Мачка во вреќа се на старо пумпите. Јас купив половна ремонтирана оти ми рекоа мојата била пред расипување -- оваа половната си функционира, но зуи многу досадно, го нарушува комфорот на возење, колата пред тоа имаше многу убав звук од 6-цилиндерскиот мотор што сега е значајно нарушен; зуењето притоа се засилува со бројот на вртежи - некој лагер бил "капут", ми рекоа. Сега се мислам повторно да ја менувам со нова, дури и кинеска, ама нова. Проблемот со половните е што не можеш да ги провериш пред да ги купиш - никој нема да ти ја вгради во кола, да повозиш со неа, па да ја извади, па пак да ја стави кај тебе. Ти си знаеш.