Најпрво горд си сум на самиот себеси шо пишувам на темава и шо ќе го споделам моето лично искуство.
ПушЕВ 6-7 години активно (кога велам активно значи стандард со секојдневно купување на барем кутија цигари без гребење).
Денес ми е 24 ден откако немам цигара ставено во рака,а камоли во уста. Едноставно пред 3 и кусур недели си станав од сабајле и реков ОД ДЕНЕСКА НЕ ПУШАМ! Во овие 3 недели ме фаќаат кризи да запалам и со кафе и со алкохол и после јадење и во една ситуација на ОГРОМНА нервоза и бес ама во ниту еден момент не паднав во искушение за да запалам и тоа што сам себеси си го ветив да си го порекнам,без разлика колку многу сакав во моментот да запалам цигара и да ја истргам на двапати!
Немав никаква причина да прекинам со цигарите освен можда само една: Ојачување на сопствениот карактер.
Значи не велам дека никогаш во животот повеќе нема да запалам,меѓутоа засега еве точно 24 дена до денес немам запалено и не планирам па ќе видам до кога,а и баш ме интересира која ќе биде причината кога ќе запалам,а после овие денови без цигара ,а исполнети со многу проблеми и ситуации во кои што цигарата тврдам дека ќе ми бидела пропратен дел од цела ситуација јас ете собрав сили да не запалам.
Иначе во врска со моментот кога ми иде да запалам цигара: земам нешто на пример чаша сок или млеко или нешто онака за грицкање (богами и нокти :kesa
или пак едноставно пробувам да заборавам,т.е. да сменам мисла дека ми се пуши цигара.
Сеуште сум во фаза на откажување па се надевам дека добро ќе ми иде и понатаму и слободно ќе се впишам во друштвото на НЕпушачи :smir: