- Член од
- 28 јули 2008
- Мислења
- 10.785
- Поени од реакции
- 3.522
За во петок е најавен протест од здружението на архитекти на РМ под мотото иницијатива "Го сакам ГТЦ."
Оваа иницијатива ги повикува граѓаните на протест за зачувување на карактерот на монументалниот објект и симбол на постземјотресно Скопје. Грандиозен објект и архитектонско чудо во неговото време.
Се вели ГТЦ е нераскинлив дел од идентитетот, наше градско, историско, културно наследство.
Заедничка одговорност на сегашните и идни генерации.
А дали граѓаните решаваат или не, ќе видиме.
Е сега кој ја има моќта да се спротистави на едно вакво лудило кое зема 300 милиони евра и кое за жал наместо да влегува во завршна фаза, се отвораат нови тендери за преобличување на ГТЦ, зградата на Владата итн... Прикаската ја знаете сите да не се повторуваме. Анкетите и гласовите сите ги знаеме да не се повторуваме. И за туристите што се сликале знаеме, а и за оние што не исмеваат знаеме, поточно бројката константно се зголемува, како што веста за СК 2014 одекнува како бомба низ светот. А да одекнува посебно на нетов, во последно време и во Венецуела слушнаа за СК 2014. Па уште и се прашуваат од каде имаат толку пари за ваков проект одговор што и самиот Груевски не го знае.
Зајакот лежи во тоа што овие протести неможат да минат без етикетирање и партиско колективно собирање на багра како денешнава пред општина, па веројатно ништо различно не се очекува и во петок.
Имало собири, имало народ, имало и ефекти добро ги знаете од минатото. Меѓутоа имало и колективно неизлегување на собири и протести... Менталитет во прашање...
Деновиве се изначитав коментари меѓутоа еден ми остана в глава, вели, од вакви спонтани протести за обични глупости започна и Турската револуција. Кој беше ефектот се виде а посебно меѓународниот притисок, се виде на дело.
Е сега се поставува следново прашање дали и какви чекори треба да преземат граѓаните, граѓанските здруженија, невладините огранизациии, или ќе се иде по старото дека ваквите протести набргу ќе бидат обележани и задушени... А дали оваа акција може да стане потик за масовни следни собири и протести е тоа што тука не засега...
И ова што се пишува тука некој го чита, можеби нема да излезе од нечии фиоки, меѓутоа овие иницијативи остануваат дел од македонското општество.

ПЕТОК, 14.06.2013
Западен влез од кај плоштад Македонија
Распоред
10:00-19:00
Собирање потписи (петиција)
18:00
Јавен говор и марш против насилното наметнато барокно архитектонско решение.