Здраво форумџии,Здраво форумџии, ќе ве замолам за помош.
Се работи за Фиеста 1.5 тдци 2012.
Од последен сервис (сменети двата сета каиши, сите филтри и масло, поминав само 1700 км.)
Приметувам веќе неколку дена се познаваат капки масло на подот, проверив масло - фалеше и додадов околу 400 гр. за да не биде на минимум.
Има ли некој идеа од сликиве каде го губи маслото?
Исто така спојот меѓу средишниот дел и турбинскиот (кон филтерот за воздух) на турбото има траги на масло и цревата се многу мрсни - еднаш површно ги чистев и еве пак е истото.
На ладен старт знае на почетокот малку белкаст чад да фрли и после се си е најнормално, чудни звуци од турбото нема, влече нема знаци да губи снага.
Ви благодарам на одговорите.
Ќе ве замолам за помош околу проблемот кој претходно го опишав погоре во цитатот.
Моменталната ситуација е следна:
1. После вашите совети најпрво комплетно беше испран моторот надворешно 2 пати, за да се има увид дали појавува нови мрснотии и дали пушта некаде уље.
2. По совет од меѓусебната комуникација меѓу сервисите на Пежо и МИДА е повторно променето маслото, овојпат 5x30 она оригиналното од МИДА на Форд Кастрол (единствено само кај нив го има), секако и нов филтер за уље.
3.10 минути пред промената на маслото е ставен адитив-чистач на Ликви Моли за внатрешно перење на моторот.
4.Направена е комплетна декарбонизација овие претходни неколку денови.
5.Проверено е турбото од стручно лице и се околу него - излезе дека е ОК.
Возилото влече одлично, НО проблемот останува е и следниот - возилото сега веќе не јавува никаков чад, освен што по само извозени 750 км со новото уље падна нивото од максимум на речиси средина. Очигледно е дека повторно уљето некако се губи.
Од Positive Crankase Ventilation-системот (иберлауфот) преку кафеавото издувно црево за враќање на гасови од мотор, како на сликата се враќа заедно со гасовите и мала количина на уље во усисната цевка за свеж водзух односно делот пред влезот за турбото и потоа уљето овде стои, капе надолу и ги мрси останатите црева под него.
Имате ли идеја што треба да се направи бидејќи веќе на ниту еден мајстор ниту во Пежо или МИДА не му е јасно како да се запре потрошувачката на уље и каде е проблемот?