Ај малку помош . Се работи за Honda Civic 2.2 i-cdti дизел од 2007ма год. Колата прави чуден звук при менување на брзини и тоа највеќе од прва во втора и од втора во трета , кога ке стиснеш на кумплунгот при шалтање се слуша еден звук како "виуу" од моторот и прави мали вибрации како гребење и вијукање во вожња на вртежи пониски од 2000 врт/мин и сето тоа се случува исклучиво кога ке е загрејан моторот , на ладен мотор нема. Претпоставкиве беа следни - лагер на алтернатор, водна пумпа или компресор за клима. Ја растуривме денеска и го сменивме пк каишот , сите лагери околу него изгледаат добро. А финтава е што тоа го прави исклучиво кога моторот е загрејан , а додека се растури тој е веќе ладен . Исто така не се случува во место/лер , туку само во возење. Пали одлично , влече одлично . Некој да имал вакво искуство и да даде совет што да се бара , бидејќи ако се менува се ова на кое се сомнева ќе чино ѓавол ипол ...