Казаки
Атаманот - Army of Christ
- Член од
- 2 септември 2011
- Мислења
- 1.526
- Поени од реакции
- 1.969
Грците еднаш ги масакрираја шипците само за веење знаме...Oфф,Грците сега што ке направеја да им се десеше ова,само може да учиме од нив како се протестира.
Еден загинат навивач и многумина повредени е билансот по судирите меѓу грчките и албанските навивачи, во Грција, откако актуелниот европски фудбалски првак, со пораз стартуваше во квалификациите за Светското првенство во Германија, на гостувањето во Тирана, против Албанија (1-2).
Веднаш по победата над Грција, албанските емигранти во земјата организатор на Летните олимписки игри, излегле по улиците за да ја прослават победата на својата репрезентација. Ова било протолкувано како провокација од страна на домашните навивачи, кои лути поради поразот почнале тепачки со албанските навивачи.
Најголемиот инцидент се случил на грчкиот остров Закинтос, каде еден грчки навивач со нож нападнал тројца Албанци, при што на едниот му нанел смртни убоди, а останатите двајца завршиле во болница. Нереди имало и во грчката престолнина Атина, во Солун и на Крф. Солунската полиција успеала да ги спаси од линч тројцата Албанци кои се возеле со развиорени албански знамиња во еден автомобил. Грците го запреле автомобилот, ги извлекле Албанците и почнале да го кршат возилото. На Крф биле уапсени неколку Албанци, додека на главниот плоштад во Атина, Омонија, полицијата била принудена со шок-бомби да ги растера десетиците Грци и Албанци, кои се подготвувале за меѓусебен "дуел". Пред да реагира полицијата еден Грк и четворица Албанци завршиле во болница по убоди од нож. Тепачки имало и во Пиреа каде домашните навивачи веднаш по првиот гол во Тирана започнале да ги бркаат Албанците, при што во метежот биле повредени неколку лица. Грчките навивачи ваквиот гнев кон Албанците го наведуваат како одмазда, бидејќи албанските навивачи го каменувале автобусот на гостинските навивачи во Тирана, а домашните навивачи ја исвиркувале и грчката химна пред почетокот на мечот.
http://star.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2551&stID=39406
Интересно е да се види... ОДМАЗДА ЗА ПРЕТЕПАНИ ГРЧКИ ДЕЦА ОД СТРАНА НА ПАКИСТАНЦИ... СО МОТОРНИ ПИЛИ ГИ БРКАЈА!!!
Разликата е голема во менталитетот наш и нивен...