Снукер

Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Утре, сабота, 16 април 2022, започнува Светскиот Шампионат во Снукер 2022 - последниот и најголемиот професионален турнир во снукер од сезоната 2021/2022.

Бранител на титулата Светски Шампион во Снукер е 38 годишниот Англичанец Марк Селби, кој извојува победа над својот сонародник Шон Марфи во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2021 со резултат 18:15 .

Во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 се игра до максимални 19 фрејмови, односно во осмина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 10 фрејмови.

Утре, сабота, 16 април 2022, во 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Марк Селби - Џејми Џоунс;
11:00. Жао Ксинтонг - Џејми Кларк;
15:30. Бери Хокинс - Џексон Пејџ;
15:30. Рони О'Саливен - Дејвид Гилберт;
20:00. Шон Марфи - Стифен Мегваер;

Временските термини се според македонска временска зона.

Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

16 април 2022
Прв ден - 16-на финале:

Марк Селби 10:7 Џејми Џоунс;

Утре, недела, 17 април 2022, треба да продолжат и да завршат веќе започнатите мечови од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00. Жао Ксинтонг 7:2 Џејми Кларк;
15:30. Рони О'Саливен 6:3 Дејвид Гилберт;
20:00. Бери Хокинс 3:6 Џексон Пејџ;
20:00. Шон Марфи 3:6 Стифен Мегваер;

Исто така утре, недела, 17 април 2022, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште два меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00. Антони МекГил - Лиам Хајфилд;
15:30. Марк Вилијамс - Мајкл Вајт.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Форумџии како ви изгледа ситуацијата?
Што мислите кој играч ќе го освои Светското првенство оваа сезона?
Дајте свои прогнози, мислења и очекувања.

Јас мислам дека Џон Хигинс може далеку да догура оваа година на Светското првенство.
После 5 изгубени финалиња на турнирите во оваа сезона, може сите тие болни порази да му се вратат на искусниот Џон Хигинс со триумф и титула од турнир кој е шлаг на завршницата од секоја сезона во снукерот.

Предвидувам финале Кајрен Вилсон - Џон Хигинс, и резултат 14-18, победа и титула за Џон Хигинс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

17 април 2022
Втор ден - 16-на финале:

Жао Ксинтонг 10:2 Џејми Кларк;
Рони О'Саливен 10:5 Дејвид Гилберт;
Бери Хокинс 7:10 Џексон Пејџ;
Шон Марфи 8:10 Стифен Мегваер;

Веќе се познати учесниците во првиот меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, каде што силите ќе си ги измерат:

Жао Ксинтонг - Стифен Мегваер;

Денес, понеделник, 18 април 2022, треба да продолжат и да завршат веќе започнатите мечови од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00. Антони МекГил 6:3 Лиам Хајфилд;
15:30. Марк Вилијамс 7:2 Мајкл Вајт;

Исто така денес, понеделник, 18 април 2022, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште три меча од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Марк Ален - Скот Доналдсон;
15:30. Нил Робертсон - Ешли Хјугил;
20:00. Стјуарт Бингам - Лиу Хаотиан.

Форумџии како ви изгледа ситуацијата?
Што мислите кој играч ќе го освои Светското првенство оваа сезона?
Дајте свои прогнози, мислења и очекувања.

Јас мислам дека Џон Хигинс може далеку да догура оваа година на Светското првенство.
После 5 изгубени финалиња на турнирите во оваа сезона, може сите тие болни порази да му се вратат на искусниот Џон Хигинс со триумф и титула од турнир кој е шлаг на завршницата од секоја сезона во снукерот.

Предвидувам финале Кајрен Вилсон - Џон Хигинс, и резултат 14-18, победа и титула за Џон Хигинс.
Премногу оптимистичка прогноза со оглед на непрекинливата серија на порази во финалиња на Џон Хигинс.

За волја на вистината, нема ништо лошо во тоа да се изгуби во финале, ама онакво фијаско како финалето против Нил Робертсон во Турнејата на најуспешни снукер играчи 2022, од водство со 9:4 и на само еден фрејм од победа на крајот да се изгуби со резултат 9:10 е веќе понижувачки пораз.

Најверојатно најдобриот лек за Хигинс би било да земе една до две години одмор од повеќето турнири, а да учествува само на поголемите турнири како Британскиот Шампионат во Снукер, Британскиот Мастерс и Светскиот Шампионат во Снукер, како што направи Рони О'Саливен пред неколку години, за потоа да се врати во топ форма, подобро тоа отколку да реди серија изгубени финалиња, вообичаено тоа се последните настапи на играчи пред пензионирање.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

18 април 2022
Трет ден - 16-на финале:

Антони МекГил 10:7 Лиам Хајфилд;
Марк Ален 10:6 Скот Доналдсон;
Марк Вилијамс 10:3 Мајкл Вајт;

Познати се учесниците во уште два меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

Џексон Пејџ - Марк Вилијамс;
Рони О'Саливен - Марк Ален;

Утре, вторник, 19 април 2022, треба да продолжат и да завршат веќе започнатите мечови од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00. Нил Робертсон 6:3 Ешли Хјугил;
15:30. Стјуарт Бингам 6:3 Лиу Хаотиан;

Исто така утре, вторник, 19 април 2022, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште три мечови од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Јан Бингтао - Крис Вејклин;
15:30. Џон Хигинс - Тепчаја Ан-Нух;
20:00. Џек Лисовски - Метју Стивенс.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

19 април 2022
Четврт ден - 16-на финале:

Нил Робертсон 10:5 Ешли Хјугил;
Стјуарт Бингам 10:5 Лиу Хаотиан;
Јан Бингтао 10:6 Крис Вејклин;

Познати се учесниците во уште еден меч од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, каде што силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Јан Бингтао;

Утре, среда, 20 април 2022, треба да продолжат и да завршат веќе започнатите мечови од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00. Џон Хигинс 4:5 Тепчаја Ан-Нух;
15:30. Џек Лисовски 6:3 Метју Стивенс;

Исто така утре, среда, 20 април 2022, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат останатите 3 мечови од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Кајрен Вилсон - Динг Џунхуи;
15:30. Џад Трамп - Хосеин Вафеи;
20:00. Лука Бресел - Нопон Саенгкам.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

20 април 2022
Петти ден - 16-на финале:

Џон Хигинс 10:7 Тепчаја Ан-Нух;
Џек Лисовски 10:8 Метју Стивенс;
Кајрен Вилсон 10:8 Динг Џунхуи;

Познати се учесниците во уште 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Џек Лисовски;
Стјуарт Бингам - Кајрен Вилсон;

Утре, четврток, 21 април 2022, треба да продолжат и да завршат веќе започнатите мечови од 16-на финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

14:00. Лука Бресел 2:6 Нопон Саенгкам;
20:00. Џад Трамп 6:3 Хосеин Вафеи;

Исто така утре, четврток, 21 април 2022, треба да започнат и првите 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

14:00. Џексон Пејџ - Марк Вилијамс;
20:00. Жао Ксинтонг - Стифен Мегваер;

Во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 се игра до максимални 25 фрејмови, односно во четвртина финалето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

21 април 2022
Шести ден - 16-на финале:

Лука Бресел 5:10 Нопон Саенгкам;
Џад Трамп 10:4 Хосеин Вафеи;

Познати се учесниците во последните 2 меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

Џон Хигинс - Нопон Саенгкам;
Антони МекГил - Џад Трамп;

21 април 2022
Шести ден - Осмина финале:

Нема завршени мечови;

Утре, петок, 22 април 2022, треба да продолжат веќе започнатите мечови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00; 20:00. Џексон Пејџ 1:7 Марк Вилијамс;
15:30. Жао Ксинтонг 3:5 Стифен Мегваер;

Исто така утре, петок, 22 април 2022, покрај продолжувањето и евентуалното завршување на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште два меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Рони О'Саливен - Марк Ален;
15:30. Марк Селби - Јан Бингтао.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Премногу оптимистичка прогноза со оглед на непрекинливата серија на порази во финалиња на Џон Хигинс.

За волја на вистината, нема ништо лошо во тоа да се изгуби во финале, ама онакво фијаско како финалето против Нил Робертсон во Турнејата на најуспешни снукер играчи 2022, од водство со 9:4 и на само еден фрејм од победа на крајот да се изгуби со резултат 9:10 е веќе понижувачки пораз.

Најверојатно најдобриот лек за Хигинс би било да земе една до две години одмор од повеќето турнири, а да учествува само на поголемите турнири како Британскиот Шампионат во Снукер, Британскиот Мастерс и Светскиот Шампионат во Снукер, како што направи Рони О'Саливен пред неколку години, за потоа да се врати во топ форма, подобро тоа отколку да реди серија изгубени финалиња, вообичаено тоа се последните настапи на играчи пред пензионирање.

Грешка е ако земе одмор Џон Хигинс од 1-2 години како што имаш напишано.
Таков одмор да земе би имало логика ако беше Хигинс во возраст во која сега се наоѓа Марк Селби 0д 37-38 години. Хигинс ако земе долг одмор од снукер баш тоа е рецепт и пат кон брзо пензионирање.
Баш Рони О' Саливен во претходна сезона 2020/2021 изгуби во сите 5 финалиња во кои играше, па освои само 1 титула оваа сезона со победа во финалето Светското Гран При, после резултатска негатива од Нил Робертсон во финалето на тој турнир.

Ама Рони О' Саливен после тие 5 изгубени финалиња во 2020/2021 сезона, тој гледаш дека оваа сезона играше на скоро сите турнири. И благодарение на учеството во тие 5 изгубени финалиња и тие порази, сепак е моментално на 1 место на рејтинг листата, достигнување вредно за почит со оглед на возраста. Губеше финалиња но собираше поени, нешто што оваа сезона го прави и Џон Хигинс.

Баш токму Марк Селби е играчот кој треба да земе одмор од снукерот и да игра во следната 2022/2023 сезона само на поголемите турнири.
Лично сметам дека Марк Селби ќе испадне од турниров сега во 2 рунда од Кинезот Јан Бингтао.
Инаку ако Селби испадне најдоцна во 2 рунда на Светското, а доколку некој од Џон Хигинс или Кајрен Вилсон ја освои титулата, тогаш Хигинс и Вилсон можат дури да бидат на 1 место на рејтинг листата после завршено Светско првенство на крај од сезоната. Секако за ова сценарио ќе треба и Рони О' Саливен да не стигне до финалето.

Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

22 април 2022
Седми ден - Осмина финале:

Џексон Пејџ 3:13 Марк Вилијамс;

Утре, сабота, 23 април 2022, треба да продолжат и да завршат веќе започнатите мечови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00; 20:00. Марк Селби 4:4 Јан Бингтао;
11:00. Жао Ксинтонг 5:11 Стифен Мегваер;
15:30. Рони О'Саливен 12:4 Марк Ален;

Исто така утре, сабота, 23 април 2022, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште два меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

15:30. Антони МекГил - Џад Трамп;
20:00. Нил Робертсон - Џек Лисовски.

Рони О'Саливен се повлече од повеќето - ако не од сите - професионални турнири во снукер од сезоната 2012/2013, секако со исклучок на Светскиот Шампионат во Снукер 2013, каде што успешно ја одбрани титулата, освојувајќи ја втора година по ред и по 5-ти пат во својата професионална снукер кариера, и веќе наредната сезона 2013/2014 имаше одлични резултати - ги освои Британскиот Мастерс 2014, Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2014, а стигна и до финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014.

О'Саливен е генерација со Џон Хигинс и Марк Вилијамс, кој исто така имаше не баш успешен период од 2011 година кога последен пат освои рангирачки турнир во снукер - Германскиот Мастерс 2011 - до сезоната 2017/2018 во која ги освои Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2017, Германскиот Мастерс 2018, и се разбира Светскиот Шампионат во Снукер 2018.

Инаку да, О'Саливен беше токму на истата 37 годишна возраст на која е Марк Селби денес, со разликата што Селби има слаби резултати само оваа сезона 2021/2022, додека минатата сезона 2020/2021 имаше одлични резултати, не верувам дека му е време за одмор.

Јас лично го сметам Џон Хигинс за најдобар снукер играч на денешницата, подобар дури и од О'Саливен во некои погледи, па дури и самиот О'Саливен најмногу пофални зборови има токму за Хигинс.

Но резултатите говорат за самите себеси, ете не мора да одмара цела сезона како што направи О'Саливен, но сепак му треба одмор за да се врати во топ форма, еве денес О'Саливен и Вилијамс играа агресивно како во своите најдобри денови, несомнено добриот одмор имал позитивно влијание врз нив.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

23 април 2022
Осми ден - Осмина финале:

Жао Ксинтонг 9:13 Стифен Мегваер;
Рони О'Саливен 13:4 Марк Ален;
Марк Селби 10:13 Јан Бингтао;

Веќе се познати учесниците во првите два меча од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

Стифен Мегваер - Рони О'Саливен;
Марк Вилијамс - Јан Бингтао;

Денес, недела, 24 април 2022, треба да продолжат веќе започнатите мечови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

15:30. Антони МекГил 4:4 Џад Трамп;
15:30. Нил Робертсон 4:4 Џек Лисовски;

Исто така денес, недела, 24 април 2022, покрај продолжувањето и евентуалното завршување на веќе започнатите мечови, треба да започнат и последните два меча од осмина финалето на Светскиот шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Стјуарт Бингам - Кајрен Вилсон;
11:00; 20:00. Џон Хигинс - Нопон Саенгкам.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

22 април 2022
Седми ден - Осмина финале:

Џексон Пејџ 3:13 Марк Вилијамс;

Утре, сабота, 23 април 2022, треба да продолжат и да завршат веќе започнатите мечови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00; 20:00. Марк Селби 4:4 Јан Бингтао;
11:00. Жао Ксинтонг 5:11 Стифен Мегваер;
15:30. Рони О'Саливен 12:4 Марк Ален;

Исто така утре, сабота, 23 април 2022, покрај продолжувањето и завршувањето на веќе започнатите мечови, треба да започнат уште два меча од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, во кои силите ќе си ги измерат:

15:30. Антони МекГил - Џад Трамп;
20:00. Нил Робертсон - Џек Лисовски.

Рони О'Саливен се повлече од повеќето - ако не од сите - професионални турнири во снукер од сезоната 2012/2013, секако со исклучок на Светскиот Шампионат во Снукер 2013, каде што успешно ја одбрани титулата, освојувајќи ја втора година по ред и по 5-ти пат во својата професионална снукер кариера, и веќе наредната сезона 2013/2014 имаше одлични резултати - ги освои Британскиот Мастерс 2014, Велшкото Отворено Првенство во Снукер 2014, а стигна и до финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2014.

О'Саливен е генерација со Џон Хигинс и Марк Вилијамс, кој исто така имаше не баш успешен период од 2011 година кога последен пат освои рангирачки турнир во снукер - Германскиот Мастерс 2011 - до сезоната 2017/2018 во која ги освои Северноирското Отворено Првенство во Снукер 2017, Германскиот Мастерс 2018, и се разбира Светскиот Шампионат во Снукер 2018.

Инаку да, О'Саливен беше токму на истата 37 годишна возраст на која е Марк Селби денес, со разликата што Селби има слаби резултати само оваа сезона 2021/2022, додека минатата сезона 2020/2021 имаше одлични резултати, не верувам дека му е време за одмор.

Јас лично го сметам Џон Хигинс за најдобар снукер играч на денешницата, подобар дури и од О'Саливен во некои погледи, па дури и самиот О'Саливен најмногу пофални зборови има токму за Хигинс.

Но резултатите говорат за самите себеси, ете не мора да одмара цела сезона како што направи О'Саливен, но сепак му треба одмор за да се врати во топ форма, еве денес О'Саливен и Вилијамс играа агресивно како во своите најдобри денови, несомнено добриот одмор имал позитивно влијание врз нив.

Јас останувам на моето мислење дека му е потребен одмор на Марк Селби.
Селби беше тактички надигран од Кинезот Јан Бингтао. Едноставно беше убиен во поим во тактичко надмудрување, нешто по кое е Селби препознатлив. Во првата сесија Бингтао со никаква игра имаше 4-4 и тоа Селби едвај избори 4-4, а беше евидентно дека Кинезот нема толку слабо да игра во следните 2 сесии.
Селби се мачи и себеси а и публиката некое време наназад.

Инаку пред 1 месец на интернет страницата на Британскиот Еуроспорт, Џад Трамп имаше дадено изјава во која Трамп спомена дека размислува да направи пауза во следната сезона 2020/2023, имал во план да одмори, и во следната сезона размислува голем број на турнири да ги пропушти.

Трамп во изјавата кажа дека моментално не ужива во играњето снукер како во претходните сезони кога доминираше, и дека едвај чека да заврши Светското првенство, и дека оди на Светсково првенство со никакви очекувања.

Стар е Хигинс да направи толкава пауза од снукерот, ако направи долга пауза тоа е знак дека е за пензија.

Еве линк и информации кој може да заврши на 1 место на рејтинг листата после завршување на сезоната.

Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

24 април 2022
Деветти ден - Осмина финале:

Нема завршени мечови;

Утре, понеделник, 25 април 2022, треба да продолжат и да завршат останатите 4 мечови од осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

14:00. Стјуарт Бингам 8:8 Кајрен Вилсон;
14:00. Џон Хигинс 11:5 Нопон Саенгкам;
20:00. Антони МекГил 6:10 Џад Трамп;
20:00. Нил Робертсон 7:9 Џек Лисовски.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

25 април 2022
Десетти ден - Осмина финале:

Стјуарт Бингам 13:9 Кајрен Вилсон;
Џон Хигинс 13:7 Нопон Саенгкам;
Антони МекГил 11:13 Џад Трамп;
Нил Робертсон 12:13 Џек Лисовски;

Утре, вторник, 26 април 2022, во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022 силите ќе си ги измерат:

11:00; 20:00. Марк Вилијамс - Јан Бингтао;
11:00; 20:00. Стифен Мегваер - Рони О'Саливен;
15:30. Стјуарт Бингам - Џад Трамп;
15:30. Џон Хигинс - Џек Лисовски;

Во четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, исто како и во осмина финалето, се игра до максимални 25 фрејмови, односно во полуфиналето ќе продолжат играчите кои први ќе освојат 13 фрејмови.

Денес, понеделник, 25 април 2022, 40 годишниот Австралиец Нил Робертсон го оствари 5-от максимален брејк од 147 поени во својата професионална снукер кариера, во осмина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022, каде што изгуби во последен одлучувачки 25-ти фрејм од 30 годишниот Англичанец Џек Лисовски со резултат 12:13 .

Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.506
Поени од реакции
11.570
Светски Шампионат во Снукер 2022
од 16 април 2022 до 2 мај 2022
во англискиот театар Крусибл во Шефилд

26 април 2022
Единаесетти ден - Четвртина финале:

Нема завршени мечови;

Утре, среда, 27 април 2022, треба да продолжат и да завршат мечовите од четвртина финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2022:

11:00; 20:00. Стјуарт Бингам 3:5 Џад Трамп;
11:00. Стифен Мегваер 5:11 Рони О'Саливен;
15:30. Марк Вилијамс 8:8 Јан Бингтао;
15:30; 20:00. Џон Хигинс 5:3 Џек Лисовски.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom