Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

shutrak

opsenar
Член од
3 јуни 2011
Мислења
37.579
Поени од реакции
31.162
choekot se proiznese deka saka nova kola ., ., so 7.500e vo kesh ., i pravac avtonova za punto klasik ., ili panda ., aveoto ne ti e losha idea., i jas sum za C1 ama se registrira samo za 4 patnici ., od ovaa kategorija samo pandata e 4+1., taka da ., a i H i10., taka da od salon vo salon ., i mali test vozenja ., pa shto lichno tebe ke ti bendisa i legne volanot na raka ., a nie site tuk imame razlichni mislenja ., sam ke si odluchish., i so sreka da si vozish shto i da odberesh(y)
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.579
Новата Хјундаи Елантра, ако веќе предлагаме други модели: http://www.hyundai.com/mk/en/showroom/ELANTRA2011/prices/index.htm -имаат 6-брзински мотор...

Исто, стариот модел на Фокус, ако уште имаат распродажба - за 15 600 имаш дизелаш во Титаниум изведба: http://ford.mk/pdf/2011/Cenovnik Focus 2011 - Specijalen popust.pdf
Многу ми се допадна Хјундаиво а и прв пат го гледам. Стварно е добро и со многу опрема за 14 000 евра.

Што се однесува до темата јас би избрал Астра. Мислам дека Голф е преценет, не вреди за тие пари со та опрема.
 
D&E

Член од
15 февруари 2009
Мислења
87
Поени од реакции
1
Голф 2,0 тди 4мотион јас на тоа би одел!
 
Член од
23 јули 2010
Мислења
163
Поени од реакции
85
До 30ти Ноември мислам дека Фиат имаат акција. Grande Punto мислам дека беше некаде околу 8.000 евра, а тоа е добра цена за таа кола. Инаку би идел на Hyundai i10, имам Hyundai Getz веќе некое време и навистина не можам да се пожалам, досега сум немал никаков проблем :).
 
S

Shellshock nam67

Гостин
земи хѕундаи и 30 сум возел поубава кола здравје и не е многу скапа 10. 500 евра

лицно имама разговарно со таксиста шо имата хјундаи акцент од 2010 година за 4 години има преку 150 000 километри и вика до сега сем потрошен материјал немал менато ништо друго на него

Te подсредив. Џиш.
 
L

Lu

Гостин
земи хѕундаи и 30 сум возел поубава кола здравје и не е многу скапа 10. 500 евра
Хјудаи и30 е 10.500 како што и самиот си пиша.
Али членот од темава во првиот пост пиша дека бара нова кола до 7.500 максимим и дека нетреба да се премине таа граница од 7.500 евра, а Хјундаито и30 е цели 3.000 евра поскапо од таа цена што може да ја издвои членот за нова кола.

Инаку до 7.500 јас би идела на Авео 1.2 со 84 кс, кошта 7.300 и количето е сосема ОК за таа цена.
Исто во тој ценовен ранг до 7.500 влегуват и Хјундаи и10 , Киа Пиканто, Фиат Панда, Сузуки Алто, Тојота Ајго, Пежо 107, Цитроен Ц1, Дачија Сандеро ...
 
па нека зема кредит (y) еднаш се зема нова кола, зато јас се откажав од купување на половна кола или бар не постара од 4 години
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
земи хѕундаи и 30 сум возел поубава кола здравје и не е многу скапа 10. 500 евра
Ај сега да те прашам... можи вака вулгарно ќе звучи, ама нема врска.

Кур и колено исто е?

Како шо не е исто она моето шо го истресив, и она твоето не е... оти идиме до моменто, кај даваш 10.500 за и30 дај уште 2000 за круз, или дај крузот и уште 1000 за октавија, или октавијата и 1500 за Флуенс... и ќе се вртиме во круг до задутре.

Така да не го тупете шо би било кога би било, држете се до 7500 евра.

па нека зема кредит (y) еднаш се зема нова кола, зато јас се откажав од купување на половна кола или бар не постара од 4 години
Шо ако планира да земи на кредит нешто до тие пари? Или има веќе еден кредит? Лесно е да правиш туѓ есап. Човекот си кажа колку има да потроши, мада го нема да се произнеси на темава...

И да, ако не се произнеси наскоро ќе ја фрлам в канта...
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Ај сега да те прашам... можи вака вулгарно ќе звучи, ама нема врска.

абе прајме муабет за кола шо ќе ја зема претпоставувам семејна е вејќе ако оди кон тоа подобро е да подсобери некоја пара плус па да купи добар ауто.
за таа сума не моеш да земеш кој знае какава кола подобро би земал половна кола до 4000 евра класа погоре отколку ауто кибритче
има една изрека не трчај ко кур пред мадина значи не брзај со коментариве
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
абе прајме муабет за кола шо ќе ја зема претпоставувам семејна е вејќе ако оди кон тоа подобро е да подсобери некоја пара плус па да купи добар ауто.
за таа сума не моеш да земеш кој знае какава кола подобро би земал половна кола до 4000 евра класа погоре отколку ауто кибритче
има една изрека не трчај ко кур пред мадина значи не брзај со коментариве
Eве ти пример од мојот секојдневен живот: другар ми има 110 кг, татко му 100, мајка му 90. Имаа Југо и решија да го сменат. Единствена кола што го береше во ценовен ранг до 10.000 евра беше Пунто Класик, и такво купиа.

Да не ти спомнувам дека нити една од спомнатите коли погоре немаат ни С од семејно...

Околу коментарите, веќе избришав 3... така да незнам кој трча.
 
Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Мислам дека и Киа Рио ти влегува во буџетот стариот модел ако го има на лагер, (новото не знам навистина колку чини) кое е малку покомфорно од останативе мали градски автомобили, би рекол во класа со Авеото.

Ако можеш да појдеш до 9000 тогаш Пунтото Дизел и Тојота Јарис ти се исто така добра опција. Хундаи 20-ката почнува исто од 8.500, како и Lineata, Grande Punto, Doblo Combi.

Јас лично би рекол дека во моментов Doblo Combi ако имаш регистрирано фирма или пак имаш некој близок со фирма за 8500 евра е одлична понуда.
Го имам видено во салон и е навистина пространо фамилијарно возило, кое е за класа подобро од Авео и Рио во случај ако ти треба такво возило.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Разгледав некои од овие модели и заклучив дека фиат панда е малку тесна, фиат пунто , нема никаква опрема во стандардната верзија дури ни серво волан, хјундаи и10 е некако многу мало и се некако во ум ми влезе шевролет авео, има најголем комфорт од овие. Поентата е што несмеам да го надминам овој буџет од 7500 евра, затоа што за дел овие средства имам земено кредит. Така да ке ги разгледам уште цитроен ц1 (ама ме замисливте со тоа што викате дека се регистрира само за четири патници ) и пежо 107 , мада и овие ми изгледаат доста помали од авеото. Ме интересира тоа што викаат дека моторот на авеото е од опел, а секаде сретнувам дека моторот бил тиња, нечинел и сл. , има некој некое објаснување ?
 
Член од
14 август 2008
Мислења
2.441
Поени од реакции
1.013
Веројатно Авеото доаѓа со клима? Ако е така, нема што да мислиш, според мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
3
Поени од реакции
0
Да, да доаѓа со клима, но секаде каде што читам , ретко кој дава добри коментари за него , навистина има луѓе што кажуваат добри работи за него (како за кола за тие пари и од таа класа) , ама сепак многумина викаат дека некоја јапонска кола макар и помала е подобра од него или втората опција со некоја половна кола. Јас лично сум за ново нешто, сепак ке разгледам уште еднаш и деновиве ќе се одлучам.
 
L

Lu

Гостин
Разгледав некои од овие модели и заклучив дека фиат панда е малку тесна, фиат пунто , нема никаква опрема во стандардната верзија дури ни серво волан, хјундаи и10 е некако многу мало и се некако во ум ми влезе шевролет авео, има најголем комфорт од овие. Поентата е што несмеам да го надминам овој буџет од 7500 евра, затоа што за дел овие средства имам земено кредит. Така да ке ги разгледам уште цитроен ц1 (ама ме замисливте со тоа што викате дека се регистрира само за четири патници ) и пежо 107 , мада и овие ми изгледаат доста помали од авеото. Ме интересира тоа што викаат дека моторот на авеото е од опел, а секаде сретнувам дека моторот бил тиња, нечинел и сл. , има некој некое објаснување ?
Вака сега, Авеото има поголем комфор бидејќи спаѓа во повисок сегмент, Авеото припаѓа на Б сегментот (во ист сегмент / класа е со Фиеста, Поло, Корса ...).
А овие Хјундаи и10, Фиат Панда, Цитроен Ц1, Пежо 107, Тојота Ајго, Киа Пиканто ... спаѓаат во најмалите автомобили односно А сегмент.

Е сега ако сакаш поголемо и покомфорно возило од Б сегментот тогаш Шевролет Авео е одличен избор, покомотен е од тие што е во А сегментот.

Авеото за таа цена 7.300 има добра опрема: клима, серво волан подесив по висина, електрика на предни стакла, воздушно перниче, светлата подесиви по висина, централна брава ...
А и плус убаво изгледа однадвор и одвнатре е солидно.
Јас до 7.500 би идела на Авео.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom