А однесив кај ристе бошистот тој рече дека бошот влечи нормално дека мондеото има проблем позади нешто, и претходниот газда ја имал носено кајнего. Дали некој има искуство што може да биде и дали се поправа, фала .
Ситото во резервоарот да не е затнато,или резервоарот да не ти е за перење..Воздух и да прима,тоа се решава со менување на сите црева и стеги и нема тука филозофија,чим бошот е исправен..Мада ако прима воздух,ќе неможеш да ја запалиш..Позади седиште нема ништо,има две црева,едно што носи нафта,и другото црево вишокот нафта што ја враќа у резервоарот,имаш жици за светла,за пловакот,и тоа е тоа..Отвори кај багажникот,отвори го капакот,има капак како канта за сирење е,и пробуричкај,да не е изместено некаде..Со неповратен вентил немаш никаков проблем,тој кошта 3-4 стотки,и се става баш ради таа причина за кога ќе ја изгасиш,таа нафта што останува во цревото да не се враќа назад,туку да остане таму,како бајпас служи,како чеп,ептен проста функција,а мн корисна..Де дај повеќе информации како мислиш дека прима воздух?Не ти пали насабајле,ти гаси во возење?Дај кажи ги симптомите..[DOUBLEPOST=1509709000][/DOUBLEPOST]
imam golf 5ka sega sakam da go ozvucam da vadi glasen i cist zvuk i da ima jak bas... sto se treba da se kupi za toa shto bi mi preporacale:zvucnici,vufer,subvufer'pojacalo i slicno...cekam odgovori planiram da vlozam nekade 200-250 evra.
Оди во ДоГСекјурити или во Новус и ќе ти објаснат подетално..[DOUBLEPOST=1509709146][/DOUBLEPOST][
Ајде сега јас нешто да прашам
Овој модел на пасат, да речиме 2006-2007 година, кој мотор е најпрепорачлив и зошто? За баџото со мондеото прашувам
Има негде околу 6000 еур буџет ама се мислам да не му се малце некако...Или некоја друга алтернатива понудете?
1.9 TDI 105 коњски сили.[DOUBLEPOST=1509709296][/DOUBLEPOST]
Дечки од што кола пасува куката за влечење напред онаа што се монтира за форд фокус од 2001ва? Од VW не може, подебела е
Од било кое возило..Или купи си штраф 10 цм јас мислам доволен ќе ти е и на дребонг нека ти направат само кукаче...Јас така направив,кај мене е со лев навој..Значи обратен..Само со шублер измери ја димензијата на отворот за штрафот да може да влезе,во секоја железара ги има.За ова зборуваш така?
[DOUBLEPOST=1509710219][/DOUBLEPOST]
батали го bmw-то и земи си кола по мерак, особено ако ти е прва.
има мн „ситни“ детаљи на кои мора да обрниш внимание кога ја гледаш, затоа подобро гледај ја со мајстор или некој твој човек кој има познавање... ако си во можност носи ја и на дијагностика (во случај да си 90% сигурен дека сакаш да ја земиш).
мајсторот ќе ти кажи за мотор, подвозје и слично, а сам треба да забележиш гумите во која состојба се (дали во цената добиваш зимски/летни гуми или ќе ти ги фрли само летните па да треба да менуваш за брзо), акумулатор во која состојба е... светла (особено ако се ксенон), кога ќе ја повозиш неколку минути над 2-3000 обртаи дали крева температура, дали троши уље или антифриз... , дали функционира климата, дали грее, лади... сето тоа треба да го видиш и можиш да го видиш сам, а мајстор ќе ти кажи во однос на мотор, рамења, подвозје, мењач, ламели, замаеци и глупости ... нешто за што не можиш да знаеш/препознаеш ако си лаик како повеќето купувачи на кои им е прва кола (како што бев и јас и повеќето од нас тука на темата што прашувавме за прво возило).
тие „ситните“ поправки коштаат доста. обрни внимание на нив.
исто, рачунај дека секоја кола колку год и да е добро сочувана ќе треба да ја сервисираш, така да остави си на страна едно 500-1000 еур за сервиси, ако не си во можност толку остави колку што можиш повеќе бидејќи купуваш возило на старо и го возиш по патишта кои се катастрофални. значи кога тогаш може нешто да јави.
секоја кола/производител има свои слаби страни, гледај информирај се вака од форуми (овој и странски, види и на спрски форуми) и кога ќе проверуваш освен оние основни работи од погоре концентрирај се и на тоа што ти го предочиле луѓе кои веќе подолго време се пафтаат со купување и продавање или пак возат некој модел што те интересира.
најважно од сè не брзај. коли има ЕДЕН КУП, буквално. и секогаш ќе има. дури и од оние од кои ти викаат да бегаш ќе најдеш некоја позачувана... сепак зависи што сакаш и преферираш.
за градска вожња барај си некој опел, голф, пунто или било што друго во ранг на средно/градско возило (иако голфот ќе ти држи малку повеќе цена од другите)...
ако сакаш малку поголема кола (како што кажа и сам) концентрирај се на пасат, ауди, можеби на некое јапонско возило... избор имаш еден куп.
јас скоро 2 години возам пасат од '97 година, ТДИ 1.9 мотор...
ист мењач, мотор и предница како на ауди
мани: можно е да троши антифриз на големи обртаи (скоро сите постари тди од овие производители го имале тој проблем со продуван дихтунг на глава...) - обавезно да ја извозиш на високи обртаи.
можно е да имаш проблем со предница (рамења... пошто патиштата ни се ужас... тука ќе те кошта една јабучица околу 1200-300 денари па нагоре) - јас ги менав сите (пошто ги имав парите тогаш, иако не морав) и ден денес нема јавено мака.
можно е да имаш проблем со мењач (ако е автоматски).
можен проблем со ламела, во зависност како е возена.
тоа што викаат стари коли имаат поминато доста, нека не ти прават филмови... ако е моторот во ред тогаш крепат возење уште наредни 10 години без разлика колку поминале... (кола возена 20 години не е под 300-400.000, особено кола од странство).
каросериски исто така терба да се провери.
Во однос на потрошувачка, одржување и како стои на пат на отворено од колата сум презадоволен. Стара кола зедов па требаше доста да инвестирам во неа бидејќи сакав да ја средам по мој мерак, можев да поминам и со помал трошок, но првенствено идејата ми беше да имам возило за на отворен пат бидејќи за во град и не ми терба толку многу (за разлика од тебе), имав мерак на колата и инвестирав. не жалам за тоа.
Затоа, како и претходно што ти кажаа мислам дека добар избор за тебе ќе биди голф или пак некое пунто пошто за тие пари ќе најдеш ем понова година ем нема да имаш мака со трошоци за одржување. доста економични ти се и за возење, така да од сите „градски“ возила тоа по мене е најдобриот избор во однос на цена/испорака.
Не брзај, сигурен сум дека ќе начекаш добра кола. Барај постојано, прати огласи, ако имаш нешто низ град што ти се свиѓа или во твоја близина оди испробај го... без брзи одлуки и на крај ќе купиш кола што ќе те служи.
Си научил нешто од мене,добар си..Само мора да те корегирам..За болдираното не си во право,ама ич..
Ретко да најде внимателен мајстор,и ретко кој мајстор сака да му даде гаранција ајде еве земи ја колата арна е,а по 2 месеца да отвора мотор..Ако троши масло неможе да му каже,ако крева температура исто неможе..Он може на канал да ја стави,со хебла да чучка кај споните,кај летвата,да види дали има луфта или тркалата дали стојат рамномерно и некои такви други работи,околу моторот тешко..
Тоа за дали троши антифриз или масло,неможе да го види ако ја вози колата 3 мин на 2500 обртаи,тоа се гледа после 400-500 км,или ептен ако е продуван моторот,па да капе антифриз или масло,ама ваљда не е будала да не примети..
Ако се вади менувачот,не се менува само ламела,туку цел сет:друк лагер,корпа,ламела а во најлош случај и замаец,тој е скап,али на твојата кола не сум сигурен дали е двомасен,а и да е,може да се тури од Голф 3,значи обичен..
Ако ламелата е прикрај,ќе ти шлајфува колата,пример во трета,ти даваш на гаста,ама она не забрзува,туку обртаите растат,а колата ептен бавно оди..Исто кога веќе ја спомна,ќе ти кажам и дека колку подоле фаќа кумплугот толку поарно,колку кумплугот фаќа горе,тоа по нечини,и е при крај..Не му кажа на дечкото да си смени масло у менувач,75w90 би требало да е..И замаецот ако е отиден,тој тресе и тоа прилично на тргнување.
И те како има улога,стари коли,нови проблеми..Попушта на шасија,попушта мотор,дизни,турбини,колку е поново толку е поарно..Неможе еден Голф 4 од 1999-та да биде подобар за возење од Цитроен Ц3 од 2005-та,едноставно не оди..
Ќе те биде за советник,само уште малку да читаш..