Сакав да ве прашам која цена можам да ја извадам за добро сочувано Тико од 1996-та година?
Вака, Тикото го имам земено на старо во 2001-ва, пред мене тој колку го возел и дали ги враќал километрите, не знам. Откако го земаа моите за мајка ми, она го батали и продолжи на работа да си оди со автобус. Гаражирано е до 2007ма некаде, значи само палено редовно и се тоа, возено НЕ. Од 2007ма го провозев јас, до кај 2009та некаде, се на се има поминато 83.000 километри.
Од 2009-та исто седи и не го возиме, одамна сакав да го продадеме додека сите го бараа, ама татко ми инат.

Не е регистрирано и има проблем со задните амортизери (треба да се менуваат), па колку да му барам за да го продадам во рок од месец-два?
Конечно ќе зимам нова кола, па заглавив со тиково сега, место уште во 2002-ра да го продадеме.
П.с. Не е возено зашто татко ми се инатеше за регистрацијата, нејќеше да троши пари за регистрација и цело време беше на дилема ќе го продавам-не го продавам. Не го возам веќе, бидејќи стресови за џандари пазење нејќам да имам.