Дали некој знае нешто во врска со гумите Hercules? Квалитет ?
Еве ја приказната:
Еден другар пред некое време ми даде бандажи 18` заедно со гуми (Hercules) 245 18` 40 - летни.
Затоа што ми ги даде, немаше да биде коректно од моја страна да се бунам за гумите и да барам да ми стави некоја марка на гума, па затоа сега се мислам дали фино и поштено јас да си ги купам.
Како прво, до сега не сум слушнал за овој тип на гуми. Па затоа прашувам дали некој има некаква информација, за тоа дали се квалитетни итн, затоа што ако не се ке немам избор освен да ги менувам.
Во случај да ги менувам, ке треба да ги дадам тие гуми (Herluces-от) и плус да доплатам за да земам гуми од типот на Мишелин, Континентал, Бриџстоун итн, иако јасно ми е дека тие ке бидат преку 1300-1400 евра заради димензиите.
Битно ми е да биде квалитетна гумата затоа што не сакам на првиот кратер во градов да ми експлодира или недај боже да и се деси било што на пат за Охрид. Битно ми е и како се однесува на влажно време, прашина, како лепи итн.