Помислив и на ова
не ги сакам гољф ама баш ич, али да си земам ауди а4, сеат или нешто друго со 1.9 тди, ќе видиме има време не сакам се брзам, али едно знам дека бмв сигурно нема да биди, барем не за овој буџет што го имам, добар БМВ нема шанси да најдам.
батали го bmw-то и земи си кола по мерак, особено ако ти е прва.
има мн „ситни“ детаљи на кои мора да обрниш внимание кога ја гледаш, затоа подобро гледај ја со мајстор или некој твој човек кој има познавање... ако си во можност носи ја и на дијагностика (во случај да си 90% сигурен дека сакаш да ја земиш).
мајсторот ќе ти кажи за мотор, подвозје и слично, а сам треба да забележиш гумите во која состојба се (дали во цената добиваш зимски/летни гуми или ќе ти ги фрли само летните па да треба да менуваш за брзо), акумулатор во која состојба е... светла (особено ако се ксенон), кога ќе ја повозиш неколку минути над 2-3000 обртаи дали крева температура, дали троши уље или антифриз... , дали функционира климата, дали грее, лади... сето тоа треба да го видиш и можиш да го видиш сам, а мајстор ќе ти кажи во однос на мотор, рамења, подвозје, мењач, ламели, замаеци и глупости ... нешто за што не можиш да знаеш/препознаеш ако си лаик како повеќето купувачи на кои им е прва кола (како што бев и јас и повеќето од нас тука на темата што прашувавме за прво возило).
тие „ситните“ поправки коштаат доста. обрни внимание на нив.
исто, рачунај дека секоја кола колку год и да е добро сочувана ќе треба да ја сервисираш, така да остави си на страна едно 500-1000 еур за сервиси, ако не си во можност толку остави колку што можиш повеќе бидејќи купуваш возило на старо и го возиш по патишта кои се катастрофални. значи кога тогаш може нешто да јави.
секоја кола/производител има свои слаби страни, гледај информирај се вака од форуми (овој и странски, види и на спрски форуми) и кога ќе проверуваш освен оние основни работи од погоре концентрирај се и на тоа што ти го предочиле луѓе кои веќе подолго време се пафтаат со купување и продавање или пак возат некој модел што те интересира.
најважно од сè не брзај. коли има ЕДЕН КУП, буквално. и секогаш ќе има. дури и од оние од кои ти викаат да бегаш ќе најдеш некоја позачувана... сепак зависи што сакаш и преферираш.
за градска вожња барај си некој опел, голф, пунто или било што друго во ранг на средно/градско возило (иако голфот ќе ти држи малку повеќе цена од другите)...
ако сакаш малку поголема кола (како што кажа и сам) концентрирај се на пасат, ауди, можеби на некое јапонско возило... избор имаш еден куп.
јас скоро 2 години возам пасат од '97 година, ТДИ 1.9 мотор...
ист мењач, мотор и предница како на ауди
мани: можно е да троши антифриз на големи обртаи (скоро сите постари тди од овие производители го имале тој проблем со продуван дихтунг на глава...) - обавезно да ја извозиш на високи обртаи.
можно е да имаш проблем со предница (рамења... пошто патиштата ни се ужас... тука ќе те кошта една јабучица околу 1200-300 денари па нагоре) - јас ги менав сите (пошто ги имав парите тогаш, иако не морав) и ден денес нема јавено мака.
можно е да имаш проблем со мењач (ако е автоматски).
можен проблем со ламела, во зависност како е возена.
тоа што викаат стари коли имаат поминато доста, нека не ти прават филмови... ако е моторот во ред тогаш крепат возење уште наредни 10 години без разлика колку поминале... (кола возена 20 години не е под 300-400.000, особено кола од странство).
каросериски исто така терба да се провери.
Во однос на потрошувачка, одржување и како стои на пат на отворено од колата сум презадоволен. Стара кола зедов па требаше доста да инвестирам во неа бидејќи сакав да ја средам по мој мерак, можев да поминам и со помал трошок, но првенствено идејата ми беше да имам возило за на отворен пат бидејќи за во град и не ми терба толку многу (за разлика од тебе), имав мерак на колата и инвестирав. не жалам за тоа.
Затоа, како и претходно што ти кажаа мислам дека добар избор за тебе ќе биди голф или пак некое пунто пошто за тие пари ќе најдеш ем понова година ем нема да имаш мака со трошоци за одржување. доста економични ти се и за возење, така да од сите „градски“ возила тоа по мене е најдобриот избор во однос на цена/испорака.
Не брзај, сигурен сум дека ќе начекаш добра кола. Барај постојано, прати огласи, ако имаш нешто низ град што ти се свиѓа или во твоја близина оди испробај го... без брзи одлуки и на крај ќе купиш кола што ќе те служи.