Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

C

cige

Гостин
јас минатиот месец патував накај Скопје и на Петровец не фати невреме.
Не се гледаше прс пред око од што беше пороен дождот.
Едно време почна да паѓа град, кога се растропа одозгоре срцево ми играше.
Ама верувате ли дека нема ни точка оштетено од градот, а тоа само да слушавте како чукаше одозгоре.
Ама Тојота си е Тојота:vozbud:
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
И мерцедес имај ваков град како што не фати нас првпат гледам. И не не фати во Македонија.
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Пошто ти е каско осигурана, каското ке ти ја среди. Ти само пријави дека возилото ти е оштетено. А за она што ти напишаа дека ке се офајдиш, не се надевај. Тоа беше возможно додека постоеше АД. Македонија или по старски ДОС, па ке го фатиш проценителот за пријател и ке ти плати 100 евра за штета од 40. Сега сите се приватни, башка сликаат слики потоа проценуваат колкава сума ке ти одобрат за поправање на штетата. На проценителот од тоа му зависи работата, не верувам дека ке ризикува за ти да добиеш 50 евра да ја загуби работата.

А едно прашање... кога почна да врни град, зошто не застанавте? Препорачливо е да застанете, посекако врнежите од град траат неколку минути, а и штетата на возилото е различна ако возиш 50 км/ч и ако стоиш.
 
Член од
6 февруари 2008
Мислења
1.272
Поени од реакции
229
Па кога почна да паѓа застанавме пошто прст пред око не се гледаше после продолживме уште едно 500 метри да се скриеме под еден мост.
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
Ме интересира дали 1.4Duratec 59KW/80KS е солиден мотор за Ford Focus. Знам дека би било далеку подобро да има појак мотор, ама дали е ок за регуларна градска вожња? Да напоменам дека не сум speed freak, само ме интересира дали тој мотор е преслаб за колата.
 
Член од
16 март 2009
Мислења
2.130
Поени од реакции
183

викаат и дека 1.6 100 KS бил слаб за таа кола,па сеа ти рачунај за 80KS како и што оди...ама ако не си спид фрик,и ако не се нервираш што може ќе ти треба полет додека прими и залета убаво колата,зимај го :)Понудата од 11000 со три врати ја разгледуваш?:)
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Ме интересира дали 1.4Duratec 59KW/80KS е солиден мотор за Ford Focus. Знам дека би било далеку подобро да има појак мотор, ама дали е ок за регуларна градска вожња? Да напоменам дека не сум speed freak, само ме интересира дали тој мотор е преслаб за колата.
размисли вака, кога може ваков мотор со слични перформанси да се вградува во Шкода октавија, Голф 4, 5, 6 значи дека моторот не е лош, особено за градска вожња. Е сега + предност е што не си тркач, мада и не е дотолку лош за да во даден ситуација неможе да те извлече. Сепак правиме муабет за 80 кс. Башка имаш неколку предности како поевтина регистрација, поевтино се продава и тн.
 
Член од
22 јули 2006
Мислења
1.265
Поени од реакции
36
размисли вака, кога може ваков мотор со слични перформанси да се вградува во Шкода октавија, Голф 4, 5, 6 значи дека моторот не е лош, особено за градска вожња. Е сега + предност е што не си тркач, мада и не е дотолку лош за да во даден ситуација неможе да те извлече. Сепак правиме муабет за 80 кс. Башка имаш неколку предности како поевтина регистрација, поевтино се продава и тн.
Фала за одговорот. Испаничив поради неколку теми што ги прочитав на forum.hr. Не сум воопшто поткован со знаење околу автомобили, па подобро е да се распрашам. Ме интересира и каква е ситуацијата со вградување на плин кај фокусот? Pros/cons, цена итн.
Затоа што стварно добра ми се гледа понудава и дадената опрема: http://ford.com.mk/cenovnici/Cenovnik Focus 03 2009 AKCIJA.pdf
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40

Епа брате јас го имам овај мотор Фокусот мој само што кај мене во документите од колата кога ја купив пишува дека има 85КС иначе е многу добар и не е тромав ич има брзина од Гостиварска патарина до Скопска патарина стигам за 20мин и јас мислам дека ако земеш Фоус нема да зажалиш јас го зедов Ноември месец лани и го зедов 13.700 со 5 врати гледам сега истиот паднал на 12.500.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Каде во Скопје најквалитетно поминуваат коли со восок, ама квалитетно и колку пари отприлика би чинело? Не е проблем ако е поскапо. Колата е Honda Accord 2.0i Executive. Дадете некој совет :)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Каде во Скопје најквалитетно поминуваат коли со восок, ама квалитетно и колку пари отприлика би чинело? Не е проблем ако е поскапо. Колата е Honda Accord 2.0i Executive. Дадете некој совет :)
За Скопје незнам, јас тоа сам си го работам...:)
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Сум ја забораил сијаличката у кола и ми се испразнил скроз акумулаторот :nerv:, како да го наполнам сеа најлесно? Ич не се разбирам
Опел Астра 2005
 
Член од
12 јануари 2009
Мислења
721
Поени од реакции
40
Сум ја забораил сијаличката у кола и ми се испразнил скроз акумулаторот :nerv:, како да го наполнам сеа најлесно? Ич не се разбирам
Опел Астра 2005
Со кабли позајми од некој вулканизер и од друга кола запилија твојата и остаја после да поработи 10 мин и готово ја така му го заебав на фокусот
 
JeepMkd

Scratch model builder
Член од
25 јуни 2008
Мислења
1.576
Поени од реакции
468
Со кабли позајми од некој вулканизер и од друга кола запилија твојата и остаја после да поработи 10 мин и готово ја така му го заебав на фокусот
Ова нема да ти брка работа Армин06, најдобро е да го извадиш акумулаторот и да го полниш барем 20-24 часа. Ако немаш полнач, распрашај се, некој сигурно има да ти заврши работа.

Со 10 минути полнење ништо не правиш ако акумулаторот е на нула, а штом си ја оставил цела вечер, сигурно е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom