Каде може да ми ги поправат задните греачи на стакло во Скопје?
Ни една рецка не ми работи од тоа абдалите кога ќе фатат да бришат при перење на колата...
Види прво дали некоја од линиите работи.
Ако НИЕДНА не работи, провери ги контактите. Извади ги контактите, многу веројатно е да се оксидирани, таму има влага... Тие се или на страната, или долу... Ги исчисштиш, и ќе работат. Или, како што прилепчанецот кажа погоре, може да е осигурач...
Тоа е полесната опција.
Потешката е ако НЕКОЛКУ линии работат.
Тогаш, има прекин на самата линија. Тој прекин е тешко видлив со голо око, и би го барал со унимер, на вклучен грејач.
Кога ќе го најдеш прекинот (таму кадешто паѓа скроз напонот) ќе обележиш со фломастер на пр. и тоа место треба да го крпиш...
Тоа е многу пипава работа, тоа се ептен тенки линиички... и се крпат со едно нешто... и јас баш не знам точно како се вика, го има во електроничарските продавници, како лак е, но електроспроводлив... и ја закрпиш со него линијата.
Ако го нема тоа нешто, убава замена е обичен лак за нокти, во којшто ќе изрониш графит од молив...
Да не заборавам да спомнам дека околината на стаклото треба да се изолира со хартиена самолеплива трака...
Најлесното решение е ново стакло
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)