Те молам не мешај баби и жаби, со платите на вработените и слично.
Никој
на сила не те тера да пазаруваш ни во Веро ни во Кам, кај сметаш за тебе дека е најдобро таму. Ама не може ТИ или државата да одлучувате како Веро ќе работи.
Слободно отворете си ваш маркет каков мислите дека е најправедно и многу лесно ќе видиме резултатите. Твоево е комунистичко размислување и ќе е
на наша штета (баш за тебе, мене и остала раја). Да гледаш во туѓиот џеб, да посакуваш помалку да има или да му се одземе тоа што ти или државата сметате дека е му е вишок е спротивно на природните закони и за тоа ќе повторно ќе го кркаме стапот и тоа
квалитетен стап.
Јас од почеток на короната, пазарувам во локалниот колонијал (нормално за производите кои ги нема, мора до Кам/Веро) бидејќи маска не ми бара да носам. Зеленчук секогаш идам од пазар купувам (гледам да е нивно производство) баш за да ги стимулирам и да не зависам од големите маркети дали смеам да влезам или не смеам. Самите сме одговорни.
Проблемот е во неодговорниот, неквалитетен, нефункционален државен систем, а не кај приватниците. Да не го тупам (народ се додека гледа на државата како татко/мајка ќе го кркаме), ама штом мултинационалниве компании ги напуштаат спротивставениве држави, се откажуваат од милијарди капитал, тоа е многу лош знак и за макс. 2-3г ќе биде сериозен хаос, ако нешто во меѓувреме драстично не се смени.
Ја би складирал конзервирана и сува храна т.е. со долг рок на траење, брашно скоро па ич и не би кажувал по пријатели, зашто посилниот ако дознае, ќе ни тропне на портите
Веганите на форумов ме интересира што тие би складирале доколку се решат на таков чекор?