Англиско Отворено Првенство во Снукер 2021
од 3 ноември 2021 до 7 ноември 2021
во англиската Маршал Арена во Милтон Кинс
6 ноември 2021
Четврт ден - Полуфинале:
Рони О'Саливен 5:6 Џон Хигинс;
Марк Кинг 4:6 Нил Робертсон;
Полуфиналниот меч помеѓу Рони О'Саливен и Џон Хигинс имаше само две маани:
1. Не беше финале, туку полуфинале;
2. Не беше Светски Шампионат во Снукер, туку Англиско Отворено Првенство во Снукер;
Вистинска класика, О'Саливен цело време води, Хигинс израмнува и во свој стил на крајот победува во последен одлучувачки 11-ти фрејм.
Да беше ова финале на Светски Шампионат во Снукер помеѓу О'Саливен и Хигинс, ќе беа прекрасни два дена исполнети со неизвесност и адреналин.
Денес, недела, 7 ноември 2021, во финалето на Англиското Отворено Првенство во Снукер 2021 силите ќе си ги измерат:
Џон Хигинс - Нил Робертсон;
Ептен си во право. Српслите ма ЕуроСпорт ги гледам. Што му се деси на Трамп? Не му беше денот?
Џад Трамп си имаше одлична сезона со најмногу освоени рангирачки турнири и од минатава пролет 2021 па наваму отворено и јавно се фали дека е најдобриот играч на денешницата, па дури подобар и од Рони О'Саливен - да, навистина го има изјавено ова.
Млад е дечкото, славата му удира во главата, ќе му помине.
Многу ме потсетува на Нил Робертсон после неговата победа во финалето на Светскиот Шампионат во Снукер 2010, тоа беше највисокиот врв во неговата кариера кој го достигна тогаш, по што му следуваше не баш многу успешна деценија, се врати во форма дури во 2019 година, мислам дека пресвртницата кон подобро му беше победата во финалето на турнирот Шампион на шампионите 2019, каде што извојува победа во последен одлучувачки 19-ти фрејм токму против Трамп, од тогаш па наваму дефинитивно подобро игра и има многу подобри резултати.