Нема ништо полошо од глупак кој сака да покаже колку е паметен.
Темава можеме да ја коментираме денови и денови, но дефинитивно постои причина за однесувањето на луѓето кои го прават ова.
- Како што можеше да се запримети, купувањето на шеќер, брашно, масло, тестенини и друг тип на намирници со долг рок на траење беше "остварено" од повозрасната група на население претежно пензионери или лица со полош економски статус. Додека "точењето" на горива претежно беше од луѓе земјоделци...
Првата причина е војната и тоа не е смешно или причина за навредување, бидејќи сите добро знаеме дека тие лица поготово повозрасната група поминале неколку слични ситуации, и не треба да одиме подалеку доволно е од'90 до '02, и периодот после тоа.
Втора причина е желбата да се заштеди некој денар повеќе, поготово во овие услови на ценовни покачувања, што горе долу сите нас не таргетира без разлика на нашата финансиска состојба.
Трета причина е тоа што луѓето имаат инстикт за преживување кој во комбинација со двете причини погоре, лошите сеќавања од минатото, и очекувањата од иднината носат активација на чувствата за преживување и опстанок.
Е сега бидејќи ние сме сеир нација, заслужуваме се што ни се случува и се што ни се сервира.
Кога би имале влада која ќе излезе со конкретни мерки за ситуацијата, конкретни решенија, не би биле во ваква ситуација.
Кога би имале медиуми кои ќе понудат едукација, точни информации без спинови и манипулации, повторно не би имале ваква ситуација.
Кога би имале народ кој наместо да трга сеир, да посакува да му умре козата на комшијата, да не паметува и омаловажува по кафина, социјални медиуми и тн повторно не би имале ваква ситуација...
Заклучок: Сеир нација, со експертиза во секоја област од медицина, политика, економија и тн ќе биде третирана како стадо овци, а се додека има овци ќе има и волна.