Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

B

BooBojan

Гостин
Колку часови теоретска настава има и дали се одржуваат во испитните центри на АМСМ ?
Не знам точно колку часови треба да се оди ама мислам 3-6часа јас досега одев на 2часа а часовите се одржуваат во простории кои ке ги најдат авто-школите.А предавачи мене ми се професори од средно стручно училиште кои порано биле во комисија за полагање.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
13
Поени од реакции
0
би сакал да прашам, дали некој од вас пробал самостојно да поправи грбнатинки од својата кола со некои од средствата што се нудат по авто-продавниците кај нас? и ако пробал како испаднало?

http://www.ehow.com/video_2328315_removing-scratches-car-detailing.html

поздрав
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Дали доколку е скинато панцир цревото на ауспухот ке се слуша тропкање кога се вози дури и по мали нерамнини ?
Може да тропа и кога стоиш во место ако некаде чепка на школката, и тоа баш поради ребрастото црево. Освен тоа пушта гасови од кај што е скинато и може да се осеќа во кабината...
Имаш такви црева од 500-1000 денари, а има и поскапи.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
Здраво дечки!

Решил татко ми да го смени југово ( му текна, душата му ја извади) па по се изгледа ќе се подновам ова летово. Кај нас цениве мислам дека се сеуште премногу надувани, па највероватно ќе се оди до Бугарија. Не се разбирам баш со коливе, па ако може некој совет да ми дадете.

Значи да предложите некое количе околу 4500 евра конечна цена, значи таму околу што знам ,еве да речеме до 3500. Колку што гледав за тие цени може да се земе корса,фиеста, астра, 307, голф 4, a3, ибица. Овие ги наведов како пример, вие што би предложиле,да ми посочите некои мани, предности.
Човеку,еве јас се разбирам во коли и ќе ти дадам еден добар совет.По кола од Бугарија ако одиш,немој да те лажи ѓаволот да земаш кола од авто-плацовите,посебно не од Дупница.Поголеми КРШОВИ СОБРАНИ НА ЕДНО МЕСТО не сум видел во животот,3000-4000 коли собрани на едно место,продавачи кои изгледаат како да излегле од бугарска авто-мафија(тетоважи,ланци,уште пиштоли им фалеа).Колите се посебна приказна,одалеку изгледаат пристојно,ама како им се приближуваш сфаќаш дека се издувани,превозени и сомнителни коли,мењачи како деформирани јајца,волани со минимум 330.000 километри стаж итн. да не набројувам.Пример,седнувам во една Corsa 1.7 DTI од 2003,колата однадвор и внатре изгледа пристојно,но кога ја пробав сфатив дека е КРПЕНИЦА,вентилаторот од климата на 4-ка работи како на 1-брзина и ред други заебанции.На нашите пријатели од 5-6 пробани коли,2 им прокуваа(зарибаа на сред пат,црн чад од моторот).Посебен проблем е и бугарскиот КАТ(станица за технички преглед во Дупница)која за еден ден тешко да ти заврши работа,ќе мора да преспиеш во хотелот(плус 20 евра+јадење и др.) од човек.Затоа,немој да земаш кола од таму.Подобро,најди си кола преку огласник(интернетски или од бугарска штампа) од приватно(частно)лице по бугарски,можеш да налеташ на добар примерок,проверено во пракса.Се надевам дека ти помогнав.Поздрав до цела Македонија,раширете го овој збор по целата мрежа,нека се знае правата вистина за бугарските кршови,се најдобро :helou:
 
Член од
18 април 2007
Мислења
372
Поени од реакции
32
Во право е Beret,добронамерно и другарски!! Фала!!
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
и јас се согласувам со горе напишаното. кола во бугарија исклучиво од физичко лице... никако од плацеви... а уствари по мое гледиште кола од бугарија воопшто НЕ!!!
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Кај да најдам мапа или датабаза со бензински пумпи што продаваат плин во Европа?
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Кај да најдам мапа или датабаза со бензински пумпи што продаваат плин во Европа?

тешка работа ова... можеш да се информираш за државата кај што идеш која фирма (како кај нас макпетрол) е нај застапена со плин по патиштата па така да си бараш...

инаку за грција од прва рука ти кажувам дека НЕМА ПЛИН освен на една бензинска кај солун и тоа цената на литар плин кај нив во моментов ти е еднаква со литар бензин од кај нас. едноставно таква трансверзала направиле грците, да авто плинот или лпг не се инвестирало во тој развој.

во бугарија па од друга страна на секој ќош има плин... за србија незнам, пошто со една боца идам и се враќам до белград...

мило ми е ако успеав да ти помогнам.
 

smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
тешка работа ова... можеш да се информираш за државата кај што идеш која фирма (како кај нас макпетрол) е нај застапена со плин по патиштата па така да си бараш...

инаку за грција од прва рука ти кажувам дека НЕМА ПЛИН освен на една бензинска кај солун и тоа цената на литар плин кај нив во моментов ти е еднаква со литар бензин од кај нас. едноставно таква трансверзала направиле грците, да авто плинот или лпг не се инвестирало во тој развој.

во бугарија па од друга страна на секој ќош има плин... за србија незнам, пошто со една боца идам и се враќам до белград...

мило ми е ако успеав да ти помогнам.
Најдов некои гпс датабази, па ќе пробам да ги стаам на гарминот. За грција незнам, пред Солун мислам дека има, ваљда и накај платамона има некоја станица.

За до Белград и назад дека идеш со 1 боца плин не ми се верува, јас на излез од Белград накај Скопје пунам на Елп, иначе сегде до Белград има ЛПГ, на секоја бензинска.
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Денес приметив од предното лево тркало на Фиестата има некој чуден звук како да шкрипи. Што побрзо возам тоа побрзо шкрипи. Како да фаќа на некое место дискот или па лагерот незнам. Значи не бучи колата како да е лагерот за менување туку има звук како на велосипед кога фаќа колницата на бандажот.

Што може да е? Ќе ја кренам на дигалга та проверам дали има лувта, само некој ако имал вакво искуство да пише за секој случај. Имам поминато околу 30.000 км, но со патиштава наши се е можно.
 

KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
каква улога имаат вентилите кај моторот ?
мотор 1.2cc 12 V , и motor 1.2 16V
што е подобро, и зашто ?
 

-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Ми треба мотор за

Audi A4 1.8 бензин 20 вентили (ADR) 1995

Барав во Тетово, не најдов. Знае некој каде можам да најдам или па да зне некој што шитка? Битно да пасува за колава.

И ме интересира, дали може да пасува мотор од некое Audi A3?
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
Можи, можиш и било кој VW/Skoda/Seat...
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
За до Белград и назад дека идеш со 1 боца плин не ми се верува, јас на излез од Белград накај Скопје пунам на Елп, иначе сегде до Белград има ЛПГ, на секоја бензинска.
имам неколку боци ама користам само 2. едната е од 30 литри а другата е од 80 литри. кога идам за белград ја турам таа од 80 литри, 10 минути ми е да ја сменам, зашто веќе рутина ми стана плус си имам направено припрема за таа работа, а српски плин не турам во кола, па ако треба и на бензин да возам... гола вода е, плус е полн со ѓубриња, се затнуваат ситата и слично... се ова не морав да го појаснувам зашто следи математиката:

на отворена вожња колата ми троши околу 8 литри, а ако возам до 130 ми троши и помалку али во принцип околу 150-160 возам, така да потрошњата е околу 8. ја пунам до јаја во куманово, на бензинска на макпетрол. од куманово до белград има околу 410 километри. тоа се нешто под 65 литри идење враќање... ми остануваат уште 15 литри фира... 15 литри кои ми се доволни за до скопје и следниот пат од скопје до куманово... значи можам комотно од скопје да танкам до врв, ама имам одредена причина зашто во куманово го правам тоа... и ова ми е веќе толку проверена рутина да више неморам ни да се замарам...

а за во грција ја турам помалата боца зашто во гевгелија (3 км од граница) ја танкам до јаја и имам слобода околу 350 километри да возам низ грција... од гевгелија од солун се околу 65 километри...

кој сака совет за комбинации нека праша слободно...

п.с. смоле, дај пушти ми линк во ПП од мапата што ја најде со бензински станици низ европа... ме интересира конкретно за некои делови... ако може се разбира...
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
116
Поени од реакции
1
да прашам нешто како се погодени моторите на опел корсите зборам за мотор 1,7 турбо дизел изледа тој мотор не е германски јапонски е дали имат некоја мана ели пак преднос? фала ви многу
 

Kajgana Shop

На врв Bottom