Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Ме интересира дали можи од кола со атестиран плин да се премести плинот на друга кола и да се атестира таа кола?
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ме интересира дали можи од кола со атестиран плин да се премести плинот на друга кола и да се атестира таа кола?
можи. Само имаш еден тон заебанции. Овластен сервисер треба да ја направи демонтажата/монтажата, да направиш сервис на уредот, да го одјавиш уредот од возилото што го користело и да го пријавиш на новото возило што ќе го користи. Притоа треба да се внимава, бидејќи можно е боцата да не одговара на местото (да се замени) а и цевките за доводот на гориво треба да бидат нови, како би можело да помине на А-тест. Ако видиш дека трошокот за А-тест ти е ист на нов уред и половен, а за сервисот и демонтажа/монтажа ќе ти земат можеби колку половина од новиот уред, поисплатливо е да не го вадиш од возилото на кое што е монтиран.
 
Член од
11 март 2010
Мислења
46
Поени од реакции
1
барав по теми ама не најдов па ќе прашам овде ако може некој да ми одговори.

сакам да знам дали има ограничување во тоа колку најмногу може да биде стар автомобилот кој сакаме да го увеземе од странство и тука да го регистрираме на мкд таблици?
Последно како што слушнав беше до 16 години ама сеа нешто менвет така да не сум баш сигурен.

А шо кола е ако може да знам?
кај мене така прајт до 5та брзина така да ако ти прајт само во прва брзина така мојт да ти се искршени зупчаниците...
 
AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Ве молам да ми помогнете, нигде неможам да најдам ваков дел за Пасат модел 2003-2004. Станува збор за десната пластика од браникот што е под фарот. Кога го гледате од напред од лева страна доаѓа пластиката како на првите две слики.

Дали мислиш на овој дел?
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Слушам најразлични муабети за тоа колку се добри Опелите дизелаши.Планирам да земам една таква ама според зборењата на некои тоа било срање.

Сакам да земам Опел Астра Дизел од 2000 година,некои ме предупредуваат дека не биле добри,додека некои викаат дека се сосема ок.

Некое мислење од вас или пак некое искуство би ми било добредојдено.
 
Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.885
Слушам најразлични муабети за тоа колку се добри Опелите дизелаши.Планирам да земам една таква ама според зборењата на некои тоа било срање.

Сакам да земам Опел Астра Дизел од 2000 година,некои ме предупредуваат дека не биле добри,додека некои викаат дека се сосема ок.

Некое мислење од вас или пак некое искуство би ми било добредојдено.
Тие дизели се супер дека се isuzu новиве се полоши дека се опелови ... од тоа годиште претпоставувам се работи за 1.7 дизел или 1.7 турбо дизел ?
 
Мајло

B I S
Член од
22 јуни 2009
Мислења
1.594
Поени од реакции
940
Тие дизели се супер дека се isuzu новиве се полоши дека се опелови ... од тоа годиште претпоставувам се работи за 1.7 дизел или 1.7 турбо дизел ?

И двете ми се во план па сега незнам ќе видиме.Мене лично не ми прави некоја разлика дали е тоа или е тоа.

И уште нешто се двоумам помеѓу Голф 4 и Опел.Лично мене Астрата ми е поубава,ама нели како што викаат ''Голф си е Голф''.

Сакам од увозов што е да земам некоја од Германија или Бугарија ама уште незнам со давачкиве како иде и слично.
 
Jax Rebel

Navajo Rider
Член од
6 јули 2008
Мислења
5.262
Поени од реакции
2.256
Колку е сега ограничувањето на брзината на автопат. Знма дека по старото еше 120 км/х ама сега мењаа нешто и ако сум добро информиран е 130 км/х?????
 
Член од
24 август 2009
Мислења
535
Поени од реакции
72
Колку е сега ограничувањето на брзината на автопат. Знма дека по старото еше 120 км/х ама сега мењаа нешто и ако сум добро информиран е 130 км/х?????
Да 130 е.. :wink:
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
Дали би ми препорачале Alfa Romeо 156 бензинец и колку реално е потрошувачката и дали е точно дека биле многу скапи деловите ....разбрав али не сум сигурен дали е точно дека за свекици да смениш потребни биле 9000 денари ? :nesvest:
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.729
Поени од реакции
897
За Ферари можи 9000 да те фати, за Алфа сигурно НЕ :)

Магнети Марели користи Алфа истото што можиш да го ставиш и во 101.

Е сеа за делови, не ми се верува да се многу скапи. Сепак се Фиат модели и нема потреба од многу сеќирации.

Не знам за лимарија како одат ама механиката сигурно не им е скапа.
 
Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
Дали би ми препорачале Alfa Romeо 156 бензинец и колку реално е потрошувачката и дали е точно дека биле многу скапи деловите ....разбрав али не сум сигурен дали е точно дека за свекици да смениш потребни биле 9000 денари ? :nesvest:
пријателе, нема врска за деловите, јас ова работам и предни плочки ке те коштаат околу 1500-1600, дисковите околу 1800, сет за квачило околу 6000 илјади, филтерче за уље околу 700, за ваздух околу 900..

а за свекиците, кај алфава, моторот носи два типа на свекици и ке дојдат малце поскапи.
 
Член од
24 јануари 2008
Мислења
1.135
Поени од реакции
140
пријателе, нема врска за деловите, јас ова работам и предни плочки ке те коштаат околу 1500-1600, дисковите околу 1800, сет за квачило околу 6000 илјади, филтерче за уље околу 700, за ваздух околу 900..

а за свекиците, кај алфава, моторот носи два типа на свекици и ке дојдат малце поскапи.

Колку поскапо тој погоре ми пиша дека свекиците исти биле како на 101 :) пиши ми точна цена во една година колку би ме коштало за одржување на колата што треба да се менува и колку кошта тоа и ако знаеш не забравај да ми пишиш коклу е потрошувачката на гориво :)
 
Warrior

Born to laugh
Член од
15 декември 2005
Мислења
375
Поени од реакции
3
зависи колку ја возиш колата.

ако ја зимаш за такси, у текот на годината нема дел што нема да го смениш :D
ако ја зимаш за тебе да си ја возиш, филтерчинја ке мораш да смениш 2-3 пати годишно, еднаш плочки ке смениш, манжетни и сијалици ке смениш, ама тоа се ефтини делчиња.

за свекиците, кази ми точна кубикажа, киловати и година, па ке ти кажам колку ке те коштаат точно.

за потрошувачка, побарај на нет, сигурно ке најдеш.
 
Не не ја земам за такси замене лично да си ја возам ја земам али уште не сум решен помегу Bora , ford focus се двоумам али се некако алфава како по спортска ми е и поефтина.
Afla Romeo 156 од 2000 година
1800 ccm, 106 kW / 145 KM

Afla Romeo 156 од 1999 година
1598 ccm, 88 kW / 120 KM

Како бараш кажи ми како гледаш колку е потрошувачката ме мрзи да мислам сега изморен а сакам да видам да знам :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom