Сеа и ти измеша баби и жаби... за 4000 евра ќе купиш пасат, споредено со Смарт пасатот ќе троши 3 пати појќе низ град... да не ти спомнувам шо ќе паркираш побрзо, кола од 2 метра или кола од 4 и пол...
Токму така! Јас имам VW Bora, а имам и едно Polo. За низ град Poloto е далеку поподвижно како и за маневрирање при паркирање. Потрошувачката е тука некаде, околу 7 на 100 со тоа што Poloto е бензинец 1,4 а Borata е
tdi 1,9. Единствена предност кај Borata ми е што не се отепувам менувајки брзини при појди-застани по скопските улици во шпицовите и раскрсниците зашто има автоматски менувач. Се на се, за град сепак препорака од мене е да се вози помало возило.
За Seat Arosa не би можел да зборувам бидејки немам искуство со тој модел. Vw Lupo доколку е моделот од 1,0л мотор со 8 вентили и 50 кс и 4 цилиндричен а не 3 цилиндричен мотор како што вели Torte Mobile, можам да кажам дека е сосема ок возило за градски прилики. Потрошувачката не очекувај да биде помалку од 5,5л на 100 км но според мене тоа е една сосема домаќинска потрошувачка за тој тип на мотор кој реално воопшто не е лош, докажан е како прилично издржлив на дефекти и абење и има сосема задоволително забрзување и крајна брзина во однос на конкуренцијата.
goblen, мој совет е доколку можеш да го набавиш за домаќинска цена и во добра состојба, не му ја мисли туку купувај го веднаш. Мислам дека е одличен избор за мало градско возило.