Снукер

Член од
11 април 2012
Мислења
4.289
Поени од реакции
4.694
Јас па чекав Саливен да го скрши рекордот на најмногу 100 од еден играч и реално после првиот ден и со таква игра очекував да го скрши и тој рекорд со оглед дека му фалеа само уште два.(Рекордот е 16 а вчера Саливен уште на крај на првиот ден имаше 15)Али па вториот ден особено во попладневната сесија Саливен играше доста полошо од првиот ден и остана да виси и тој рекорд.Ама после на интервјуто самиот кажа дека не му е до такви рекорди така да ке остане за друг пат :)
Истото и јас го помислив, ама вчера не гледав ни попладневна сесија (јер на работа) ни вечерна (собирав луѓе од аеродром) доаѓам дома гледам резултатот, ајде бе не апдејтувале мислев уште, ама после ни @Dexter26 го пиша рекордот ни на интернет упдејт јасно ми стана дека не го бутнал, малку ме разочара :)
Ама ајде веројатно ќе атакува на 8ма титула па за тогаш го остава (само надеж де)
 
Член од
6 септември 2021
Мислења
228
Поени од реакции
345
Истото и јас го помислив, ама вчера не гледав ни попладневна сесија (јер на работа) ни вечерна (собирав луѓе од аеродром) доаѓам дома гледам резултатот, ајде бе не апдејтувале мислев уште, ама после ни @Dexter26 го пиша рекордот ни на интернет упдејт јасно ми стана дека не го бутнал, малку ме разочара :)
Ама ајде веројатно ќе атакува на 8ма титула па за тогаш го остава (само надеж де)
Мислам дека во 3-4 фрејма бо последните две сесии имаше брејкови од 80+,едноставно не му се даде да направи троцифрен.И мене ми беше криво што не го сруши рекордот.Ако некој најде инфо на нет од тоа што зборуваа во неколку-минутната прегратка нека постира тука.Баш ми дојде чудно што Рони беше во солзи.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Јас па чекав Саливен да го скрши рекордот на најмногу 100 од еден играч и реално после првиот ден и со таква игра очекував да го скрши и тој рекорд со оглед дека му фалеа само уште два.(Рекордот е 16 а вчера Саливен уште на крај на првиот ден имаше 15)Али па вториот ден особено во попладневната сесија Саливен играше доста полошо од првиот ден и остана да виси и тој рекорд.Ама после на интервјуто самиот кажа дека не му е до такви рекорди така да ке остане за друг пат :)

Остана и на 199 троцифрени брејкови на СП.
Следната година ќе го одигра и јубилејниот 200-ти троцифрен на СП.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.650
Поени од реакции
1.538
Мислам дека во 3-4 фрејма бо последните две сесии имаше брејкови од 80+,едноставно не му се даде да направи троцифрен.И мене ми беше криво што не го сруши рекордот.Ако некој најде инфо на нет од тоа што зборуваа во неколку-минутната прегратка нека постира тука.Баш ми дојде чудно што Рони беше во солзи.
Ќе има документарец на Нетфликс, Рони беше озвучен цело време за потребите на документарецот, можеби малку глумеше заради публиката.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Европскиот Мастерс 2022 - сезона 2022/2023
од 18 август 2022 до 21 август 2022
во градската концертна сала во Фирт, Германија

18 август 2022
Прв ден - 16-на финале:

Си Џиахуи 5:3 Ксиао Гуодонг;
Ву Јизе 5:0 Рори МекЛеод;
Али Картер 5:4 Стјуарт Бингам;
Дејвид Грејс 5:0 Џексон Пејџ;
Фарак Аџаиб 5:3 Марко Фу;
Рики Волден 0:5 Јан Бингтао;
Скот Доналдсон 2:5 Рајан Деј;
Џад Трамп 5:3 Ендру Хигинсон;
Стјуарт Карингтон 1:5 Бери Хокинс;
Роберт Милкис 5:4 Жао Ксинтонг;
Џејми Џоунс 5:1 Марк Џојс;
Даниел Велс 5:2 Гери Вилсон;
Крис Вејклин 3:5 Шон Марфи;
Џими Робертсон 2:5 Кајрен Вилсон;
Марк Вилијамс 5:3 Доминик Дејл;
Џек Лисовски 1:5 Жоу Јуелонг;

Утре, петок, 19 август 2022, во осмина финалето на Европскиот Мастерс 2022 - сезона 2022/2023, силите ќе си ги измерат:

Рајан Деј - Ву Јизе;
Али Картер - Дејвид Грејс;
Џад Трамп - Фарак Аџаиб;
Бери Хокинс - Роберт Милкинс;
Даниел Велс - Си Џиахуи;
Шон Марфи - Кајрен Вилсон;
Марк Вилијамс - Жоу Јуелонг;
Јан Бингтао - Џејми Џоунс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Европски Мастерс 2022 - сезона 2022/2023
од 18 август 2022 до 21 август 2022
во градската концертна сала во Фирт, Германија

19 август 2022
Втор ден - Осмина финале:

Рајан Деј 2:5 Ву Јизе;
Али Картер 5:4 Дејвид Грејс;
Џад Трамп 5:4 Фарак Аџаиб;
Бери Хокинс 5:0 Роберт Милкинс;
Даниел Велс 4:5 Си Џиахуи;
Шон Марфи 3:5 Кајрен Вилсон;
Марк Вилијамс 5:0 Жоу Јуелонг;
Јан Бингтао 3:5 Џејми Џоунс;

19 август 2022
Втор ден - Четвртина финале:

Си Џиахуи 2:5 Кајрен Вилсон;
Ву Јизе 3:5 Али Картер;
Џад Трамп 3:5 Бери Хокинс;
Марк Вилијамс 5:1 Џејми Џоунс;

Утре, сабота, 20 август 2022, во полуфиналето на Европскиот Мастерс 2022 - сезона 2022/2023, силите ќе си ги измерат:

Кајрен Вилсон - Али Картер;
Бери Хокинс - Марк Вилијамс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Европски Мастерс 2022 - сезона 2022/2023
од 18 август 2022 до 21 август 2022
во градската концертна сала во Фирт, Германија

20 август 2022
Трет ден - Полуфинале:

Кајрен Вилсон 6:5 Али Картер;
Бери Хокинс 6:2 Марк Вилијамс;

Денес, недела, 21 август 2022, во финалето на Европскиот Мастерс 2022 - сезона 2022/2023, силите ќе си ги измерат:

Кајрен Вилсон - Бери Хокинс.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Како и што на страница број 117, мислење број 1749 од 22.04.2022 кога напишав дека на Марк Селби му треба одмор и пауза од снукерот, тоа и на стартот од новата сезона се покажува како точно.

Селби е елиминиран од испод просечен Кинески играч во рана фаза од Европскиот мастерс.
Пострашно е што беше на моменти и тактички дефанзивно надигран Селби.

О' Саливен има проблем со рака и тениско рамо. Одредени турнири ќе ги прескокнува сезонава.

Ќе биде интересно околу првата позиција на рејтинг листата, Трамп имаше шанса, да се пласираше во финалето на Европскиот мастерс ќе се вратеше на првата позиција на рејтинг листата.
Вака, Трамп ќе чека нови шанси на следните турнири. Игра во променлива форма Трамп, самиот тој даде изјава пред почетокот на СП 2022 дека моментално не ужива во снукерот како некогаш.

Денес би сакал Хоукинс да го освои Европскиот мастерс.
Хоукинс - Вилсон 9 - 6
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Европски Мастерс 2022 - сезона 2022/2023
од 18 август 2022 до 21 август 2022
во градската концертна сала во Фирт, Германија

21 август 2022
Четврт ден - Финале:

Кајрен Вилсон 9:3 Бери Хокинс;

На 30 годишна возраст, Англичанецот Кајрен Вилсон ја освои 5-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Европскиот Мастерс 2022 - сезона 2022/2023 извојува победа над својот 43 годишен сонародник Бери Хокинс со резултат 9:3 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2022/2023 е Британското Отворено Првенство во Снукер 2022, рангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 26 септември 2022 до 2 октомври 2022 во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс.

Во меѓувреме, на 24 септември 2022 и на 25 септември 2022, исто така во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс, за прв пат ќе се одржи Светскиот снукер турнир во мешани парови 2022, нов нерангирачки турнир во снукер, каде што ќе играат машки и женски играчи во мешани парови.

Во првото одржување на Светскиот снукер турнир во мешани парови 2022 предвидено е да играат 4 мешани парови во групна пресметка, по што двата најдобри мешани парови од групната пресметка ќе играат во финалнето на турнирот.

Мешаните парови во првото одржување на Светскиот снукер турнир во мешани парови 2022 се следните:

1. Рони О'Саливен и Риен Еванс;
2. Џад Трамп и Нг Он-је;
3. Марк Селби и Ребека Кена;
4. Нил Робертсон и Нутчарут Вонгхарутаи.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Британско Отворено Првенство во Снукер 2022
од 28 септември 2022 до 2 октомври 2022
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

28 септември 2022
Прв ден - 16-на финале:

Џејми Џоунс 4:1 Чанг Бингју;
Марк Селби 4:2 Чао Јупенг;
Бен Вуластон 4:1 Џек Џоунс;
Граем Дот 4:3 Ксиао Гуодонг;
Лу Нинг 1:4 Џек Лисовски;
Рос Мјур 0:4 Лиу Хаотиан;
Бери Хокинс 3:4 Стивен Халворт;
Антони Хамилтон 4:3 Џо О'Конор;

29 септември 2022
Втор ден - 16-на финале:

Динг Џунхуи 2:4 Роби Вилијамс;
Креиг Стедман 2:4 Метју Стивенс;
Џими Робертсон 1:4 Рајан Деј;
Жао Ксинтонг 1:4 Нопон Саенгкам;
Жао Џианбо 1:4 Јуан СиЏун;
Јан Бингтао 3:4 Џордан Браун;
Гери Вилсон 2:4 Марк Ален;
Ксу Си 0:4 Џад Трамп;

29 септември 2022
Втор ден - Осмина финале:

Марк Селби 4:1 Џек Лисовски;
Џејми Џоунс 4:2 Бен Вуластон;
Роби Вилијамс 4:3 Стивен Халворт;
Лиу Хаотиан 4:1 Метју Стивенс;
Антони Хамилтон 3:4 Јуан СиЏун;
Марк Ален 4:3 Џад Трамп;
Граем Дот 2:4 Рајан Деј;
Нопон Саенгкам 4:0 Џордан Браун;

Денес, петок, 30 септември 2022, во четвртина финалето на Британското Отворено Првенство во Снукер 2022 силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Марк Ален;
Роби Вилијамс - Лиу Хаотиан;
Нопон Саенгкам - Џејми Џоунс;
Рајан Деј - Јуан СиЏун.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Британско Отворено Првенство во Снукер 2022
од 28 септември 2022 до 2 октомври 2022
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

30 септември 2022
Трет ден - Четвртина финале:

Марк Селби 3:5 Марк Ален;
Роби Вилијамс 5:1 Лиу Хаотиан;
Нопон Саенгкам 5:3 Џејми Џоунс;
Рајан Деј 5:4 Јуан СиЏун;

Денес, сабота, 1 октомври 2022, во полуфиналето на Британското Отворено Првенство во Снукер 2022 силите ќе си ги измерат:

Марк Ален - Нопон Саенгкам;
Рајан Деј - Роби Вилијамс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Британско Отворено Првенство во Снукер 2022
од 28 септември 2022 до 2 октомври 2022
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

1 октомври 2022
Четврт ден - полуинале:

Марк Ален 6:1 Нопон Саенгкам;
Рајан Деј 6:5 Роби Вилијамс;

Денес, недела, 2 октомври 2022, во финалето на Британското Отворено Првенство во Снукер 2022 силите ќе си ги измерат:

Марк Ален - Рајан Деј.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Британско Отворено Првенство во Снукер 2022
од 28 септември 2022 до 2 октомври 2022
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

2 октомври 2022
Петти ден - Финале:

Марк Ален 7:10 Рајан Деј;

На 42 годишна возраст Велшанецот Рајан Деј ја освои 4-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Британското Отворено Првенство во Снукер 2022 извојува победа над 36 годишниот Ирец од Северна Ирска Марк Ален со резултат 10:7 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2022/2023 е Хонг Конг Мастерс 2022, нерангирачки турнир во снукер, кој после пауза од 4 години ќе се одржи од 6 октомври 2022 до 9 октомври 2022 во Колосеумот во Хонг Конг.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Хонг Конг Мастерс 2022
од 6 октомври 2022 до 9 октомври 2022
во Колосеумот во Хонг Конг

6 октомври 2022
Прв ден - Четвртина финале:

Марк Селби 2:5 Марко Фу;
Џад Трамп 4:5 Џон Хигинс;

Утре, петок, 7 октомври 2022, треба да се одиграат вторите два меча од четвртина финалето на Хонг Конг Мастерс 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Марк Вилијамс;
Рони О'Саливен - Нг Он Јее.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Хонг Конг Мастерс 2022
од 6 октомври 2022 до 9 октомври 2022
во Колосеумот во Хонг Конг

7 октомври 2022
Втор ден - Четвртина финале:

Нил Робертсон 5:3 Марк Вилијамс;
Рони О'Саливен 5:0 Нг Он Јее;

Утре, сабота, 8 октомври 2022, во полуфиналето на Хонг Конг Мастерс 2022 силите ќе си ги измерат:

Марко Фу - Џон Хигинс;
Рони О'Саливен - Нил Робертсон.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom