хауба има некој мирис на изгорена гума (нешто најблизок мирис е на битомен, за под паркет :) ) Кога не работи моторот (следниот ден) мирисот го нема. Се работи за Пежо 307 HDI 2.0

Ако има некој вакво искуство што може да биде извор на ваков мирис. Благодарам,
ВО КАБИНА ТИ МИРИСА ПАРНО КОА ЌЕ ПУШТИШ ИЛИ НАДВОР МИРИСА?
 
ВО КАБИНА ТИ МИРИСА ПАРНО КОА ЌЕ ПУШТИШ ИЛИ НАДВОР МИРИСА?

Во кабина замирисува само кога ќе застанеш на семафор или на паркинг, исто така мириса кога ќе дигнам хауба.
 
Во кабина замирисува само кога ќе застанеш на семафор или на паркинг, исто така мириса кога ќе дигнам хауба.

А имаш ли проверено кај совозачкото место,долу,под патосницата дали е водено,или кај возачкото место,исто под патосницата.
 
А имаш ли проверено кај совозачкото место,долу,под патосницата дали е водено,или кај возачкото место,исто под патосницата.
Нема вода во кабина, се е суво.
 
Нема вода во кабина, се е суво.
Од кога се појави мирисот? Размисли дали имаш нешто чепкано сервис некаков масло дали си сменил блиско време пред мирисот да се појави дали троши масленце колата антифриз дали имаш менувано ти текнува на нешто такво? ако сакаш можам да ти понудам еден спреј имам го прскаш во вентилацијата и ја чисти ама мене не ме тера на нешто такво мислам дека на др место е проблемо
 
Незнам дали се поклопува, ама имам дотурено антифриз околу 300-400ml на два пати. Кога беше ептен ладно, имаше мала загуба на антифриз, сега нема.
Не е до вентилацијата, сигурно.
 
Незнам дали се поклопува, ама имам дотурено антифриз околу 300-400ml на два пати. Кога беше ептен ладно, имаше мала загуба на антифриз, сега нема.
Не е до вентилацијата, сигурно.

Или ти го меша со маслото,или ти тече од некаде,а не приметуваш.Искрено се надевам дека не го меша со масло
 
Или ти го меша со маслото,или ти тече од некаде,а не приметуваш.Искрено се надевам дека не го меша со масло

Од тоа што го читав по форуми, мин се шансите да меша масло и антифриз ама и тоа стои како варијанта, инаку нема никакво трошење на улје, улјето е црно, какво што треба да биде, нема мајонез на капачето за улје, нема бел чад позади од ауспух итн. Течење нема, може да има подлизнување од некаде. Ќе видиме мајсторот шо ќе каже.
 
малку повеке помош???? внатре во колата шофершајбната и задното стакло премногу ми ,,потат,,или како да речам кондензираат нон стоп има капки влага од внатре на нерва ми оди+прашање за парното затнато ми е кај да го носам и колку би ме чинело да си дува нормално+ не дува топло само млако а на мах е пуштено за топлина се работи за климатроник рено лагуна
 
Чим ти фали,очигледно го губи некаде.Дизел ли кола е?Улјето секогаш и во сите коли е црно,освен во тубето кога го купуваш.Најверојатно кога е загреана колата,пушта од некаде,и одма испарува,и не го приметуваш.
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 00:52 ---
малку повеке помош???? внатре во колата шофершајбната и задното стакло премногу ми ,,потат,,или како да речам кондензираат нон стоп има капки влага од внатре на нерва ми оди+прашање за парното затнато ми е кај да го носам и колку би ме чинело да си дува нормално+ не дува топло само млако а на мах е пуштено за топлина се работи за климатроник рено лагуна

Тоа за греење,према шофершајбната ли ти е насочено.А за назад чим маглат,заден греач нема ли?
 
Човекот со Мерцедесот дојде вчера околу 22:30 и ја видов на кратко колата. Од тоа што можев да видам, од надвор беше солидно сочувана, немаше некои видливи знаци на рѓа или слично.

Е сега, внатрешниот дел малку друга приказна.

Mercedes_W203_Custom_Interior_Blue_Pattern_3.jpg

Почнуваме од десно на лево.
Генерално обележаните елементи беа "раздрдани". Департманот за упаљач/чување пари работи различно на Elegance (како на сликата), односно не е еден цел црн елемент туку е кафеаво дрво и се превиткува како што го отвараш. Кај него не идеше како што треба, сите мали правоаголници не беа споени убаво.

Бидејќи го менувал радиото, ја отворил цела централна конзола и сега не е убаво ставена, односно малку е нанадвор кај климата во долниот дел. Поради тоа, компартментот после менувачот не се отвара кога ќе го стиснеш, треба конзолата исто да ја притиснеш навнатре.

Компартментот кај совозачот кога е затворен виси од страна, баш таму вратата каде што се затвара. И финално бидејќи нешто со електрониката на прозори не функционирало, додека поправал ставал друг дрвен елемент (светол) кај командите за прозори кај возачот. Овде обележав кај совозач, иначе е кај возач - четирите прозори каде што се контролираат. Рече дека го има и оригиналниот дрвен елемент.

Е сега, пред се сакам да знам некој дали имал вакви проблеми и дали се средуваат, мали се и домаќинска кола е - не е авто-плац па се да изгледа гланц ново.

Колата има предност што е со алуминиумски бандаши (најубавиот вид), автоматски менувач и кожа. Плус бара пристојна цена од 6500. Утре ќе ја видам пак, но ме интересира ваше мислење за овие елементи и дали се поправаат на еден или друг начин.

Dzish и било кој друг :)
 
Во кабина замирисува само кога ќе застанеш на семафор или на паркинг, исто така мириса кога ќе дигнам хауба.
Мислам дека го имав истиот проблем со службената кола, прво мирисаше на гума изгорена внатре после почна да ги магли прозорите за на крај да испадне дека хладњачето за парно пушта антифриз. На мајстор да го провериш или ако не ти се даваат моментално пари ќе си земеш од таа кристална вода или како ја викаат да ставиш во антифриз и ќе помогне барем накратко, поздрав
--- надополнето: 20 февруари 2013 во 08:02 ---
малку повеке помош???? внатре во колата шофершајбната и задното стакло премногу ми ,,потат,,или како да речам кондензираат нон стоп има капки влага од внатре на нерва ми оди+прашање за парното затнато ми е кај да го носам и колку би ме чинело да си дува нормално+ не дува топло само млако а на мах е пуштено за топлина се работи за климатроник рено лагуна
Филтерот за полен да го замениш не е скап па после види,
 
...Dzish и било кој друг :)
Ти друже незнам шо си гледал во 22.30, јас ти викам види ја колата на сонце. Особено за надворешниот изглед. По темница, се знај шо се прај :). Кола не се гледа.

Тие натре работите, тешко дека се оправат... Ако треба да ги бараш на старо или нарачуваш од нет ќе те кошта. Поприлично. Вака од прво, ко да тие 180.000 км не ми делуваат реално.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom