- Член од
- 22 јули 2011
- Мислења
- 1.010
- Поени од реакции
- 1.129
Ќе има промени во формат на отвореното првенство на Обединетото Кралство, отсега 16 најдобро рангирани играчи автоматски ќе имаат загарантиран пласман во главната фаза од вкупно 32 играчи, а 128 играчи ќе играат квалификации за преостанатите 16 места од главната рунда на првенството.
Со ова, УК шампионатот станува копија на Светското првенство.
Штета, мене повеќе ми се допаѓаше овој стариот формат со 128 играчи во главната фаза од првенството и каде беа потребни 7 натпревари да се добијат за освојување на титулата.
Комерцијализацијата во снукерот веројатно беше причина за оваа промена во форматот, имаше играчи како Рони О' Саливен, Шон Марфи, Марк Селби..... кои притискаа за промени во турнирите.