Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

C

cige

Гостин
не се вади лекарско за продолжуење,лекарско се вади над 60 години мислам,за старци важи тоа дали имаат рефлекси за да управуваат со моторно возило.
На 65 години се вади нова возачка, а аналогно на тоа треба да се извади лекарско.
После 65 години возачката се мењава на секои 3 години, значи дека на секои 3 се вади ново лекарско.
Дедо изгледа в година на 68 ќе му истече и не ми се верува дека ќе вади ново.
Изгубени му се рефлексите, не го бива веќе, а и нова кола не ја сеќава дека брчи ја вози над 4.000 обртаи:pos2:
 
Член од
30 мај 2007
Мислења
399
Поени од реакции
1
Mercedes E500 Coupe
http://koli.com.mk/novosti/mercedes.html

На промоцијата на безбедносните системи на Mercedes, која ја организираше увозникот на автомобилите на сребрената ѕвезда, МакАутоСтар, редакцијата на koli.com.mk имаше можност да седне зад воланот на новото E500 Coupe, со мускулест V8 мотор со зафатнина од 5,5 литри и 388 КС.
Нова номенклатура, нов помашки дизајн
Новото купе на Mercedes е наследник на моделот CLK. Покрај новото име, ова купе има и нов пристап кон таквиот тип на возила – многу е поелегантно, со скриена агресивност и неколку решенија кои го раздвојуваат од толпата. Дизајнот го карактеризираат поостри линии, кои придонесуваат за една доза на агресивност, придружена со префинетост во линиите, посебно во задниот дел. Целосно, E Coupe остава впечаток на прав машки автомобил.
И во внатрешноста е забележлива примената на поостри линии, во споредба со старата Е класа, чиј ентериер беше со меки и флуидни линии. Овде, предната табла повеќе изгледа како да ја нацртал некој техничар со HB молив – прецизно, но и малку ладно. Mатеријалите се на највисоко ниво, впрочем како и што прилега на автомобил од оваа класа.
И токму во внатрешноста има еден детаЛ кој го разделува ова купе од другите конкуренти –задните прозори можат да се отворат, на копче, како и во сите други лимузини, што ја намалува клаустрофобијата која се јавува кај сите купеа. На ова се надоврзува и сончевиот покрив, преку кој влегува доволно светлина во кабината. Простор, како што му прилега на едно купе, има на претек на предните седишта, додека назад, мал е просторот за главата, болка која во помала или поголема мера ја имаат сите купеа.
Што има под хаубата?
Новото E Coupe се нуди со неколку софистицирани дизелски и бензински мотори со четири, шест или осум цилиндари. Силата на моторите се движи од 204 со 388 КС. Koli.com.mk го проба токму најсилниот, V8 со 388 КС, со кој автомобилот забрзува до 100 km/h за 5,2 секунди и се до максималните, ограничени 250 km/h.
Но, бројките не можат најдобро да ја раскажат приказната.
Мускулестиот V8 се одразува со длабок, баритонски звук, нештокако грмотевици да се испуштаат со секое притискање на педалата за гас. Сепак, звукот не е воопшто гласен – доаѓа како од позадина и воопшто не смета при подолги патувања.
Перформанси и возни својства
Перформансите се пеколни – благодарејќи на моментот од 530 Nm, моторот повлекува уште од ниски вртежи и не застанува до околу 6.000 врт/мин, овозможувајќи одлични забрзувања. На ова се надоврзува и 7G-Tronic, автоматскиот менувач со седум брзини, кој брзините ги менува скоро инстантно, притоа не пренесувајќи потреси во кабината, а се прилагодува и на стилот на возачот, па одвреме навреме го менува темпераментот на менување на брзините! За F1 расположените возачи, секако тука се и палките зад воланот.
Возните својства одговараат на карактерот на моторот – E Coupe е супер стабилен автомобил, но не се однесува како спортско купе. Едноставно, платформата превземена од C класата, е задолжена што поудобно и без многу напор да ги пренесе патниците до саканата дестинација. Секако, овозможена е забава, пред се поради погонот на задните тркала, но тркачите имаат да изберат други модели на пазарот. Штета, Mercedes најави дека нема да има E63 AMG изведба на автомобилот, па изборот би требал да падне на некоја друга марка.
Нова технологија?
Да, и тоа многу. Тука секако би го споменале Pre Safe системот, кој одржува безбедно растојание од автомобилот напред. Го пробавме на дело и можеме да кажеме дека работи брилијантно – треба само да се избере посакуваната брзина и да се врти воланот – кочењето го врши самиот автомобил и тоа многу меко, дури и незабележително. За споменување се и сензорите кои ги следат очите на возачот и кои испуштаат звучен сигнал доколку погледот е надвор од патот или пак ако возачот задреме. Има и многу други интересни системи, најдобро во однос на безбедноста. Подетални за нив ќе пишуваме дополнително, во специјално подготвените прилози за новите технологии на Mercedes.
Како стои со конкуренцијата?
Иако во името му стои буквата Е, овој автомобил е базиран на платформата на C класата, заради тоа што е полесен и поагилен. Главни конкуренти му се BMW 3 Coupe и Audi A5 - и двата поспортски и позабавни за возење, но суштината е дека Mercedes E Coupe не се ни обидува да биде како нив. Бидејќи имавме можност да возиме и BMW M3, со 420 КС, оценка е дека Баварецот е многу побрутален и поспортски, наменет токму за помладите возачи, за тие кои сакаат повеќе забава и победи на сите одмерувања на семафорите.

Mercedes E Coupe е смирен и удобен, со високо ниво на префинетост. Mercedes е изборот на џентлмените...





DALI NEKOJ ZNAE STO CENA E ZVEROV ME INTERESIRA AKO IMATE INFORMACIJA PISETE:helou:
 
Член од
2 јули 2007
Мислења
472
Поени од реакции
27
Незнам дали за овде е прашањето али сепак ке го поставам!!!

Вчера така возејки се низ градот (да напоменам дека температурата 40+)забележав дека стрелката која покажува температура на моторот не мрднува ни милиметар...прашав некој што болје разбира од тие работи и ми вели дека постоела некаква ампула која мерела и која прегорела па затоа не покажувало...(иначе колата Шкода Фелиција 94-95 купена). Сакав да видам дали некој друг има такво искуство и до што мозе да е работата...поз
 

JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Незнам дали за овде е прашањето али сепак ке го поставам!!!

Вчера така возејки се низ градот (да напоменам дека температурата 40+)забележав дека стрелката која покажува температура на моторот не мрднува ни милиметар...прашав некој што болје разбира од тие работи и ми вели дека постоела некаква ампула која мерела и која прегорела па затоа не покажувало...(иначе колата Шкода Фелиција 94-95 купена). Сакав да видам дали некој друг има такво искуство и до што мозе да е работата...поз
Не знам каква е изведбата на Шкодата, но мислам дека би требало да почниш од термо-давачот. Тоа е како штраф и се штрафи во блокот на моторот. Втора опција е да ти е цркнат термометарот, но сепак мислам дека треба да почнеш од она првото... И најбрзо што можеш среди го додека не е предоцна :helou:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Незнам дали за овде е прашањето али сепак ке го поставам!!!

Вчера така возејки се низ градот (да напоменам дека температурата 40+)забележав дека стрелката која покажува температура на моторот не мрднува ни милиметар...прашав некој што болје разбира од тие работи и ми вели дека постоела некаква ампула која мерела и која прегорела па затоа не покажувало...(иначе колата Шкода Фелиција 94-95 купена). Сакав да видам дали некој друг има такво искуство и до што мозе да е работата...поз
Ампулата ќе е...
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Не фати град пред некој ден и хаубата е партал и има неколку дупки на левото и десното крило од колава. Среќа горе имавме багажник па таму нема дупки. Станува збор за Опел Астра Есентиа (2008). Каде да ја носиме да ја средат, препорака? :) Фала.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Осигурувањето нели покрива?
-јас би ја однел во овластениот сервис....
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Незнам, тешко дека покрива Временска непогода. Како и да е, ќе се распрашаме. :)
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Ако е каско осигурано возилото покрива осигурувањето.
Во спротивно - не!
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
а да кажеш дека некој ти ја демолирал,и да покрие осигурувањето?:helou:
-и стај некое сликиче ако си сликал...чудно стаклата да преживеале,а крилото и хаубата не...
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
а да кажеш дека некој ти ја демолирал,и да покрие осигурувањето?:helou:
-и стај некое сликиче ако си сликал...чудно стаклата да преживеале,а крилото и хаубата не...
Ако е каско осигурано возилото покрива осигурувањето.
Во спротивно - не!
Под дупки сигурно мисли на вдлабнатини во лимот, стандардно кога колата ја мава град...така да...сосем е нормално на стаклото ништо да нема...
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Под дупки сигурно мисли на вдлабнатини во лимот, стандардно кога колата ја мава град...така да...сосем е нормално на стаклото ништо да нема...
Да да, на влабнатините мислам. Изгледа е каско осигурана, ќе ги прашам моиве и ќе сликам деновиве.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183
Да да, на влабнатините мислам. Изгледа е каско осигурана, ќе ги прашам моиве и ќе сликам деновиве.
ако е каско,ќе се омрсиш :)...за малце пари се прави вдлабнатина,а ќе ти останат доста пари настрана....BTW има начин како да се крене вдлабнатина....
1.вдлабнатото место се загрева минута со фен.
2.се шприца на местото јаглерод диоксид ваљда(течноста шо ја има во ПП апаратите)
3.се остава да испари течноста
4.како испарува,металот се испарава...
5.се брише местото...
6.не верувате?еве демонстрација http://www.uradi.com/index.php/uradi-sam-svoj-majstor/popravite-ulubljenje-na-limu-automobila-sprejom-za-pet-minuta.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom