Снукер

LastPage

Peter Crouch legs
Член од
3 ноември 2021
Мислења
71
Поени од реакции
141
Абе како се рангираат снукерашиве на светската листа ? Како иде бодувањето, колку бодови добива секој со секој освоен турнир или место на турнирот?

И ме занимаше како се пробиваш низ светов на снукеров.. Кои се тие бегинер почетнички турнири кои мораш ги играш кога си почетник (и се пробиваш уз пут) ?
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.290
Поени од реакции
4.695

Па мислам дека прашањето ти е повеќе за САСМ (снукер асоцијација на северна Македонија) одколку за кајгана форум ама добро :)
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.510
Поени од реакции
11.573
Англиско Отворено Првенсто во Снукер 2021
од 3 ноември 2021 до 7 ноември 2021
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс;

3 ноември 2021
Прв ден - 16-на финале:

Антони МекГил 0:4 Рос Мјур;
Том Форд 3:4 Марк Кинг;
Марк Дејвис 4:1 Фергал О'Брајан;
Акани Сонгсермсавад 2:4 Нил Робертсон;
Џад Трамп 4:1 Стивен Халворт;
Жао Ксинтонг 3:4 Пол Девил;
Кајрен Вилсон 4:3 Бен Вуластон;
Бери Хокинс 1:4 Роби Вилијамс;

Денес, четврток, 4 ноември 2021, треба да се одиграат останатите 8 мечови од 16-на финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Џејми Кларк - Тепчаја Ан-Нух;
Ли Ханг - Лука Бресел;
Фрејзер Патрик - Шон Марфи;
Крис Вејклин - Марк Селби;
Рони О'Саливен - Антони Хамилтон;
Џон Хигинс - Лу Нинг;
Динг Џунхуи - Мартин Гоулд;
Дејвид Гилберт - Јан Бингтао;

Исто така денес, четврток, 4 ноември 2021, треба да се одиграат и првите 4 мечови од осмина финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Рос Мјур;
Марк Кинг - Пол Девил;
Кајрен Вилсон - Роби Вилијамс;
Марк Дејвис - Нил Робертсон.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Синоќе ги гледав Робертсон-Акани... Една од полошите партии. Како кога гледаш глуп филм и до крај се надеваш дека мора нешто да се деси не е нормално до толку да е тапа...
Двајцата спори, досадни. Робертсон тотално дефокусиран.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.510
Поени од реакции
11.573
Англиско Отворено Првенсто во Снукер 2021
од 3 ноември 2021 до 7 ноември 2021
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

4 ноември 2021
Втор ден - 16-на финале:

Џејми Кларк 4:1 Тепчаја Ан-Нух;
Ли Ханг 1:4 Лука Бресел;
Фрејзер Патрик 4:2 Шон Марфи;
Крис Вејклин 1:4 Марк Селби;
Рони О'Саливен 4:3 Антони Хамилтон;
Џон Хигинс 4:3 Лу Нинг;
Динг Џунхуи 4:0 Мартин Гоулд;
Дејвид Гилберт 2:4 Јан Бингтао;

4 ноември 2021
Втор ден - Осмина финале:

Џад Трамп 4:1 Рос Мјур;
Марк Кинг 4:0 Пол Девил;
Кајрен Вилсон 4:1 Роби Вилијамс;
Марк Дејвис 3:4 Нил Робертсон;
Рони О'Саливен 4:0 Џејми Кларк;
Лука Бресел 4:2 Фрејзер Патрик;
Џон Хигинс 4:1 Динг Џунхуи;
Јан Бингтао 4:3 Марк Селби;

Денес, петок, 5 ноември 2021, во четвртина финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:

Џад Трамп - Марк Кинг;
Рони О'Саливен - Лука Бресел;
Кајрен Вилсон - Нил Робертсон;
Џон Хигинс - Јан Бингтао.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Јан Бингтао 4:3 Марк Селби;
Значи овие коментаториве каков малер им носат на играчите... Отру неколку меча колку е Селби во фантастична форма месецов и како е незапирлив...
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.510
Поени од реакции
11.573
Англиско Отворено Првенство во Снукер 2021
од 3 ноември 2021 до 7 ноември 2021
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

5 ноември 2021
Трет ден - Четвртина финале:

Џад Трамп 3:5 Марк Кинг;
Рони О'Саливен 5:1 Лука Бресел;
Кајрен Вилсон 4:5 Нил Робертсон;
Џон Хигинс 5:3 Јан Бингтао;

Денес, сабота, 6 ноември 2021, во полуфиналето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Џон Хигинс;
Марк Кинг - Нил Робертсон;

Долго време немало игранка помеѓу Рони О'Саливен и Џон Хигинс, мора да се навие аларм за 14:00 часот, за да не се пропушти.

Значи овие коментаториве каков малер им носат на играчите... Отру неколку меча колку е Селби во фантастична форма месецов и како е незапирлив...
Претпоставувам дека говориш за британските коментатори, но доколку говориш за српските коментатори, повторно исто како да говориш за британските, бидејќи отприлика над 80% од коментарите на српските коментатори во директниот пренос ги преведуваат од британските.

Вистинска штета е што Предраг Вукановиќ го нема повеќе во ЕуроСпорт, тој беше исклучок, одличен коментатор, да ужива човек да го слуша.
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Вистинска штета е што Предраг Вукановиќ го нема повеќе во ЕуроСпорт, тој беше исклучок, одличен коментатор, да ужива човек да го слуша.
Ептен си во право. Српслите ма ЕуроСпорт ги гледам. Што му се деси на Трамп? Не му беше денот?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.510
Поени од реакции
11.573
Англиско Отворено Првенство во Снукер 2021
од 3 ноември 2021 до 7 ноември 2021
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

6 ноември 2021
Четврт ден - Полуфинале:

Рони О'Саливен 5:6 Џон Хигинс;
Марк Кинг 4:6 Нил Робертсон;

Полуфиналниот меч помеѓу Рони О'Саливен и Џон Хигинс имаше само две маани:

1. Не беше финале, туку полуфинале;
2. Не беше Светски Шампионат во Снукер, туку Англиско Отворено Првенство во Снукер;

Вистинска класика, О'Саливен цело време води, Хигинс израмнува и во свој стил на крајот победува во последен одлучувачки 11-ти фрејм.

Да беше ова финале на Светски Шампионат во Снукер помеѓу О'Саливен и Хигинс, ќе беа прекрасни два дена исполнети со неизвесност и адреналин.

Денес, недела, 7 ноември 2021, во финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:

Џон Хигинс - Нил Робертсон;

Ептен си во право. Српслите ма ЕуроСпорт ги гледам. Што му се деси на Трамп? Не му беше денот?
Џад Трамп си имаше одлична сезона со најмногу освоени рангирачки турнири и од минатава пролет 2021 па наваму отворено и јавно се фали дека е најдобриот играч на денешницата, па дури подобар и од Рони О'Саливен - да, навистина го има изјавено ова.

Млад е дечкото, славата му удира во главата, ќе му помине.

Многу ме потсетува на Нил Робертсон после неговата победа во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2010, тоа беше највисокиот врв во неговата кариера кој го достигна тогаш, по што му следуваше не баш многу успешна деценија, се врати во форма дури во 2019 година, мислам дека пресвртницата кон подобро му беше победата во финалето на турнирот Шампион на шампионите 2019, каде што извојува победа во последен одлучувачки 19-ти фрејм токму против Трамп, од тогаш па наваму дефинитивно подобро игра и има многу подобри резултати.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.510
Поени од реакции
11.573
Англиско Отворено Првенство во Снукер 2021
од 3 ноември 2021 до 7 ноември 2021
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс

7 ноември 2021
Петти ден - Финале:

Џон Хигинс 8:9 Нил Робертсон;

На 39 годишна возраст, Австралиецот Нил Робертсон ја освои 21-та рангирачка титула во својата професионална снукер кариера, откако во финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2021 извојува победа над 46 годишниот Шкотланѓанец Џон Хигинс во последен одлучувачки 17-ти фрејм со резултат 9:8 .

Нареден професионален турнир во снукер од сезоната 2021/2022 е турнирот Шампион на шампионите 2021, нерангирачки турнир во снукер, кој ќе се одржи од 15 ноември 2021 до 21 ноември 2021 во англискиот Универзитетски Стадион во Болтон.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.510
Поени од реакции
11.573
Шампион на шампионите 2021
од 15 ноември 2021 до 21 ноември 2021
во англискиот Универзитетски Стадион во Болтон

15 ноември 2021
Прв ден - Осмина финале:

Џад Трамп 4:1 Дејвид Лили;
Стифен Мегваер 2:4 Рајан Деј;

15 ноември 2021
Прв ден - Четвртина финале:

Џад Трамп 6:0 Рајан Деј;

Утре, вторник, 16 ноември 2021, треба да се одиграат вторите 2 меча од осмина финалето на турнирот Шампион на шампионите 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Нил Робертсон - Марк Вилијамс;
Кајрен Вилсон - Џордан Браун.
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
1.010
Поени од реакции
1.129
Спорт клуб се ѓубриња.
Овој турнир Шампион на шампионите го пренесуваат и цел турнир ќе го пренесуваат на Спорт клуб ХД каналот, а тоа е канал кој многумуна го немаат кај нас, исто и во Хрватска го немаат многумина.
Станува збор за канал кој сите го имаат во Србија но не и во останатите републики на екс Југославија.

За вечерната сесија од денеска, на СК ХД ќе даваат кошарка и дури околу 22:15 ќе се вклучат во пренос од снукер на СК ХД каналот, и вечер снукер од 20:00 ќе има дури на СК 10 каналот.

Стварно се расипани во Спорт клуб, знаат добро дека надвор од Србија добар дел од операторите и луѓето имаат каналите од СК 1- СК 6 и оние СК голф, СК за виртуелни игри, и намерно знаат одредени содржини да ги ставаат на СК ХД или последните 8,9 и 10 СК канали.
Еве вечер фудбалски интересен натпревар од квалификациите за Светското меѓу Велс и Белгија ќе го пуштаат на СК 8 каналот.

Ако имате линкови за интернет преноси ве молам споделете.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.510
Поени од реакции
11.573
Шампион на шампионите 2021
од 15 ноември 2021 до 21 ноември 2021
во англискиот Универзитетски Стадион во Болтон

16 ноември 2021
Втор ден - Осмина финале:

Нил Робертсон 4:2 Марк Вилијамс;
Кајрен Вилсон 4:2 Џордан Браун;

16 ноември 2021
Втор ден - Четвртина финале:

Нил Робертсон 4:6 Кајрен Вилсон;

Утре, среда, 17 ноември 2021, треба да се одиграат 5-от и 6-от меч од осмина финалето на турнирот Шампион на шампионите 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Марк Селби - Дејвид Гилберт;
Шон Марфи - Јан Бингтао.

Спорт клуб се ѓубриња.
Овој турнир Шампион на шампионите го пренесуваат и цел турнир ќе го пренесуваат на Спорт клуб ХД каналот, а тоа е канал кој многумуна го немаат кај нас, исто и во Хрватска го немаат многумина.
Станува збор за канал кој сите го имаат во Србија но не и во останатите републики на екс Југославија.

За вечерната сесија од денеска, на СК ХД ќе даваат кошарка и дури околу 22:15 ќе се вклучат во пренос од снукер на СК ХД каналот, и вечер снукер од 20:00 ќе има дури на СК 10 каналот.

Стварно се расипани во Спорт клуб, знаат добро дека надвор од Србија добар дел од операторите и луѓето имаат каналите од СК 1- СК 6 и оние СК голф, СК за виртуелни игри, и намерно знаат одредени содржини да ги ставаат на СК ХД или последните 8,9 и 10 СК канали.
Еве вечер фудбалски интересен натпревар од квалификациите за Светското меѓу Велс и Белгија ќе го пуштаат на СК 8 каналот.

Ако имате линкови за интернет преноси ве молам споделете.
Српскиот ЕуроСпорт е бетер, ги емитуваат повеќето рангирачки и нерангирачки турнири во снукер, а сепак не ги емитуваат сите директни преноси додека мечовите сеуште траат. Додека се игра осмина финале или четвртина финале во некој поголем турнир помеѓу некои познати играчи, српскиот ЕуроСпорт емитува реприза од скијачки скокови и слични глупости.

Човек мора да бара линкови на Интернет од британскиот ЕуроСпорт каде што сите мечови ги емитуваат во директен пренос, а додека трае паузата наместо реклами и слични глупости, ги даваат гостите во студиото како дискутираат за текот на мечовите и турнирот.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.510
Поени од реакции
11.573
Шампион на шампионите 2021
од 15 ноември 2021 до 21 ноември 2021
во англискиот Универзитетски Стадион во Болтон

17 ноември 2021
Трет ден - Осмина финале:

Марк Селби 4:3 Дејвид Гилберт;
Шон Марфи 1:4 Јан Бингтао;

17 ноември 2021
Трет ден - Четвртина финале:

Марк Селби 3:6 Јан Бингтао;

Утре, четврток, 18 ноември 2021, треба да се одиграат последните два меча од осмина финалето на турнирот Шампион на шампионите 2021, во кои силите ќе си ги измерат:

Рони О'Саливен - Стјуарт Бингам;
Џон Хигинс - Динг Џунхуи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom